Отвори нов блог

почни од тука, отвори нов блог

Ја разгледувате архивата Кактус/Сукулент на денот.

Зебра

мај 7, 2010    V

Haworthia attenuata (Хавортија атенуата) е сукулент кој пради тоа што зелените листови му се прошарани со бели линии, меѓу народот е познат како Зебра растение. Многу е сличен со Haworthia fasciata, кој беше Сукулент на денот 255/08 и кој исто така во народот е познат како Зебра растение. Од многуте фотографии кои досега ги видов, мене ми изгледаат речиси идентични и не можам да истакнам некоја посебна разлика (освен можеби со резерва кажано, дека кај Haworthia attenuata белите линии се поизразени). Некаде овие два сукуленти може да се сретнат и како синоними еден на друг.

Сукулент на денот 127/10 е…

Haworthia attenuata

Photobucket

Фамилија: Asphodelaceae
Род: Haworthia
Вид: H. аttenuata
Народнo имe: Zebra plant
Синоними: Haworthia attenuata var. attenuata, Haworthia attenuata var. deltoidea, Haworthia attenuata var. linearis, Apicra attenuata, Aloe clariperla
Потекло: Јужна Африка
Боја на цветот: Бело зеленкасата
Сезона на цветање: Крај на зима до почеток на пролет
Висина: до 15 cm
Дијаметар: до 7-15 cm

Photobucket

Одгледување
Оваа Зебра е многу едноставна за одгледување. Бара редовно полевање, со напомена дека не треба да се полева повторно додека супстратот не се исуши. Во зима не е активна и бара многу малку вода. Ако во тој период се чува во ладна просторија може и воопшто да не се полева. Минимална температура на која може да се чува е 5 °C, но во во пократок временски интервал може да толерира и температури и до -5 °C. Се одгледува на места во блага сенка. Изложеност на директно сонце (особено во лето околу пладне) доведува до промена на бојата на листовите од зелена во црвено/кафеава боја.

Размножување:
Со семе и израстоци.

Photobucket

Надворешен линк: Овде

Во продолжение и неколку други сорти на овој сукулент…


Haworthia attenuata
‘Wide Zebra’

Photobucket

Фамилија: Asphodelaceae
Род: Haworthia
Вид: H. attenuata ‘ Wide Zebra’
Народнo имe: Wide Zebra plant
Синоними: Aloe attenuata, Aloe radula, Haworthia fasciata var. caespitosa, Haworthia pumila ssp. attenuata, Apicra attenuata
Боја на цветот: Бело зеленкасата
Сезона на цветање: Крај на зима до почеток на пролет
Висина: до 10-15 cm
Дијаметар: до 12 cm


Haworthia attenuata
var. radula

Photobucket

Фамилија: Asphodelaceae
Род: Haworthia
Вид: H. attenuata var. radula
Синоними: Haworthia pumila subsp. radula, Aloe radula, Haworthia radula var. pluriperlata, Apicra radula
Боја на цветот: Бело зеленкасата
Сезона на цветање: Крај на пролет, почеток на лето
Висина: до 15 cm
Дијаметар: до 7-15 cm


Haworthia attenuata
var. variegata

Photobucket

Фамилија: Asphodelaceae
Род: Haworthia
Вид: H. attenuata var. variegata
Боја на цветот: Бело зеленкасата
Сезона на цветање: Средина на лето
Висина: до 15 cm
Дијаметар: до 7-15 cm

Како изгледа една Јужноафриканска пирамида може да видите овде.

Јужноафриканска пирамида

април 27, 2010    V

Кога ќе се спомнат пирамиди, најчесто се помислува на пирамидите во Египет. Освен овие, една малку поинаква пирамида може да се сретне и во Јужна Африка. Таа сукулентна пирамида е Crassula pyramidalis (Красула пирамидалис).

Сукулент на денот 117/10 е…

Crassula pyramidalis

Photobucket

…која беше и Сукулент на денот 262/08.

Фамилија: Crassulaceae
Род: Crassula
Вид: C. pyramidalis
Народнo имe: Pagoda Mini Jade
Потекло: Јужна Африка
Боја на цветот: Бела
Сезона на цветање: Средина на пролет до лето (за жал билките умираат после цветањето)
Висина: до 10-25 cm
Дијаметар: до 20-50 cm

Photobucket

Одгледување
Овој сукулент генерално се одгледува во блага сенка, но може да се одгледува и на места изложени на директно сонце, во супстрат кој има добра дренажа. Во периодот кога расте се полева редовно, но со умерени количини на вода. Помеѓу две полевања препорачливо е супстратот да се остави да се исуши. Во зима се полева само повремено.

Размножување:
Со семе и режење на гранки.

Photobucket

Надворешен линк: Овде

Овде е патот до Дрво на парите кое има магична моќ да ги привлече парите.

Фамилија: Crassulaceae
Род: Crassula
Вид: C. Ovata
Народнo имe: Jade Plant, Jade Tree, Money Plant, Money Tree, Dollar Plant, Dollar Tree
Синоними: Crassula argentea, Crassula portulacea, Crassula obliqua
Потекло: Јужна Африка (Источен ‘рт)
Боја на цветот: Розева
Сезона на цветање: Средина на зима
Висина: до 1,2-1,8 m
Дијаметар: до 60-90 cm

Дрво на парите

април 22, 2010    V

Crassula ovata (Красула овата) е сукулент кој е познат како Долар дрво, поради неговите меснати и заоблени листови кои потсетуваат на некогашните кованици од еден долар. Познат е и како Дрво на парите, поради верувањето дека има магична моќ да ги привлече парите.

Сукулент на денот 112/10 е…

Crassula ovata

Photobucket

…кој беше и Сукулент на денот 247/08.

Фамилија: Crassulaceae
Род: Crassula
Вид: C. ovata
Народнo имe: Jade Plant, Jade Tree, Money Plant, Money Tree, Dollar Plant, Dollar Tree
Синоними: Crassula argentea, Crassula portulacea, Crassula obliqua
Потекло: Јужна Африка (Источен ‘рт)
Боја на цветот: Розева
Сезона на цветање: Средина на зима
Висина: до 1,2-1,8 m
Дијаметар: до 60-90 cm

Photobucket

Одгледување
Се одгледува на директно сонце или во блага сенка, во супстрат со добра дренажа. Премногу силно сонце може да доведе до оштетување (изгореници) на листовите. Во периодот кога расте треба да се полева редовно со умерена количина на вода. Помеѓу две полевања супстратот треба да се остави да се исуши. Во зима се полева многу малку или воопшто не се полева доколку е во простории со пониска темература. Премногу вода може да доведе до опаѓање на листовите. Минималната температура која ја толерира е околу -1 °C.

Размножување:
Со режење на гранчиња и листови.

Photobucket

Надворешен линк: Овде

Освен основниот вид на Дрвото на парите, подеднакво атрактивни и популарни се и повеќе други  сорти. Во продолжение ви презентирам и дел од  оние кои најчесто може да се сретнат…


Crassula ovata
‘Gollum’

Photobucket

Фамилија: Crassulaceae
Род: Crassula
Вид: C. ovata ‘Gollum’
Народни имиња: Gollum Jade, Trumpet Jade, Hobbit’s Pipe Jade, ET’s Fingers, Dollar Plant, Jade Plant, Jade Tree, Money Tree, Finger Jade
Синоними: Crassula portulaceae ‘Gollum’, Crassula ‘Argenta’, Crassula convoluta, Crassula portulacea, Crassula argentea
Боја на цветот: Бела, розево бела
Сезона на цветање: Крај на есен, почеток на зима
Висина: 30-40 cm
Дијаметар: до 45-60 cm

Оваа сорта детално е презентирана во записот Прстите на Е.Т кој може да го отворите овде.

Crassula ovata ‘Hobbit’

Photobucket

Фамилија: Crassulaceae
Род: Crassula
Вид: C. ovata ‘Hobbit’
Народни имиња: Dollar Plant, Jade Plant, Jade Tree, Money Tree
Боја на цветот: Бела, розево бела
Сезона на цветање: Крај на зима, почеток на пролет
Висина: 45-60 cm

Сортата Hobbit е речиси идентична со Gollum. Разликата помеѓу нив е во тоа што листовите кај Hobbit се завиткани наназад, додека кај Gollum се речиси цилиндрични и изгледаат како цевки поставени во чаша.

Crassula ovata ‘Tricolor’

Photobucket

Фамилија: Crassulaceae
Род: Crassula
Вид: C. ovata ‘Tricolor’
Народни имиња: Dollar Plant, Jade Plant, Jade Tree, Money Tree
Боја на цветот: Бела, розево бела
Сезона на цветање: Доцна есен, почеток на зима
Висина: 1,2-1,8 m


Crassula ovata
‘Hummel’s Sunset’

Photobucket

Фамилија: Crassulaceae
Род: Crassula
Вид: C. ovata ‘Hummel’s Sunset’
Народни имиња: Golden Dollar Plant, Golden Jade Plant, Golden Jade Tree, Golden Money Tree
Боја на цветот: Бела, розево бела
Сезона на цветање: Доцна есен, средина на зима
Висина: 45-60 m
Дијаметар: до 40-90 cm

Овде може да видите и една Бела персиска мачка.

Бела персиска мачка

април 19, 2010    V

Cephalocereus senilis (Цефалоцереус сенилис) е еден малку поразличен вид со специфичен изглед кој не е својствен за најголемиот дел од кактусите. Токму поради изгледот, овој кактус е многу популарен кај колекционерите и одгледувачите, но и ретко кој друг може да остане рамнодушен кога ќе го види.

Кактус на денот 109/10 е…

Cephalocereus senilis

Photobucket

кој беше и Кактус на денот 257/08.

Фамилија: Cactaceae
Род: Cephalocereus
Вид: C. senilis
Народнo имe: Old Man Cactus, Old Man of Mexico, Cabeza de Viejo, Viejo, Bunny Cactus, White Persian Cat Cactus
Синоними: Cactus senilis, Cereus senilis, Pilocereus senilis, Cephalophorus senilis, Cactus bradypus, Echinocactus staplesiae
Потекло: Источно Мексико (Guanajuato  и Hidalgo)
Боја на цветот: Розева (црвена), жолта и бела
Сезона на цветање: Пролет-лето
Висина: до 11-15 m
Дијаметар: до 45-60 cm

Photobucket

Одгледување
Овој кактус бара многу светлина која го поттикува растењето на косата (волната). Се одгледува на директно сонце, во супстрат со добра дренажа. Толерира суша. Во периодот кога расте треба да се полева редовно, но во умерени количини. Во зимскиот период ако се чува во простории со пониски температури не треба да се полева воопшто. Препорачлива температура на која треба да се чува во зима е 10 °C, но може да толерира и температури до -10 °C.

Размножување:
Со семе и режење.

Photobucket

Надворешен линк: Овде

Освен во основниот вид, Белата персиска мачка често може да се сретне и една друга форма…

Cephalocereus senilis f. cristata

Photobucket

Фамилија: Cactaceae
Род: Cephalocereus
Вид: C. senilis f. cristata
Народнo имe: Crested Old Man of Mexico, Crested Old Man Cactus, Crested Old Man of Mexico, Crested White Persian Cat Cactus
Синоними: Cephalocereus senilis f. cristatus, Cephalocereus senilis f. fasciatus
Висина: до 30-45 cm
Дијаметар: до 30-60 cm

Овде може да видите и еден нежен и личен Macedоnicum.

Macedоnicum

април 8, 2010    V

Sempervivum macedonicum (Семпервивум мацедоникум) е уште еден член на родот Sempervivum, сукуленти кои меѓу народот се познати како Чувар на куќа. Овој вид кој денес ви го презентирам не се разликува многу од Sеmpеrvivum tеctоrum, ниту по изгледот, ниту по другите негови карактеристики. Интересен е пред се поради неговото име и потекло. Според податоците до кои дојдов, Sеmpеrvivum macedonicum е на Листата на ендемични, реликтни и ретки видови на флора во Република Македонија и може да се најде на планините Стогово и Љуботен, каде покрај него може да се сретнат и повеќе други видови од фамилијата Sempervivum.

Сукулент на денот 98/10 е…

Sempervivum macedonicum

Photobucket

…кој беше и Сукулент на денот 233/08

Фамилија: Crassulaceae
Род: Sеmpеrvivum
Вид: S. macedonicum
Народнo имe: Houseleeks, Liveforever
Синоними: Sempervivum marmoreum subsp. reginae-amaliae
Потекло: Македонија (Стогово и Љуботен)
Боја на цветот: Светло розева
Сезона на цветање: Средина на лето
Висина: до 15 cm
Дијаметар: до 7-15 cm

Photobucket

Одгледување
Освен што расте по Македонските планини, овој сукулент може да се одгледува и во саксија. Многу лесно се одржува. Се одгледува во супстрат со добра дренажа, на места изложени на директно сонце или во блага сенка. Толерира суша и бара умерено полевање. Во зима не преферира влажен супстрат, се полева само колку да не се исуши. Толерира ниски температури најмалку до -12 °C, но во пократки временски интервали може да издржи и многу пониски.

Размножување:
Со семе и режење на розети.

Photobucket

Надворешен линк: Овде

Поврзани записи:
Чувар на куќа
Кокошки и пилиња

Кокошки и пилиња

март 24, 2010    V

Sempervivum arachnoideum (Семпервивум арахноидеум) е уште еден интересен и атрактивен сукулент од родот Sеmpеrvivum. Поради верувањето дека штитат од гром, овие сукуленти некаде може да се сретнат засадени и на покриви од куќи и други објекти.

Сукулент на денот 82/10 е…

Sempervivum arachnoideum

Photobucket

…кој беше и Сукулент на денот 229/08.

Фамилија: Crassulaceae
Род: Sеmpеrvivum
Вид: S. arachnoideum
Народнo имe: Cobweb Houseleek, Spider Web Hens and Chicks
Синоними: Sempervivum arachnoideum var. tomentosum
Потекло: Планинските предели на Европа (Од Пиринеите до Карпатите)
Боја на цветот: Розева, но може да се сретнат и примероци во бела и светло црвена боја
Сезона на цветање: Крај на лето, почеток на есен (секоја розета расцветува само еднаш и потоа умира)
Висина: до 15 cm
Дијаметар: 30-38 cm

Photobucket

Одгледување
Овој сукулент е релативно лесен за одгледување во саксии, дворови и сукулентни градини. Се одгледува во супстрат со добра дренажа, на места изложени на директно сонце или во блага сенка. Толерира суша, но во сезоната кога расте треба да се полева редовно. Притоа помеѓу две полевања супстратот се остава да се засуши. Во зимскиот период треба да се полева многу ретко, со мали количини на вода и да се чува на температура од околу 9 °C. Во пократок временски интервал може да толерира и температури до -12 °C.

Размножување:
Многу лесно се размножува со одделување на една или група на розети.

Photobucket

Надворешен линк: Овде

Освен во основниот вид овој сукулент многу често се среќава и во повеќе други сорти и хибриди. Во продолжение неколку и од нив…

Sempervivum arachnoideum ‘Gorges DeDaluis’

Photobucket

Фамилија: Crassulaceae
Род: Sеmpеrvivum
Вид: S. arachnoideum ‘Gorges DeDaluis’
Народнo имe: Cobweb houseleek
Боја на цветот: Розева
Сезона на цветање: Пролет-лето
Висина: 15-30 cm
Дијаметар: 22-30 cm

Sempervivum arachnoideum ‘Cebenese’

Photobucket

Фамилија: Crassulaceae
Род: Sеmpеrvivum
Вид: S. arachnoideum ‘Cebenese’
Народнo имe: Cobweb Houseleek, Spider Web Hens and Chicks
Боја на цветот: Светло розева
Сезона на цветање: Средина на лето
Висина: до 15 cm
Дијаметар: 7-15 cm

Sempervivum arachnoideum x heuffelii ‘Pekinese’

Photobucket

Фамилија: Crassulaceae
Род: Sеmpеrvivum
Вид: S. arachnoideum x heuffelii ‘Pekinese’
Народнo имe: Cobweb Houseleek, Spider Web Hens and Chicks
Боја на цветот: Розева
Сезона на цветање: Пролет-лето
Висина: до 15 cm
Дијаметар: 30-38 cm

Sempervivum arachnoideum ‘Webby Flame’

Photobucket

Фамилија: Crassulaceae
Род: Sеmpеrvivum
Вид: S. arachnoideum ‘Webby Flame’
Народнo имe: Cobweb Houseleek, Spider Web Hens and Chicks
Сезона на цветање: Пролет-лето
Висина: до 15 cm
Дијаметар: 30-38 cm

Sempervivum arachnoideum ‘Red Cobweb’

Photobucket

Фамилија: Crassulaceae
Род: Sеmpеrvivum
Вид: S. arachnoideum ‘Red Cobweb’
Народнo имe: Cobweb Houseleek, Spider Web Hens and Chicks
Боја на цветот: Розева
Сезона на цветање: Средина на лето
Висина: до 15 cm
Дијаметар: 15-22 cm

Како изгледа едно Американско алое и нешто повеќе за него може да дознаете овде.

Поврзан запис:
Чувар на куќа

Американско алое

март 18, 2010    V

Agave americana (Агаве американа) е сукулент кој е познат и како Century Plant. Ова име го добил бидејќи цвета многу ретко, но може да се каже дека е погрешно именуван, со оглед на тоа дека неговиот животен век обично е од 10 до 30 години. Кога ќе расцвета, неговиот цвет достигнува височина и до 8 m. Потекнува од Мексико и се одгледува низ цел свет како украсно растение.

Сукулент на денот 76/10 е…

Agave americana

Photobucket

…кој беше и Сукулент на денот 210/08

Фамилија: Agavaceae
Род: Agave
Вид: A. americana
Народнo имe: Century plant, American aloe, Maguey, Agave
Синоними: Agave ingens var. picta, Agave zonata, Agave virginica, Agave variegata, Agave americana var. theometel, Agave theometel, Agave subzonata, Agave spectabilis, Agave ramosa, Agave picta, Agave altissima, Agave rasconensis, Agave milleri, Agave communis, Agave complicata, Agave felina, Agave fuerstenbergii, Agave gracilispina, Agave ingens, Agave melliflua
Потекло: Мексико
Боја на цветот: Бледо жолта
Сезона на цветање: Почеток на пролет/крај на лето (цветаат само билки постари од 15 години)
Висина: до 1,8 m
Дијаметар: до 3 m

Photobucket

Одгледување
Се одгледува во супстрат со добра дренажа, на места изложени на директно сонце или блага сенка. Билките кои се одгледуваат во саксии достигнуваат помали големини за разлика од оние кои кои може да се сретнат во природата, дворови и сукулентни градини. Во летниот период прилично брзо расте доколку се полева обилно, притоа се препорачува помеѓу две полевања супстратот да се остави да се исуши. Во зима се полева само колку да не му се исушат листовите. Препорачлива тепература на кој треба да се чува во зимскиот период е 10 °C, а во пократок временски интервал, доколку супстратот е сув може да толерира и теператури до -9 °C.

Размножување:
Со израстоци и семе.

Photobucket

Надворешен линк: Овде

Овде има еден Морски еж, внимавајте да не се боцнете! :-)

Освен основниот вид на овој сукулент, може да се сретнат и некои други атрактивни сорти и форми. Во продолжение ви презентирам и неколку од нив.

Agave americana ‘Marginata’

Photobucket

Фамилија: Agavaceae
Род: Agave
Вид: A. americana ‘Marginata’
Народнo имe: Variegated Century Plant
Синоними: Agave americana var. marginata
Висина: до 1,2 – 1,8 m
Дијаметар: до 1,2 – 1,8 m

Agave americana ‘Mediopicta’

Photobucket

Фамилија: Agavaceae
Род: Agave
Вид: A. americana ‘Mediopicta’
Народнo имe: Agave, Century Plant, American Aloe, Maguey
Синоними: Agave americana var. mediopicta, Agave americana var. mediopicta f. aurea
Боја на цветот: Бледо жолта
Сезона на цветање: Почеток на пролет/крај на лето
Висина: до 1,8 m
Дијаметар: до 3 m

Agave americana var. striata

Photobucket

Фамилија: Agavaceae
Род: Agave
Вид: A. americana var. striata
Народнo имe: Agave, Century Plant, American Aloe, Maguey
Висина: до 1,8 m
Дијаметар: до 4,7 m

Agave americana ‘Mediopicta Alba’

Photobucket

Фамилија: Agavaceae
Род: Agave
Вид: A. americana ‘Mediopicta Alba’
Народнo имe: Agave
Синоними: Agave americana var. mediopicta f. alba
Висина: до 90 cm
Дијаметар: до 120 cm

Agave americana var. glauca

Photobucket

Фамилија: Agavaceae
Род: Agave
Вид: A. americana var. glauca
Народнo имe: Agave
Висина: до 1,8 m
Дијаметар: до 1,8 m

Морски еж

март 11, 2010    V

Echinopsis oxygona (Ехинопсис оксигона) е кактус кој потекнува од Јужна Америка. Тој е еден од најпопуларните и најраспространетите видови од родот Eсhinоpsis. Кај народот е познат како Easter Lily Cactus или Sea Urchin Cactus.

Кактус на денот 70/10 е…

Echinopsis oxygona

Photobucket

Фамилија: Cactaceae
Род: Echinopsis
Вид: E. oxygona
Народнo имe: Easter Lily Cactus, Sea Urchin Cactus
Синоними: Cereus oxygonus, Cereus multiplex, Echinopsis multiplex, Echinopsis schwantesii, Echinopsis paraguayensis
Потекло: Јужна Америка (Боливија, Аргентина, Уругвај и Парагвај)
Боја на цветот: Розева, виолетова, бледо црвена, бела
Сезона на цветање: Крај на лето
Висина: до 45 cm
Дијаметар: до 60 cm

Photobucket

Одгледување
Овој Морски еж се одгледува на места изложени на директно сонце или во блага сенка, во супстрат кој има добра дренажа. Има просечна потреба за вода и може да толерира суша. Во периодот пролет-есен треба да се полева редовно, притоа да се внимава да не се претера со полевањето. За да не се случи тоа, препорачливо е помеѓу две полевања супстратот да се остави да се исуши. Во зима се полева само повремено со мала количина на вода или воопшто не се полева. Идеална темература на која треба да се чува во зимскиот период е 10 °C. Во пократок временски интервал овој кактус може да толерира и температури до -10 °C.

Размножување:
Со режење, израстоци и семе.

Photobucket

Надворешен линк: Овде

Ако не ви е страв, кликнете овде за да видите и Змејови коски.

Покрај основниот вид во продолжение ви презентирам и две други сорти, односно форми на овој кактус…

Echinopsis oxygona var. brevispina

Photobucket

Фамилија: Cactaceae
Род: Echinopsis
Вид: E. oxygona var. brevispina
Народнo имe: Easter Lily Cactus
Синоними: Echinopsis oxygona f. brevispina
Боја на цветот: Розева, бела
Сезона на цветање: Средина на лето
Висина: до 30 cm
Дијаметар: до 38 cm

Echinopsis oxygona var. inermis

Photobucket

Фамилија: Cactaceae
Род: Echinopsis
Вид: E. oxygona var. inermis
Народнo имe: Easter Lily Cactus
Синоними: Echinopsis oxygona f. inermis
Боја на цветот: Розева, бела
Сезона на цветање: Средина на лето
Висина: до 15 cm
Дијаметар: до 38 cm

Змејови коски

март 5, 2010    V

Euphorbia lactea (Еуфорбија лактеа) е сукулент која потекнува од Азија. Многу наликува на кактус, но не е. Поради специфичниот изглед на стеблото и гранките, кај народот е познат како Dragoon Bones Tree.

Сукулент на денот 64/10 е…

Euphorbia lactea

Photobucket

…кој беше и Сукулент на денот 202/08

Фамилија: Euphorbiaceae
Род: Euphorbia
Вид: E. lactea
Народнo имe: Mottled Spurge, Frilled Fan, Elkhorn, Candelabra Plant, False Cactus, Dragon Bones, Dragon bones tree, Candelabra spurge, Candelabra Cactus, Cactus Candelabre, Caper Spurge, Candle-stick tree
Потекло: Азија (Индија)
Боја на цветот: Жолта, бела (не е познато дека цвета ако не е во природни услови)
Висина: до 2 m (може да се сретнат и примероци кои се високи и до 5 m)
Дијаметар: до 5 cm

Photobucket

Одгледување
Овој сукулент се одгледува во супстрат со добра дренажа на места изложени на директно сонце или во блага сенка. Помеѓу две полевања супстратот треба да се исуши. Во зима може да се полее само еднаш. Најчесто неуспехот во одгледувањето на овој сукулент е резултат на премногу полевање, особено во текот на змскиот период. Толерира суша и ниски температури до -2 °C. Температура на кој е препорачливо да се чува во зимскиот период е 12 °C.

Размножување:
Со режење. Одрежаните делови се садат после 3-4 недели.

Надворешен линк: Овде

Во традиционалната медицина Змејовите коски се користат против брадавици и тумор.

Внимание: Како и кај сите други сукуленти од родот Euphorbia и кај овој, кога билката се оштетува од неа истекува бела млечна течност позната како латекс. Латексот е отровен и опасен за очите, кожата и слузниците.

Од громови, болести и вештерки може да се заштитите со Чуварот на куќа кој може да го видите овде.

Освен основниот вид, може да се сретнат и неколку други негови сорти и форми. Во продолжение ви презентирам неколку од нив…

Euphorbia lactea ‘White  Ghost’

Photobucket

Фамилија: Euphorbiaceae
Род: Euphorbia
Вид: E. lactea ‘White  Ghost’
Народнo имe: Dragoon bones tree, Dragon bones, Candelabra spurge, Candelabra Cactus, Cactus Candelabre, Caper Spurge
Синоними: Euphorbia lactea ‘Grey Ghost’, Euphorbia lactea f. variegata
Висина: до 3 m (може да се сретнат и повисоки примероци)
Дијаметар: до 5 cm

Euphorbia lactea f. cristata

Photobucket

Фамилија: Euphorbiaceae
Род: Euphorbia
Вид: E. lactea f. cristata
Народнo имe: Elkhorn, Frilled Fan, Crested Euphorbi
Висина: до 45 cm

Може да се сретнат примероци кај кои преовладува бела, жолта, розева, виолетова или зелена боја.

Euphorbia lactea f. cristata variegata

Photobucket

Фамилија: Euphorbiaceae
Род: Euphorbia
Вид: E. lactea f. cristata variegata
Народнo имe: Elkhorn, Frilled Fan, Crested Euphorbi
Висина: до 45 cm

Може да се сретнат примероци кај кои преовладува бела, жолта, розева, виолетова или зелена боја.

Euphorbia lactea ‘Gigantea’

Photobucket

Фамилија: Euphorbiaceae
Род: Euphorbia
Вид: E. lactea‘ Gigantea’
Народнo имe: Dragoon bones tree, Dragon bones, Candelabra spurge, Candelabra Cactus, Cactus Candelabre, Caper Spurge, Candle-stick tree
Висина: до 3-6 m (може да се сртенат и повисоки примероци)

Чувар на куќа

февруари 22, 2010    V

Sempervivum tectorum (Семпервивум текторум) е сукулент од родот Semprevivum во кој има повеќе од 40 (некаде може да се сретне информација дека ги има и повеќе од 50) различни видови и  дури над 3000 хибриди во разлини форми, бои и големини. Членовите на овој род на сукуленти се многу попознати по нивното народно име, односно како Чувар на куќа. За овие сукуленти може да се каже дека најдобро го поднесуваат студот од сите други. Името Semprevivum доаѓа од латинскиот збор што значи – засекогаш жив. Овој Чувар на куќа кој денес ви го презентирам е на листата на заштитени растителени видови во Унгарија.

Сукулент на денот 53/10 е…

Sempervivum tectorum

Photobucket

…кој беше и Сукулент на денот 199/08

Фамилија: Crassulaceae
Род: Sеmpеrvivum
Вид: S. tеctоrum
Народнo имe: Houseleeks, Liveforever, Common Houseleek, Hen-and-Chickens, Old Man and Woman, Roof House Leek, Hens and Chicks, House Leeks
Потекло: Алпите
Боја на цветот: Розева, бела, жолта
Сезона на цветање: Пролет-лето (секоја розета е monocarpic-еднаш цвета и потоа умира)
Висина: до 15 cm
Дијаметар: до 30 cm

Photobucket

Одгледување
Освен во саксија, овој сукулент може да расте на камења, ѕидови, покриви и слично и многу лесно се одржува. Се одгледува во супстрат со добра дренажа, на места изложени на директно сонце (но само до 38 °C, при повисоки темератури може да дојде до негово оштетување) или во блага сенка. Толерира суша и бара умерено полевање. Во зима не преферира влажен супстрат, се полева само колку да не се исуши. Толерира ниски температури најмалку до -12 °C, но во пократки временски интервали може да издржи и многу пониски.

Размножување:
Со семе и режење на розети.

Photobucket

Надворешен линк: Овде

Постои верување дека Чуварот на куќа штити од громови, болести и вештерки. Во една народна поговрка се вели “Подобро Чувар на куќа на куќата, одколку две кучиња пред неа“.

Во медицината сокот од овој сукулент се употребува против изгореници, херпес, хемороиди, чиреви…тинктура од него се употребува како препарат против воспаление на грлото. Во народот е познат и како лек за болка во ушите…се прекршува едно ливче и се капнува една до две капки во болното уво.

Овде може да видите и Опашка на стаорец, не плашете се стаорецот го нема! :-)

Освен основниот вид на овој сукулент може да се сретнат и поголем број на други сорти добиени со природна или предизвикана мутација…

Sempervivum tectorum ‘Red Flush’

Photobucket

Фамилија: Crassulaceae
Род: Sеmpеrvivum
Вид: S. tеctоrum ‘Red Flush’
Народнo имe: Hens and Chicks
Висина: до 15 cm
Дијаметар: 15-22 cm

Sempervivum tectorum ‘Atroviolaceum’

Photobucket

Фамилија: Crassulaceae
Род: Sеmpеrvivum
Вид: S. tеctоrum ‘Atroviolaceum’
Народнo имe: Common Houseleek, Hen-and-Chickens, Old Man and Woman, Roof House Leek
Боја на цветот: Розева, бела
Сезона на цветање: Пролет-лето (секоја розета е monocarpic-еднаш цвета и потоа умира)
Висина: до 15 cm
Дијаметар: 15-30 cm

Sempervivum tectorum ‘Red Beauty’

Photobucket

Фамилија: Crassulaceae
Род: Sеmpеrvivum
Вид: S. tеctоrum ‘Red Beauty’
Народнo имe: Common Houseleek, Hen-and-Chickens, Old Man and Woman, Roof House Leek
Боја на цветот: Розева, бела
Сезона на цветање: Средина на лето
Висина: 15-30 cm
Дијаметар: 30-38 cm

Sempervivum tectorum ‘Saturn’

Photobucket

Фамилија: Crassulaceae
Род: Sеmpеrvivum
Вид: S. tеctоrum ‘Saturn’
Народнo имe: Common Houseleek, Hen-and-Chickens, Old Man and Woman, Roof House Leek
Боја на цветот: Розева, бела
Сезона на цветање: Средина на лето
Висина: 15-30 cm
Дијаметар: 22-30 cm

Sempervivum tectorum ‘Fame’

Photobucket

Фамилија: Crassulaceae
Род: Sеmpеrvivum
Вид: S. tеctоrum ‘Fame’
Народнo имe: Common Houseleek, Hen-and-Chickens, Old Man and Woman, Roof House Leek
Висина: до 15 cm
Дијаметар: 7-15 cm

Sempervivum tectorum ‘Oddity’

Photobucket

Фамилија: Crassulaceae
Род: Sеmpеrvivum
Вид: S. tеctоrum ‘Oddity’
Народнo имe: Oddity Cobweb Houseleek, Oddity Hens & Chicks, понекогаш се нарекува и Trumpeter, Pipes или Pipe Organ
Синоним(и): Sempervivum ‘Oddity’
Боја на цветот: Розева
Сезона на цветање: Јуни до август (секоја розета е monocarpic-еднаш цвета и потоа умира)
Висина: 5-10 cm
Дијаметар: 8-30 cm

Оваа сорта е детално презентирана овде, во записот Необичен Чувар на куќа.

BoomTV -ТВ Препораки

Архива

април 2014
П В С Ч П С Н
« мар    
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930  
  • Членови
  • Групи

Fatal error: Class 'BP_Enhanced_Members_Widget' not found in /home/www/wp-content/themes/bp-blogeraj2/footer.php on line 101