Ја разгледувате архивата локално.
март 12, 2010
Ќе ве одведам на патување…
Патување низ мојот свет… Свет што го ценам и почитувам… Свет по којшто живеам… Свет кој ме дефинира и обликува…
Па како кога мразот нема форма.. а сепак може да ја завземе секоја форма на светов…
Мразот е субтилен… одпочеток мислиш дека не е ништо страшно..а секој чекор ти е чекор кон крајот… а одиш толку сигурно.. толку замајано… незнаејки дека мразот почнува да ти ги замрзнува екстремитетите…
Продолжуваш понатаму… Одиш надевајки се дека ке го поминеш и ке стигнеш до нешто топло… не нема крај… Секој чекор е све потежок.. секој здив ти замрзнува и те потсетува што ке биде од тебе…
едно парче мраз е доволно на улица да ти скрши рака нога.. или недајбоже врат.
лизгаво и интересно.. невино и чесно…
Не губиш надеж… Имаш неколку опции… или да паднеш во некоја пукнатина од која што тешко кој излегол.. или да умреш од измрзнатини… да умреш од дехидрирање.. да умреш од поларна мечка… али се тоа би било недоволно…
на мразот… умираш од внатре… твојата психа те јаде… те јаде како црвосано јаболко како отров кој се шири низ твоите вени… На крајот сам си крив… Сам се убиваш… влагаш во делузии… влагаш во депресии..правиш чудни работи и халуцинираш на велико… мислиш дека ти е топло… а после 5 мин се будиш полу смрзнат…
Мразот е ствар што несака да биде вознемирена…Се е така мирно се додека не чуеш дека крцка… а коа ке го чуеш тоа веќе е прекасно.. најтрагично од све е тоа што мразот никогаш не се одмрзнува… остануваш како една дамка.. а тој и понатаму владее со својата белина…
се се случува многу долго време и завршува брзо…
додека се сетиш ке се свртиш назат но чим влезеш.. нема назат.. секој правец е кон пропаст…
бел е .. а толку црн одвнатре…
Добро е кога си како мразот…. а лошо е кога те газат и мислат се е ко што треба..
Мразот и понатаму мирува иако ги осеќа и најмалите вибрации на километри…
па после кажете мразот немал чувства..
Колку далеку ти ке стигнеШ? (или преведено у реклама на А1 how fa can you go) hahahah
Во сите форми
Ако ве збуни патувањево сум успеал… сепак тоа ми беше целта…или не…
нека ве грицка мистеријата како што мразот ги грицка прстите на несреќните..
Со љубов од icemann….
Posted in Избори, блогосфера, здравје, интернет, историја, кариера, колумни, култура, литература, лично, локално, мистерии, општество, пороци, раскази, сешто, уметност, философија, љубов | Исклучени коментари
март 12, 2010

Тамам решив да одморам малку од твитер која некој го сподели линкот кон текстот (заедно со коментарот за видеото) од ставот на Вуна што го постирал на порталот Окно. Став кој треба да го почитуваме како таков, иако не мора да се сложиме со него. Сепак едно морам да дополнам. Независно дали пишувам за првиот кондом како артефакт или за измислено античко оро, секогаш оној со недостаток на идентитет рипнува во одбрана, па независно од темата која сум ја начнала се редат политички коментари и се колнат мајки и шајки. Овие дебати најчесто во рамките на т.н. ‘дијалог на глувите’, вообичаено завршуваат онака како што почнуваат, без било каков заклучок или придонес кон решавање на некои проблеми или општествени прашања. Ова го нагласувам бидејќи сметам дека е блогосферата последниот бастион на демократското мислење кој се уште не е контаминиран во доволна мера, за да биде надминат. А од друга страна е моќен медиум кој не може да се игнорира.

На последната Glocal конференција настапив со презентацијата From transition to antiquisation, through and beyond the new media in Macedonia, која потралот IT.com.mk ја окарактеризира како политички настап, небаре сум потпарол на некоја политичка партија. Се обидов да објаснам дека процесот на транзиција не донесе некои поголеми промени во сферата на културното наследство (вклучувајќи ја и археологијата). И како што често бива ниту сме првата, ниту последната земја која под закрилата на минатото ги води тековните политички процесите за признавање на една држава под нејзиното уставно име. [презентацијата]

Еве на пример, јас не сум цело време политички коректна. Честопати во моите текстови мислам на ”држава”, а велам ”Македонците”. Постојано пишувам за ”идентитетот” и го поставувам прашањето дали можеме во сегашноста да го потврдиме сопственото минато? Или од неговата таинственост како негација пред заграда ќе замолчиме со уверувањето дека (не)сме ние децата (продукти) на сопствените проекции кои вековно постоеле пред нас. Дали треба постојано да бидеме неутрални? Јас лично не познавам објективен човек!
* * *
Posted in блогосфера, интернет, историја, култура, локално, општество, политика | Исклучени коментари
март 12, 2010
В недела, на 14 март 2010 година, на првата програма на Македонската телевизија, во 20 часот, под покровителство на Град Скопје, ќе биде реализирана специјална хуманитарна манифестација „Скопје 1963 за Хаити и Чиле 2010“.
Организатор на хуманитарната манифестација е Градот Скопје, како град на солидарноста, а целта е да се соберат што повеќе финансиски средства за помош на настраданите градови на Хаити и во Чиле.
Парите ќе бидат собирани преку телефонски јавувања на сите телекомуникациски оператори во земјава, а на телефоните ќе се јавуваат актуелните министри од Владата на Република Македонија, познати личности од јавниот живот, како и Градоначалниците на сите скопски општини.
Емисијата ќе ја реализира „Томато продукција“, гости ќе бидат пејачи од Македонија, а поп-ѕвездата Каролина Гочева и членовите на „Златно славејче“, премиерно ќе ја изведат преработката на големиот хит на Витни Хјустон „Секогаш ќе те сакам“ (I will always love you).

Posted in локално, општество | Исклучени коментари
март 12, 2010
Сите знаеме што е ракиџилница. Место каде се пече, дестилира и произведува ракија. Но во Скопје, во стариот дел од градот познат уште како Стара Чаршија, пред една недела беше отворена првата ракиџилница каде може да се прерипаат почетните процеси и да се заврши директно со дегутирање на разните видови ракија кои се нудат. Во симпатичниот ентериер вгнезден во уличката која води од Даут Пашинот Амам кон Св. Спас никна уште едно место кое допринесува да се врати духот во овој дел од градот. Не ме земајте за збор дали е тоа бившо Арарат, не бев баш во состојба да запамтам. Инаку ова не е платена реклама, само ми е драго што Старата чаршија почна полека да заживува.


Епа на здравје и ајде едно живели!. Па може и некоја блогерска седенка да падне, на вториот спрат има ептен добар амбиент.
Posted in култура, локално, општество, сеир | Исклучени коментари
март 11, 2010
Се јавувам на повикот од Арвена. Радо. Ама не одеше глатко отповикот. Одиме на темата .. првпат видов и кликнав интернет – броузер , што знам, некаде кога бев апсолвент, кога дипломирав .. далечната 1995 година. Одев кај едно другарче дома затоа што имаше некоја зделка со УНет и со тоа неограничен пристап на интернет .. кафе пиевме дур се учитаат пар поголеми слики и пак не беше сигурно затоа што можеше да искокне конекцијата Ама радости беа! Тогаш првпат купив и компјутер, 486ка, се со намера да ја подготвам сам дипломската .. за куцање и штампање дипломска земаа колку за пола компјутер, кај понесигурните третина од цената на компјутерот .. богами тогаш стандард 486ка идеше накај 1200 марки.
Но тоа е историја, онака згодна за на маса муабет .. можеби ниту за тоа. Но тука е вовед .. Воведот е добар да видиме што ќе беше ако немаше воопшто интернет. Малку поинаква е ситуацијата лично јас “да немаВ интернет“ додека останатите имаат, но таа оди во персоналниот домен и нема да биде предмет на блог муабетов.
Моите почетоци се горе-долу врсници со почетоците на интернетот во Македонија, као компетентен сум Иако нередовен отпочеток, некаде по 2003та сум дефинитивно онлајн. И тоа што можам да го кажам е – Да немаше интернет ќе имаше нешто друго. Кога го вртам филмот наназад и правам споредба, дефинитивно, подобрувањето во локалната комуникацијата, ако воопшто постои такво нешто, не ја припишувам како придобивка од интернетот. Оваа локална комунакација си функционираше прилично добро и без интернет .. концерти, другари, телефон, муабет уста-на-уста, сето тоа си ја вршеше функцијата на комуникација и информирање. Дури сум склон да тврдам дека со интернетот локалната комуникација има изгубено во квалитет на содржина, бришам некои си сентимантални вредности како репер. Ако ги додавам нив, отиде муабетот
Сосема спротивно ценам за комуникациите на далечина. Значи се она што е локално, до 20-30 километри, каде можеш да појдеш со точак, локален сообраќај, па ако сакате и пеш, таму сметам дека интернетот нема донесено придобивки, сосем спротивно. Додека она што е подалеку од тие 30 километри, дефинитивно е огромна придобивката. Паметам токму пред самите почетоци на интернетот како пуштав преку 50 писма со CV за работа на некои платформи и бродови, една цела листа препорачани адреси. Сето тоа траеше со месеци и месеци. Само како надоплнување да споменам дека информациите до кои имам пристап како обичен граѓанин и без филтер на локалните или домашните медиуми, е тоа е ептен вредна работа. Не одам подалеку, придобивките се несомнени.
Отворив муабет за овој аспект од интернетот што ми се чини вреден за муабетење, накратко. За другите ќе се информирам локално, но подраго ќе ми биде кафе да се напиеме
Posted in блогосфера, интернет, лично, локално | Исклучени коментари
март 11, 2010
Не се зезајте
“Апелираме до сите граѓани да го тресат снегот од дрвјата и од грмушките пред нивните куќи, згради, институции, службени и деловни простории, како и во дворовите. Снегот е тежок и мокар, и може лесно да дојде до кршење на гранките и на дрвјата. Претпријатието максимално ги ангажираше работниците и механизацијата во расчистувањето на снегот, но поради големиот број дрвја во градот не може да стигнеме да ги истресеме сите, така што неопходно е и граѓаните самите да се вклучат во расчистувањето за да се спречат несакани последици”
“Паркови и зеленило”.
Опасни се овие од Паркови и зеленило,не знам што ќе правиме со толкав број на неистресени грмушки.

ИЗВОР ВЕСТ
Posted in локално, сеир, сешто | Исклучени коментари
март 10, 2010
Мал земјотрес не стресе пред малку, поточно во 14.38 часот по локално време.
Епицентарот на земјотресот бил со јачина од 4.5 до 4.7 степени според Рихтер бил во Косово, во областа Зубин Поток, поточно во местото Исток.


Posted in локално | Исклучени коментари
март 10, 2010

Во нашата редакција последниве неколку денови се јавија многу мина кој беа љубопитни да дознаат повеќе информации околу посетата на градоначалникот на општина Охрид г-дин Александар Петрески.
Според тоа што јас можев да научам околу неговата посета е на покана на советот на градот Волонгон кој совет поради нечесни работи е остранет од функционирање и му е изгласана недоверба и сега опстојува со тим кој функционира привремено се до наредните избори па затоа до сега беше неизвесно како ќе се одвиваат работите, мора да спомнеме дека општина Охрид и градот Волонгонг се зратимени градови. Градоначалникот Петрески допатува со 8 члена делегација меѓу кои и сопственикот на Радио Лав – Иван Пешоски и новинарката Нина Кепеска.
Во Сиднеј делегацијата ке има средба со црковните општини кој не се под канонска јуриздикција на МПЦ-ОА поточно во црквата во Розбери каде што е поставен иконостас изработен во Охрид.
Во недела на 14 март 6 попладне ке има средба со градоначалникот на општина Рогдаил г-дин Бил Серафиновски а на 20 март во Мелбурн е предвидено делегацијата да присуствува на гала балот на комитетот за човекови права во Нерет Ресепшн во Епинг.
Наредниот ден во недела на 21 март 2010 делегацијата ке присутвува во Херитиџ ресепшн во Епинт тоа е поранешниот Македонски центар во Епинг.
Што се однесува до посетите во Камбера, Њукастел и Квимбијан се уште немаме потврдени информации, најверојатно нема да дојде до средба со Амбасадорот н Република Македонија г-дин Перо Стојановски.
Главна тема деновиве беше изјавата на здружението „Здружение за Обединети за Македонија“ со изјава кај Радио Илинден каде се осудува посетата на градоначалникот во Австралија и се прогласува за непожелна личност – персон нон грата.
еве доказ – http://www.radioilinden.com.au/index.php?option=com_content&view=article&id=128:-persona-non-grat-&catid=37:zaednica&Itemid=57
И други медиуми бомбасто излегоја со изјави околу посетат на делегацијата на чело со граданачалникот Петрески во Австралија па ви ги пренесуваме со линкови:
Вмро Дпмне Охрид – http://vmro-dpmne-ohrid.blog.mk/2010/03/09/mihailov-gradonachalnikot-na-ohrid-e-neodgovoren/
Анита Кипаризовска – Крстеска во Inpress изјави: http://vmro-dpmne-ohrid.blog.mk/2010/02/26/petreski-da-go-chuva-ohrid-a-ne-da-se-rashetuva-po-avstralija/
во Inpress пишува: Езерото мирно – езерјаните вознемирени – http://www.inpress.com.mk/?ItemID=2A19E034730F3A4C89F0F565559BEFEA
Информатор: Охридското езеро со плус 24 см вода – http://www.informator.ws/novosti-od-bitola/11384–24-60-.html
Според зборовите на Крсте Наумовски кој зборуваше на радио 3zzz кажа дека делегацијата нее партиска и ја преставува само општина Охрид.
Наскоро ке дознаеме дали ке бидат потпишано некој договори или ке биде промаршена инвeстиција доајгањето на оваа делеганица а наше е да му посакаме добар престој во Австралија и секако ако бидеме поканети на средбите каде ке присуствуваат со задоволство ке известуваме.
текст и фото Никола Ставрески
Posted in локално, медиуми, општество | Исклучени коментари
март 9, 2010
хаххахахах
 Во Охрид веќе не се живее
он.нет
Posted in локално, медиуми, сеир, хумор | Исклучени коментари
март 9, 2010
 Макфакс
Еве што пренесува МАКФАКС:
„ …Стечајците што денеска повторно излегоа пред Владата почнаа со јајца да фрлаат по владата. Тие не бараат да влезат внатре, туку чекаат да бидат повикани од преставниците на Владата.
„Ние не бараме да влеземе внатре, бидејќи минатиот вторник му дадовме листа со барања на премиерот и чекаме да не повикаат“, изјави Лилјана Георгиевска, претседател на координативното тело на стечајните работници од Куманово.
Тие најавија дека ќе се жалат и до амбасадорот на САД, Филип Рикер и до претставниците на политичките партии.
Најавуваат дека секој вторник ќе бидат пред Владата се додека не се реши нивното прашање… “
БРАВО! Абе многу тоа изнемоштените тетки и чичковци кои паѓаа во кома и немаа сила?! Па гледам кршат огради, а од што немаат пари и со јајца фрлаат по Владата?! Мора да се многу револтирани, а?
Нивната „лидерка“ ја гледам дури бира и за кого би давала изјави, а оди и то таа крајност што дури и не сака некои медиуми да ги снимаат нејзините изјави. Патетично беше и интервјуто во живо со Борјан Јовановски, за Студио 2. Го прашува секого дали е дома без примања, и муабетот е: абе, јас не работам, ама женами работи, или децата мои сите се вработени ама тоа си се нивни пари, работам нешто приватно на диво, али немам сериозно вработување.
Гледаме дека тука има се, само не реален проблем, туку фингирани протести. Тие кои навистина имаат мака, не се дел од оваа збирштина.
Да се разбереме, да не се добие впечаток дека јас сум против технолошките вишоци и стечајците. Ги имам и по дома, и во поширокото семејство. Сите тие кои ги знам ја изгубиле работата во лажно приватизирани фирми, кои или пропаднале или нив ги прогласиле за технолошки вишок. Работата ја изгубиле во времето на владеењето на фантомот Б.Ц. и во фирми кои ден денес ги водат комуњарските транзициони олигарси. Сум проверил, законски ниту помош не примаат, ниту било каква помош, зато што не им следи, исто како и на овие пред Владата.
Ова што се прави е најобичен рекет, медиумска помпа и фингерај на пропаднатата опозиција која си игра со сопствениот народ! Срамота! Матори хулигани!
p.s. Еве гледам, на стечајциве – тепачи им се придружи цело раководство на СДСМ (без Б.Ц.), Тито со неговото НСДП и „братот“ Љубе од кај Обединетите. Браво, секоја чест! Сега ќе ве поддржи народот! Само што не се кренале на нозе!
Posted in лично, локално, општество, сеир | Исклучени коментари
|
|
- Последни блог постови
- Последни коментари
Fatal error: Class 'BP_Enhanced_Members_Widget' not found in /home/www/wp-content/themes/bp-blogeraj/footer.php on line 226
|