Отвори нов блог

почни од тука, отвори нов блог

You are browsing the archive for пари.

Членовите на Регулаторната комисија за енергетика треба да се линчуваат

јули 28, 2010
протести - фото Време

протести - фото Време

Цврсто стојам за насловот! и ќе повторам: Членовите на Регулаторната комисија за енергетика треба да се линчуваат!!!

Тоа е се едни безмилосни копилиња, едни лајна кои немаат ниту морал, ниту етика, туку се шејтани кои се алчни само за пари. Пари кои ги цицаат од народот, за да управуваат со мрежа која истиот тој народ ја изградил.

Не сакам независна комисија, направена од некакви се експерти. Сакам партиска! Сериозен сум! Сакам партиска, за да доколку некој во името за политичката опција ме дупи, за да ко казнам и јас на следните избори и да знам дека тое е нивен заеднички став.

Нема логика државата да дава субвенции од 10 евра месечно за сиромашните за струја, за да ја пребродат зимата, идиотиве од РКЕ да дигаат цена ко дебили. Фациве си зеле за сходно, дека треба цените за корисниците на Топланата Скопје Север да ги кренат за цели 40 проценти! Само да дообјаснам: доколку некој има стан од 60 квадрати и плаќа околу 3500 денари месечно, со новото поскапување би плаќал околу 5000 денари!!! За тие кои не знаат, парно се плаќа 12 месеци во годината. Тоа значи дека ќе си плаќате по 5000-ки дури и во јуни, јули и во август!

Објаснувањето на „генијалциве“ било дека голем број од претплатниците го откажува парното, па не им било рентабилно! Пазете логика?! Значи паразитите нема да се борат за нови корисници, нема да влијаат да ги приклучат и новите станови кај општина Бутел, индивидуални приклучоци, старите згради во Топанско и Чаир, да ја прошират мрежата кон Радишани, тие едноставно ќе им ја качат цената на тие кои сеуште не се откажале.

Цркнале, да бог да! Каде бе со тој памет? Државата ви гради објекти и вие го музете народот, говна едни?! Со монопол ли? На татковците ли ваши ли е Топланата? Едвај дочекавме да се отвори во 2000-та година, за само 10 години да ја уништите. Дваесет години се греевме со термо печки, додека радијаторите ко мадиња ни висеа на ѕидовите. Топланата е на земјен гас, кои трошоци ги имате? Најевтин енергенс! Или ви треба кеш, за да си ги покриете нездравите плати кои си ги исплаќате?

Многу пати пишував на оваа тема. Последен пат во јануари годинава во мојот текст Топлификација, алооооооооо!!!“ говорев за нивниот однос и за не испорачувањето на енергија. Едноставно го крадат народот! Касно ја започнуваат сезоната, гајле им доколку е ладно, а во најголемите студови, кај мене дома, зимово беше 18 степени.

И ПВЦ прозори и врати ставивме и се’, и пак е ладно! И комплет радијаторите ги сменивме и пак џабе! Али пари, повеќе треба да платиме! Мамичето мамино! Сите треба да скапете и од тоа регулаторна и од Топлификација. Говна едни смрдени!

Настани за 28.7.2010

јули 27, 2010

ВИД: Презентација

ИНДУСТРИЈА: Граѓанско општество

ЛОКАЦИЈА: Месна заедница „Мирче Ацев“, Скопје

ДАТА: 28.7.2010 ГОД.

ВРЕМЕ: 10.00 ЧАСОТ

ТЕМА: Презентација на Деталниот урбанистички план Мал ринг, вратен во повторна постапка.

______________

ВИД: Прес конференција

ИНДУСТРИЈА: Економија

ОРГАНИЗИРАНО ОД: Влада на Република Македонија

ЛОКАЦИЈА: Влада на Република Македонија, Скопје

ДАТА: 28.7.2010 ГОД.

ВРЕМЕ: 10.30 ЧАСОТ

ТЕМА: Прес конференција на заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за економија Фатмир Бесими и претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија Гинтер Офнер.

______________

ВИД: Промоција

ИНДУСТРИЈА: Спорт/Граѓанско општество

ОРГАНИЗИРАНО ОД: Град Скопје

ЛОКАЦИЈА: Градски паркинг – Плоштад „Македонија“, Скопје

ДАТА: 28.7.2010 ГОД.

ВРЕМЕ: 11.00 ЧАСОТ

ТЕМА: Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски ќе го промовира проектот за изнајмување велосипеди, под мотото „Остави го автомобилот, вози велосипед“.

______________

ВИД: Прес конференција

ИНДУСТРИЈА: Граѓанско општество

ОРГАНИЗИРАНО ОД: Македонско меѓународно движење за човекови права/ Австралиско-македонски комитет за човекови права

ЛОКАЦИЈА: НВО Инфоцентар, Скопје

ДАТА: 28.7.2010 ГОД.

ВРЕМЕ: 11.00 ЧАСОТ

ТЕМА: Прес конференција на Македонското меѓународно движење за човекови права и Австралиско-македонскиот комитет за човекови права.

______________

ВИД: Прес конференција

ИНДУСТРИЈА: Информатички технологии

ОРГАНИЗИРАНО ОД: Министерство за информатичко општество

ЛОКАЦИЈА: Министерство за информатичко општество, Скопје

ДАТА: 28.7.2010 ГОД.

ВРЕМЕ: 12.00 ЧАСОТ

ТЕМА: Прес конференција на министерот за информатичко општество Иво Ивановски на тема „Бесплатни обуки за невработени лица за стекнување вештини од областа на информатиката, преку програмирање програмски јазици и програмски алатки“.

______________

ВИД: Промоција

ИНДУСТРИЈА: Култура

ЛОКАЦИЈА: Центар за култура, Битола

ДАТА: 28.7.2010 ГОД.

ВРЕМЕ: 12.00 ЧАСОТ

ТЕМА: Промоција на монографија за Фестивалот „Илинденски денови“ насловена „40 години традиција“ и отворање изложба на фотографии за фестивалот.

______________

ВИД: Отворање

ИНДУСТРИЈА: Економија

ОРГАНИЗИРАНО ОД: Тинекс

ЛОКАЦИЈА: Куманово

ДАТА: 28.7.2010 ГОД.

ВРЕМЕ: 20.00 ЧАСОТ

ТЕМА: Отворање „Супер Тинекс“ и дрогерија „Космо Тинекс“.

______________

ПРЕВЗЕМЕНО ОД МИА

Настани за 27.7.2010

јули 26, 2010

ВИД: Прес конференција

ИНДУСТРИЈА: Спорт

ОРГАНИЗИРАНО ОД: Општина Карпош

ЛОКАЦИЈА: Општина Карпош, Скопје

ДАТА: 27.7.2010 ГОД.

ВРЕМЕ: 10.30 ЧАСОТ

ТЕМА: Прес конференција на Општина Карпош по повод претстојното препливување на Ла Манш од маратонецот Игор Димовски, кое е целосно финансирано од општината.

______________

ВИД: Прес конференција

ИНДУСТРИЈА: Образование

ОРГАНИЗИРАНО ОД: Министерство за образование и наука

ЛОКАЦИЈА: МОН, Скопје

ДАТА: 27.7.2010 ГОД.

ВРЕМЕ: 11.00 ЧАСОТ

ТЕМА: Прес конференција на министерот за образование и наука Никола Тодоров, на тема „Научно-истражувачки проекти“.

______________

ВИД: Отворање

ИНДУСТРИЈА: Банкарство

ОРГАНИЗИРАНО ОД: ИК Банка

ЛОКАЦИЈА: Аеродром „Александар Велики“, Скопје

ДАТА: 27.7.2010 ГОД.

ВРЕМЕ: 11.00 ЧАСОТ

ТЕМА: Свечено отворање нова експозитура на ИК Банка на Аеродромот „Александар Велики“.

______________

ВИД: Прес конференција

ИНДУСТРИЈА: Култура

ЛОКАЦИЈА: Ресторан „Де Ниро“, Битола

ДАТА: 27.7.2010 ГОД.

ВРЕМЕ: 12.00 ЧАСОТ

ТЕМА: Прес конференција за државниот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.

______________

ВИД: Промоција

ИНДУСТРИЈА: Граѓанско општество

ЛОКАЦИЈА: Салон Магаза, Битола

ДАТА: 27.7.2010 ГОД.

ВРЕМЕ: 12.00 ЧАСОТ

ТЕМА: Мултимедијален проект „Битола во 3-Д“.

______________

ВИД: Прес конференција

ИНДУСТРИЈА: Граѓанско општество

ОРГАНИЗИРАНО ОД: Општина Битола

ЛОКАЦИЈА: Општина Битола, Битола

ДАТА: 27.7.2010 ГОД.

ВРЕМЕ: 13.00 ЧАСОТ

ТЕМА: Прес конференција на градоначалникот Владимир Талески.

______________

ВИД: Јубилеј

ИНДУСТРИЈА: Граѓанско општество

ЛОКАЦИЈА: Двор на Општина Аеродром, Скопје

ДАТА: 27.7.2010 ГОД.

ВРЕМЕ: 17.00 ЧАСОТ

ТЕМА: Почнува 32-риот „Илинденски марш 2010“ до Крушево, на кој учествуваат триесет коњаници.

______________

ПРЕВЗЕМЕНО ОД МИА

И Пензискиот фонд – блокира голем број на фирми … малото стопанство е осудено на пропаст

јули 26, 2010

http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/903050D1985E6E4FBFF17AF27D18E633.jpg

Се чини дека на концептот на малото стопанство му доаѓа крајот иако  никојпат не било лесно да се впуштиш во пазарот и такмичењето со големото стопанство и фирми. Големите имаат свои заштитници и подржувачи во врвовите на власта и политиката. Така не е само кај нас – така е и во светот, токну најголемите светски фирми и мултинационални компании владеат со светот, поставуваат и уриваат влади, започнуваат војни во името на божемна демократија, прават клима која одговара од утре да се уште побогати. Кај нас особено поволни играчи се странските инвеститори кои се ставија на пиедесталот на Македонската економија. Тие добија највеќе привилегии. Власта притисната од економските ветувања дека ке донесе голем број на странски инвеститори, во промоција потроши огромен буџет – а резултатите се помалку од слаби. Економските зони се скоро готови, вогламном се мисли дека се заградени и до нив се доведени струја, вода и останати комуналии – но во нив има едвај три четири компании кои вработуваат едвај иљада МК граѓани. На пола од нив на разни начини плата во почетните неколку години им исплатува буџетот на државата ни. (повеќе..)

Настани за 26.7.2010

јули 25, 2010

ВИД: Јубилеј

ИНДУСТРИЈА: Граѓанско општество

ОРГАНИЗИРАНО ОД: Град Скопје

ЛОКАЦИЈА: Дом на АРМ/ градски гробишта Бутел/ Музеј на Град Скопје

ДАТА: 26.7.2010 ГОД.

ВРЕМЕ: 9.00/10.00/20.00 ЧАСОТ

ТЕМА: Градот Скопје ќе ја одбележи 47-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје.

______________

ВИД: Прес конференција

ИНДУСТРИЈА: Граѓанско општество

ОРГАНИЗИРАНО ОД: Фондација Фонд Скопје – Метропола

ЛОКАЦИЈА: градска кафеана Пелистер (поранешен Дал мет Фу), Скопје

ДАТА: 26.7.2010 ГОД.

ВРЕМЕ: 11.00 ЧАСОТ

ТЕМА: Прес конференција на која ќе биде промовирана Фондацијата Фонд Скопје – Метропола“ и нејзината програма за работа за периодот септември-декември.

______________

ВИД: Јавна трибина

ИНДУСТРИЈА: Граѓанско општество

ЛОКАЦИЈА: Клуб на пратеници, Скопје

ДАТА: 26.7.2010 ГОД.

ВРЕМЕ: 12.00 ЧАСОТ

ТЕМА: Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески ќе присуствува на јавна трибина за работниот текст на Законот за градежно земјиште.

______________

ВИД: Манифестација

ИНДУСТРИЈА: Култура

ЛОКАЦИЈА: Магаза, Битола

ДАТА: 26.7.2010 ГОД.

ВРЕМЕ: 21.00 ЧАСОТ
ТЕМА: Манифестација „Поетите пеат за Битола”.
______________

ПРЕВЗЕМЕНО ОД МИА

Nevrabotenosta vo Makedonija i Trakija (Grcija) od 17 do 40 % !!!

јули 25, 2010

Ekonomskata kriza koja ja zafati R. Grcija se poveke pocnuva da se oseka vo sekojdnevniot zivot na  grgjanite na grckata drzava. Ovaa godina, so mojot prestoj vo ovoj period tamu, izrazeno vo komunikacijata i zivotot na obicniot narod ja zabelezuvam i jas.

Vcera go kupiv v. Elefterotipija za edna cel, za moi licni profesionalni potrebi, imase edna knigicka za odredeni delovi od grckata istorija, koi ke mi trebaat za moite istrazuvanja. Razlistuvajki go vesnikot mi ostavi vpecatok naslovot ‘ 17% do 40% nevrabotenost vo Makedonija i Trakija. Se iznandiv pocnav da go citam. Ke vi prenesam po oblasti da vidite kakva e nevrabotenosta:

Seres – 40%; Pierija, Kukus, Drama, Kozani, Grevena i Kostur – 30%; Lerin i Imatija – 25%; Kavala i Evros – 20; Rodopi – 17%; Hlakidiki – 14%.

Ne komentiram ponatamu!!!

Настани за 24.7.2010

јули 23, 2010

ВИД: Промоција

ИНДУСТРИЈА: Економија

ЛОКАЦИЈА: плажа Кадмо, Охрид

Организирано од: АМСМ

ДАТА: 24.7.2010 ГОД.

ВРЕМЕ: 12.00 ЧАСОТ

ТЕМА: Голема промотивна забава на АМСМ по повод новите членски пакети.

______________

ПРЕВЗЕМЕНО ОД МИА

Настани за 23.7.2010

јули 22, 2010

ВИД: Прес конференција

ИНДУСТРИЈА: Образование

ЛОКАЦИЈА: Простории на МОН, Скопје

Организирано од: Министерство за образование и наука

ДАТА: 23.7.2010 ГОД.

ВРЕМЕ: 11.00 ЧАСОТ

ТЕМА: Прес конференција на министерот за образование и наука Никола Тодоров и заменик министерот Линдита Ќазими во врска со тендерот за набавка на добра преку проектот за модернизација на образованието.

______________

ВИД: Настан

ИНДУСТРИЈА: Граѓанско општество

ЛОКАЦИЈА: Градски плоштад, Крушево

Организирано од: Младински сојуз

ДАТА: 23.7.2010 ГОД.

ВРЕМЕ: 12.00 ЧАСОТ

ТЕМА: На градскиот плоштад во Крушево во рамки на проектот „Заеднички визии“, а во организација на Младинскиот сојуз, ќе се одржи мултимедијален настан на кој ќе биде претставен дел од културното историско наследство на различните етнички и религиозни заедници кои живеат на територијата на Крушево.

______________

ВИД: Промоција

ИНДУСТРИЈА: Граѓанско општество

ЛОКАЦИЈА: патен правец Раштак-Бутел, Скопје

Организирано од: Општина Гази Баба

ДАТА: 23.7.2010 ГОД.

ВРЕМЕ: 14.00 ЧАСОТ

ТЕМА: Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски ќе го пушти во употреба патниот правец Раштак-Бутел.

______________

ВИД: Вечер

ИНДУСТРИЈА: Граѓанско општество

ЛОКАЦИЈА: Атриум на Машински факултет, Скопје

Организирано од: ИАЕСТЕ Македонија

ДАТА: 23.7.2010 ГОД.

ВРЕМЕ: 21.00 ЧАСОТ

ТЕМА: Интернационална вечер на традиционални јадења во организација на ИАЕСТЕ Македонија.

______________

ВИД: Презентација

ИНДУСТРИЈА: Култура

ЛОКАЦИЈА: Градски плоштад, Куманово

ДАТА: 23.7.2010 ГОД.

ВРЕМЕ: 21.00 ЧАСОТ

ТЕМА: Презентација на интернационалниот видео фестивал Видеохолика од Варна.

______________

ПРЕВЗЕМЕНО ОД МИА

Настани за 22.7.2010

јули 22, 2010

ВИД: Прес конференција

ИНДУСТРИЈА: Граѓанско општество

ЛОКАЦИЈА: ресторан „Корзо“, Битола

Организирано од: Здружение на Македонци од егејскиот дел на Македонија

ДАТА: 22.7.2010 ГОД.

ВРЕМЕ: 10.00 ЧАСОТ

ТЕМА: Прес конференција  на Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија.

______________

ВИД: Прес конференција

ИНДУСТРИЈА: Граѓанско општество

ЛОКАЦИЈА: Пошта 2, Скопје

Организирано од: Конфедерација на слободни синдикати на Македонија

ДАТА: 22.7.2010 ГОД.

ВРЕМЕ: 11.00 ЧАСОТ

ТЕМА: Прес конференција на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС).

______________

ВИД: Промоција

ИНДУСТРИЈА: Граѓанско општество

ЛОКАЦИЈА: Музеј на Македонија, Скопје

Организирано од: Организација за промоција на турска култура во Македонија ТИКА/Музеј на Македонија

ДАТА: 22.7.2010 ГОД.

ВРЕМЕ: 11.00 ЧАСОТ

ТЕМА: Потпишување меморандум за соработка меѓу Организација за промоција на турската култура во Македонија ТИКА и Музејот на Македонија.

______________

ВИД: Прес конференција

ИНДУСТРИЈА: Култура

ЛОКАЦИЈА: Прес центар, Битола

Организирано од: Фестивал „Локумфест“

ДАТА: 22.7.2010 ГОД.

ВРЕМЕ: 11.30 ЧАСОТ

ТЕМА: Прес конференција на Фестивалот „Локумфест“.

______________

ВИД: Прес конференција

ИНДУСТРИЈА: Спорт

ЛОКАЦИЈА: Простории на Агенција за млади и спорт, Скопје

Организирано од: Агенција за млади и спорт

ДАТА: 22.7.2010 ГОД.

ВРЕМЕ: 12.00 ЧАСОТ

ТЕМА: Прес конференција по повод започнувањето на петиот турнир во одбојка на песок „Beachvolleyball Ohrid 2010“.

______________

ПРЕВЗЕМЕНО ОД МИА

Митот за успешната транзиција на полската економија или за тоа зошто демократијата му пречи на капитализмот

јули 21, 2010

Митот на успешната транзиција на полската економија

…Капитализмот неопходно не бара демократија. Оттука, далеку од тоа да е природен партнер со демократијата, како што Przeworski (Bresser Pereira et al., 1993) тврди, неолибералните реформи се стремат да ја загрозат демократијата.

Наспроти скромните успеси на неолибералните стратегии на пазарно-ориентирано преструктуирање, постигнувајќи надворешно прилагодување, скротувајќи ја хиперинфлацијата и дисциплинирајќи ги финансиите на јавниот сектор, овие неолиберални реформи не ги постигнале посакуваните резултати (Smith, 1993; Ruccio, 1993). Додека прилагодувачките програми не се предумислено анти-сиромашните, постои доказ да се потврди дека тие се неправични во тоа што бремето на прилагодувањето паднало несразмерно врз сиромашните. Доказот од Чиле, Мексико и Перу покажува дека наклонот на сиромаштијата во текот на времето на прилагодувањето се зголемил, а нееднаквоста и дистрибуцијата на доходот се влошиле (ECLA, 1990; Lustig, 1993; Gonzalez, 1993; Paus, 1994). Во повеќето земји имало исто така експлозивен раст на неформалниот сектор и неподнослив странски долг којшто растел побрзо од БДП (ECLA, 1992; IBD, 1992).

Полска го имплементира планот на Балсерович, именуван по поранешниот финансиски министер, на 1 јануари 1990, и спореден по растот на приватниот сектор и степенот на либерализација се поместил побрзо одошто другите Источно-европски земји. Економистите проучувајќи ја Полска сега се согласуваат дека расклопувањето на централно-планираната економија се покажало потешко одошто првично се очекувало (BI, 1991; Slay, 1991a).

Балсерович планот (познат како шок терапија) истакнал четири меѓусебноповрзани аспекти: (1) макроекономска стабилизација, (2) либерализација (крај на централното планирање, дерегулација на цените и контролите, и интеграција во светската економија), (3) институционално преструктуирање, и (4) приватизација.

…Во текот на првата година БНП опаднал за 11.6%, реалната плата за 30%, а вработеноста за 6%. Индустриското производство исто така потонало за 24%. Трошоците за инвестиции опаднале за 10.1%. Неизненадувачки, стопанството на Полска продолжило да се грчи следната година, со БНП коешто опаднал за други 9% во 1991. БДП во 1992 се зголемил за само 1.5%, само обележувајќи крај за надолниот тренд. По три години на рецесија, БДП бил повеќе од 20% под нивото од 1989. Слична ситуација била искусена од Чиле и другите земји каде што овие строги ортодоксни политики биле првично имплементирани.

Објавеното опаѓање на стопанската активност било исто така изразено во падот на реалната плата (26.5% помеѓу 1989 и 1992). До почетокот на 1992, Slay (1992a) и Bratkowski (1993) тврдат дека полскиот експеримент со либерализмот морало да дојде до тоа да биде гледан како неуспех бидејќи во некои погледи економската програма не ги исполнила своите цели. Во 1993 полското стопанство покажало симптоми на закрепнување. Но, детално набљудување открива дека закрепнувањето имало прилично слаба и кршлива база (Reed, 1993; PlanEcon, 1993).

До 1994 стапката на инфлација во Полска била не само највисоката во Централна Европа, туку била многу повисока од просечната во ЕУ. Стапките на невработеност кон крајот на 1993 биле вторите највисоки во Источна и Централна Европа.

Како должник, Полска се рангира веднаш зад најголемите Јужноамерикански должници. Кон крајот на 1992, долгот во девизи се собрал до 47 милијарди долари.

На инвестиционо поле, Полска толку далеку малку во споредба со други земји ги привлекла странските директни инвестиции. Всушност, таа заостанала зад Унгарија и Чешка. Во согласност со еден извештај, „само 1.1 милијарди со долгорочен капитал протекле во Полска помеѓу 1990 и март 1994, плус ништожни 250 милиони долари на нето-портфељ инвестиции“ (Robinson, 1995).

Неуспехот на приватизацијата не само во Полска но и во бројни Латиноамерикански земји вклучува: потценување на фирмите коишто треба да бидат продадени, концентрација на сопственоста, несоодветности во пренесувањето на сопственоста, нечувствителен однос спрема отпуштените работници, ценовно зголемување од страна на ново приватизираните фирми во отсуство на локална конкуренција и малку или никакви социјални услуги (Frydman&Rapaczynski, 1993; Rosenberg, 1993; Shirley, 1994; Winiecki, 1991).

Како што примерите на Полска и Јужна Америка покажуваат, шок терапијата бара висока цена и без авторитарна влада за да ги присили луѓето да ги голтнат болните прилагодувања, е помалку веројатно да се донесат посакуваните резултати.

…Историското искуство на овие земји (ново индустријализираните земји) противречат на верувањето дека успешно капиталистичко стопанство ќе биде спонтана појава кога приватната сопственост е воспоставена, цените се поставени, монетарен систем е воспоставен и нерегулирани натпреварувачки пазари се воведени. …Тие мора да бидат воспоставени преку државна акција (Dell, 1991; Kregel et al., 1992; Amsden et al., 1994).

Друга честа грешка е да се претпоставува дека ако владите се воздржуваат од мешање со пазарните сили дека тие ќе ги воведе во игра сите бенефити на конкуренцијата… Освен тоа, пазарните сили неопходно не генерираат конкуренција – тие можат, всушност, да го олеснуваат создавањето на монополи или олигополи од страна на најсилнита фирма или фирми, како што бил случајот на Чиле и Мексико.

Восприемањето на пазарот дека изникнал е прилично упростено, како што карактеризацијата на системот ненадејно се променила од целосно негативна во целосно позитивна (Darton, 1993b). Но, во Полска, за некои делови од населението фасцинацијата со пазарот венее како резултат на пад на животниот стандард.

Една важна разлика помеѓу чилеанските и полските програми е дека Чиле била под силна и сурова воена влада којашто била способна да ги спроведе овие политики, забранувајќи ги синдикатите и затворајќи ги нејзините противници.

Неолибералните економски политики коишто неколку Јужноамерикански земји ги имплементирале биле гледани од ММФ како пожелни, дури иако резултатите до денес се лоши. (Petras&Vieux, 1992; Lowenthal, 1994). …Еден аспект не е сè уште целосно разбран од страна на Источноевропските и поранешните советски републики – дека економската слобода автоматски не гарантира благосостојба на луѓето.

Верувањето дека неконтролираните слободни пазари би требале да се остават да ги распределуват ресурсите и големите корпорации да се остават да ги контролираат одлуките за инвестирање би можело всушност да резултира со поткопување на демократијата.

Ако Полска е навистина еден таков (транзиционен) успех зошто Пољаците на слободни и фер избори гласаат за претставници на стариот режим?

Извор: Ruben Berrios, Economic transition in Poland: the relevance of the Latin-American experience, Revista de Economica Politica, vol. 15, n° 4 (60), outubro-dezembro/95.

Превел: Мара

Архива

јули 2010
П В С Ч П С Н
« јун    
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031  
BoomTV -ТВ Препораки