Блогерај
корисничко име
е-маил
URL на блогот
внеси bloger за адресата на твојот блог да биде bloger.blog.mk
 

Ја разгледувате архивата литература.

Метафизичкиот ужас на постоењетo

март 11, 2010

По границите на ова место постојат прашливи остатоци од железни шини покриени со мов и сеќавања; постојат расфрлани остатоци од куфери врз кои сеуште се гледаат отисоци од прсти, како и неколку вагони кои денес се прибежиште за бездомниците.

Кога пред вас ќе се отвори оваа глетка веднаш помислувате на некакво рушење на вредности, пад на системи или само на временски случајности.

Утринава немо ја гледам како ја чешла својата долга црна коса и се прешувам: каде се нашите временски случајности?

За теророт врз жената, 9ти Март, ден потоа-

март 9, 2010

За слободата и за жената, денот потоа е ден против слободата; За теророт-

za zenata i slobodata- den-potoa-

цртано од раката, Август 2009- од хулахопа- може да се искористи за насловна на пишуван магазин-медиум или внатрешна страна на весник, плакат (формат А4 – хоризонтално, молив), но, за авторските права ќе Ве молам да ми се обратите на hula.hopa@yahoo.com

ЗАПИСИ

март 9, 2010

Ја прелистувам книгата на Гане Тодоровски ЈАВНОПИС и по стара навика по нешто забележувам.Вниманието ми го привлече насловот СОНЦЕ СПРОТИ ОБЛАЦИТЕ,со поднаслов :Спроти стогодишнината од раѓањето на Кочо Рацин(1908-2008)

Симболичната слика  во сублимиран вид ја навестува содржината на написот.Со блескавата метафора Г.Т.го претставува Кочо Рацин…“авторот на знаменитата книга на книгите-“Бели мугри“.. “многустран карактерен актер на современата македонска историја..“Во истиот дух,со подигнат тон,Г.Т.го гради величествениот лик на Кочо Рацин.

“   Почитта кон Рацин е обврска на цела Македонија,бидејќи големи до преголеми се заслугите на Кочо Рацин за Македонија,за македонската литература,за македонската култура,нација и историја;тој е перманентен наш интелектуален и морален инспиратор,наш величествен национален мислител,ингениозен двигател и аниматор на нашиот поход кон слободата,творец и борец од највисок формат и ранг“.

Овој возвишен лик на Рацин е исчекуван и пожелуван:“Конечно,сонцето на Рацин ќе ја пробие блокадата на темните облаци,кои ни ја замрачуваат денешнината“.

Параболата е јасна:слично на архаичните митови,сонцето е спротиставено на темните сили,на темните облаци.

Каква  е содржината на “темните облаци кои ни ја замрачуваат денешницата“:

Тука се опачините на нашиот државно-општествен анархо-плурализам,ништоверци-македонофоби од отворена и прикриена профилација,кои во нашиот национален простор шумат и татнат најчесто непречено и неказнето.Тие,презирајкќи ја  животворната суштина на нациумот и ја копаат предвреме,со цинизам и одиосинкразија гробната јама на преплашената од неволи Македонија; тука е нашествието на антимакедонизмот камуфлиран во срамно историско лицемерие..

.Грда е сликата на опасноста и злокобна е претставата на силите на злото  што влеваат страв.Притоа,присутен е и синдромот на срам од себеси,на ужасното непознавање на себеси,на недоволната самопочит…сето тоа не турка кон конфузијз и и неодговорност.

Во таа и таква мрачнина,како сами посебе да се јавуваат спасоносните асоцијации на силните духови од минатото кои предупредуваат и не храбрат да не  се срамиме од себеси,да не ја загубиме самопочитта.

Низ темнина ,што притиска како смртна опасност, блесокот на сонцето , во појавата на Рацин,  ќе ги разгони темните облаци и ќе не избави од  силите на злото.

Таква е глобалната слика на Македонија и македонството во поетската имагинација на Гане Тодоровски.Перцепцијата на ликовите и посебно на  Рацин како центраен  лик  побудува на размислување за позицијата на авторот.

Општ впечаток е тешката положба  на земјата;таа е загрозена од непријатели, се наоѓа во опасност, во прашање е нејзиното опстојување.Ликот на раскажувачот предупредува на таа опасност и апелира за благовремени мерки.

Опасноста дебне од: нашиот државно-оштествен анархо-плурализам;штурото администрирање;ништоверци-македонофоби од отворена и прикриена профилација,кои во нашиов национален простор шумат и татнат најчесто непречено и неказнето….

Опасноста доаѓа и од “нашиот речиси неизлечив синдром на срам од себеси,на ужасно непознавање на себеси,на недоволната самопочит“,недоволната мобилност што не турка кон конфузија и неодговорност.Застрашувачки прозвучува програмскиот концепт на Прличев дека-ќе не има(и понатаму) ако успееме да се самопознаваме,самопочитуваме и самозаштитуваме.Во логиката на тоа свое тројство-ќе не нема….И повторно предупредување и „нешто повеќе“апел….

Предупредувањата,апелите се упатени до сета наша  официјална и неофицијална јавност за  спасоносно свртување кон Рацин…..“ преку чин на разглас на разумно македонољубие,кое му прилега на 22 век,македонољубие со белези на благородство и смиреност што ќе ја демонстрира нашата изворна и автетична евросуштина.По таков начин  ќе го реафирмираме,реактуализираме и регенерираме големото значење на Рацин..

Како  потсетување за суштината на  афирмацијата… на Рацин, сведочи следниот абзац: “Рациновата епифанија ја исправи Македонија на нозе.Во Рациновиот пророчки глас се препознаа звуците на Прличевите и  Мисирковите визии,се слушнаа заветите на богомилите и се досонија соништата на борците за социјална еднаквост.Рацин му придаде на македонството полетни звуци и интонација на преродба,па во таа историска полифонија дури и траурните акорди на неговата мистериозна смрт на Лопушник.на 13 јуни 1943 година ја стопира заканата на македонофобите да ни ги замрачат националните перспективи…“.

Таков е поетизираниот лик на Рацин,кој“преку неопходните стандардни програмски концепти ќе и ја поврати на Македонија верата во соствените сили и можности на македонството ќе му ја влее животворната сила на самопочитта,ќе ни го артикулира мигот на егзистенционалниот опстој„…..

Содржината на поетската слика на пречекот на Коста Рацин  по повод неговите јубилеи побудува на размислување и поставува повеќе прашања. За достојниот и одважен пречек  ќе треба да се реафирмира,реактуализира и регенерира  големото значење на Рацин.

Да се реафирмира значењето на Рацин претпоставува реафирмирање на идеологијата на Рацин со која е пропиено неговото севкупно дело.Рацин мислеше и делуваше врз  материјалистичките принципи создадени од класиците на марксистичката наука.

Да се реактуализира  значењето на Рацин претпоставува да се актуализираат неговите ставови  за нашето минато и нашата сегашност.Тоа значи да се реактуализира револуционерната борба под водството од комунистичката партија.

Да се регенерира големото значење на Рацин значи да го возобновиме сето она што  го сочинуваше севкупната личност на Рацин.

Како можеме да го пречекаме  Рацин со “..чин на разглас на разумно македонољубие,кое му прилега на 21 век,македонољубие со белези на благородство и смиреност…….Дали тоа му прилега на Рацин?

Дали програмскиот концепт на Прличев не го враќа Рацин назад во 19-иот век?Дали визиите на нашите преродбеници можат да се  поистоветат со тие на Рацин?

Рациновиот пречек  се соочува со  -ништоверци-македонофоби…кои во нашиотв национален простор шумат и татнат најчесто непречено и неказнето..го презират нациумот,и ја копат јамата на преплашената од неволи Македонија….

Рацин би можел да не прекори и да не потсети на зборовите на Димитрија Миладинов:-На зол трн-зла копачка-,а едновремено да ни укаже дека не помало зло претставуваат отпадниците-изроди,кои немилосрдно го ограбуваат овој народ;го лажат и го замајуваат со секакви фами за да можат  полесно  да го плачкосуваат и да ги зголемат личните богатства.

За Рацин големо зло,вистинска несреќа,би бил стравот,немањето верба во себеси, загубата на перспектива.

Достојниот пречек на  Рацин ,по повод на неговите јубилеи,би бил ако се напојуваме со силата на неговиот дух,неговата револуционерност,од неговата неизмерна љубов кон својот народ,готовноста на секаква жртва за доброто на татковината,ако неговата девиза ЌЕ ПОБЕДИМЕ стане  девиза на секој чесен Македонец,

Други домови

март 8, 2010

Некои други домови-
за нови животни станари,
за нови навики и потреби,
со нови насмевки и потраги.

Некои други домови-
без непотребни прашања,
без вишок емоции,
без враќања,
без пристигнувања,
без прашалници во очите.

Овие други домови-
далеку од препознатливи причини,
далеку од посакувани поздрави,
овие други домови без прозорци и прагови.

За авторитетот-

март 8, 2010

За авторитетот, ќе одам преку мултизначноста на Ален Бадју, кој открива четири категории вистини: наука, политика, уметност (арт), љубов. Но, Би напишал да разложиме, да ги отвориме, да дефинираме една категорија на израз, ако говориме за авторитет , да го дефинираме низ категориите;

да ја видиме низ чиста политичка призма (одлука на дневна основа, но и пошироко, одлуки кои се наметнуваат, системски или други), на прашањето кој е авторитет?, треба да одговориме во какво општество живееме ( во .мк: полусоцијалистичка држава/капиталистичко општество), тиранија, демократија, комунизам, итн. политички лидери кои имаат авторитет=authority (власт) даден од нивното членство, но тоа е една група, групирање, или парламентарци или!, Влада, Премиер, Претседател, тоа се избрани авторитети, со гласање, со потпис на тие што гласаат, уредници на медиуми, како директори на компании кои имаат моќ во смисла на легалност, со потписи и одлучувачки моќи, други форми на легални авторитети (можете само да преброите, експертутки), структурен авторитет, законите во еден систем, кои се диктатура, екцес (кант.овски) над прирдните закони (а приори), авторитет во смисла на брутална сила над послабиот (силување, насилство, реф: За слободата ) , а кога пишуваме послабиот тоа е секој подреден кон било кој од овие концепти на легалност (МС), секој/а легален авторитет, всушност не може а да не забега, биејќи контролата кон него е тешко воспоставувачка (судска власт, уставен суд, судии);

но, одиме во научна смисла,  антрополошки, математички, социолошко-политички, физика (фундаментална наука), чиста социологија (каква и да е таа :) или ако се вратиме назад на идејата за авторитет=authority (власт), кој всушност може да биде легален!, како што пишував, како академските титули, професорите, титула зад која стои одредена институција и т.н. peer review;

потоа уметност (арт), или литерати, поети/еси и писатели/ки, сликари, музичари, артисти/актерки, режисери?, но, индивидуи кои имаат сила, моќ како слободни единки, особено препознаени од тие кои ги слушаат, читаат, гледаат, препознаваат, тие кои создаваат креации и реалност од имагинацијата на чистата непредвидлива свест, од тука, е всушност прашањето, што е егзистенција?, за да има свест за говор или создавање?, така што или од тука уметноста има  привилегија да оди по девијантни патишта да ја бара вистината; но кажувањето ништо, е всушност нешто, према тоа, поаѓањето, креирањето, мислата, е веќе од нешто, од создавање, реф: За акцијата; но, идејата да се говори за воопшто нешто, во смисла на зборови или слика, експресија, категорија, хипотеза или друго, дневен разговор, дебата на тема, апстрактни идеи на егзситенција (живот, идеја, смрт на дело, нов систем, врски помеѓу слоеви од систем, реално/имаго), да се говори за воопшто за нешто, прво како ништо, кажувајќи дека сме во ништо!, кажуваме, субјект/објект не постои, што е побиено од самиот текст, и креацијата;

на страната љубов, таа не доаѓа како од горе кон долу, ниту обратно, некој сака некого, туку љубов се раѓа како израз помеѓу две единки, платонизмот во оваа смисла е форма на мастурбирање, сопственост на авторитетот над себе, но да не одиме во таа насока, така што да се говори за авторитет треба да се прошири полето на гледање;

од друга страна философијата, всушност философите, мислителите, немаат никаква легална моќ, но за каква моќ говориме тука, моќ на говор?, насока на свест?, моќ на аргументи?, чиста универзална идеја на која и треба ново светло?, или нештото е сепак во мултизначноста?,

од тука, смислата на ова разложување е: во едно место/време, може да зборуваме само за една аксиома!, од сите овие подсетови на категории!

Во дискусии, особено дебатни ти-ву емисии, кога се пишува авторитет, потребен е пристап или израз од секоја од категориите во исто време за да ја добиеме сликата, но, иако суштински тоа не е возможно, бидејќи секоја категорија има под сетови, кој има свои подсетови на идеи и аксиоми, сепак, тенденцијата мора да биде кон универазлната вистина, од повеќе аспекти, со пристап кон повеќе вистини во исто време.

Lоst Encyclopedia

март 7, 2010

На 24-ти август годинава ќе биде издадена официјалната Lost Енциклопедија.

Опис: Со повеќе од 400 страни и над 1500 слики, Енциклопедијата за „Изгубени“ ќе биде детален водич за ликовите, локациите, предметите, заплетите, односите и митологијата – нештата со кои ги изминавме сите шест сезони на една од најзначајните серии досега прикажувани на ABC, во производство на ABC Studios. Создадена во целосна колаборација сo ABC Entertainment и ABC Studios, ова ќе биде првата и единствена потполно лиценцирана и сеопфатна енциклопедија за сите нешта од LOST, во која ќе биде вклучен и предговор на извршните продуценти Демон Линделоф и Карлтон Кјус.
Автори: Тара Бенет и Пол Тери.

Да се надеваме дека Енциклопедијава ќе стигне и до Македонија.. НЕКОГАШ! :)

П.С. Достапна е уште од сега за нарачување преку Амазон (само за Американците, за жал).

За системот-

март 7, 2010

Ако еквивалент на средено општество или научно оправдан систем е систем составен од хомогени единки, единки врз кои се прават експерименти, бидејќи, експерименти врз масивни системи се прават врз исти сродни единки, за да се дојде до научен закон, не различни, толпата, народот, плебсот, тие што го создаваат системот, најголемиот дел од масата алиас хомогените, ортодоксните,

тогаш хетерогените, тие кои не се дел од хомогената маса, оние единки кои не се земени како научна основа за калкулации и асимптотски дефиниции, за креирање на систем,  така наречените “оставени делови од масата” кои се од другата страна, несвесната, бладачката, грешката, не методизираната варијабла на темната страна, на не припаѓањето, се во дефиницијата на: “хетерогените кои не припаѓаат”, како раздвоен систем (Научен Систем = (1) Хомогена маса минус (2) Хетерогени единки).

Дали се согласуваш да бидеш во хетерогеноста, хетероген, ако си девојка/женка, да бидеш хетерогена, различен/а од масата?

Но, како би размислувале ако ја вклучиме хетерогенста како составен дел од хомогеноста, како еден нејзин дел, како нејзина составност, елементарност (ова да го гледате како втора перспектива, во првиот дел ги разделив како посебни системи, но тука ги гледам како едно). Прашање: зошто и дали системските грашки може да ги гледаме како дел од хетерогеноста?, тоа што одскокнува, како јаки индивидуалци, спиритуалност, интелигенцијата која знае дека не припаѓа, зошто?, е всушност како отскокнува?, ако одам со: Вкупен реален не научен Систем = (1) Хомогена маса  плус (2) Хетерогени единки. Од тука дефиницијата за: “хетерогените  кои припаѓаат”.

Во .мк нема аристократија, такви се декларациите, пишуваат колумнистите: “тоа не е видлива категорија!”, нели, се лажеме, но, да престанеме со заблудите и да напишеме, богати постојат, аристократијата/богатите, но, по дефиниција кој е богат?, се работи за акумулиран материјал (пари, акции, медиуми, фабрики, имот, лозја, планини, сопственост над души, куќи, згради) по единка, (да видиме по одредени дефиниции кој е кој во .мк, кој е богат?, кој се збогатил не чесно= фабриканти/манпулатори/шмекери/професори/доктори/багра/криминалци/политичари/невладини-перални на камен), но и тоа е слој кој се крие, а тука маргината на хетерогените расте, потоа лажниот естаблишмент (уредници на медиуми, новинари, квази интелигенција, квази професорска-научна елита), или да одиме бинарно, што е со хомогените?, што е со масата?, до кога масата ќе биде манипулирана?, парадоксално, тие кои бараат работа во системот, системот во кој егзистираат, но против кој се, ан-блок (во администрацијата, компании кои ги владеат и движат не чесните богати, баграта која ја присвои секоја педа во .мк, медиокритети кои владеат со медиумите, приучени полити, неписмени гниди со политички грб), дегутантноста на развратот и манијата за освета, прашањето, што со хомогените? Освен манипулација како системска грешка/процес, друго не ми се гледа, ниту вреди да се пишува. Прашање е не дали има, туку каква хетерогеност е создадена, кои и се темелите и која патологија излегува од тоа, со која сила?

Хетерогеноста е во слободата, но всушност фундамент на слободата, за слободата, но хетерогеноста ќе мора да се прочисти со силна моќна бескомпромисна оксидација, реагенси и де-камуфлирање (преиспитување на бруталната материјална распределба, на лажниот памфлетски интелектуализам, лажниот естаблишмент, на лажните импотентни будали).

Всушност хетерогени се мислителите, писатели, режисери, уметници, артисти, глумци, архитекти, хетерогените варијанти на слободата, научници, философи (агентите на социјалната промена);

На каква основа се гради систем?, кој не е систем со природна хетерогеност, туку со наметната и брутална материјалистичка јанемиљовски феудалистичка распределба. Прашањето на сила, како удар од зад, треба да им се аплицира на сите кои ја наметнаа лажната хетерогеност. Потребен е против удар со природна хетерогеност.

Равенката е кумулативна и може да содржи и подсистеми, универзално:

∑ Вкупен реален не научен Систем (i) = Хомогени (i)  + Хетерогени (i);

каде i = 1 до бесконечност; но, ако i = 0 тогаш:

∑ Вкупен реален не научен Систем = Хаос;

Почивај во мир Капоре

март 7, 2010

За него прв пат слушнав кога бев гимназијалец, во мансардата на некогашниот „Српски краљ“, каде беа сместени ателјеата на друштвото на ликовните уметници од Струмица.  Таму, седнат на едно чергиче на патосот од штици, го слушав раскажувањето на Момо, сега веќе починат сликар од Струмица… бог да го прости. Момо  до најситни детали им ја раскажуваше „ Фолиранти“ на присутните неколку брадести сликари, испоседнати – кој на кревет, кој на столче, кој на земја. Сликите оживуваа пред моите очи, а во носот го чувствував мирисот на терпентин и разредувач. Штафелаите, четките, боите, сликите и грундираните платна не можеа да го сокријат впечатокот дека овие тавански собички некогаш биле јавна куќа.

Археолошкиот дневник слободен за симнување под лиценцата на Криејтив Комонс

март 7, 2010

На повеќето од вас кој ја пратат блогосферата, познат им е фактот дека на 28 март 2008 година во просториите на библиотеката ”Браќа Миладиновци” се одржа промоцијата на едицијата ,,Блог-записи” во режија на издавачката куќа ,,Аквариус од Скопје. Промотори на овој настан беа Булдиоски Дарко и Сашо Мацановски-Трендо, а со него на некој начин се разби монополот на издавачите и предрасусите кои ги имаат кон писателите што своите дела прво ги ставаат он лајн.

Благодарение на издавачката куќа Аквариус 5 и публикувањето на едицијата Блог записи, Археолошкиот дневник помеѓу 14 други блогови си го најде свое место како книга. Се доби првата битка во игрите без граници, оставајќи зад себе многу “мртви” дела кои на големо задоволство на читателите се заробија помеѓу две корици. Притоа ми се укажа можноста не само преку блогот, туку и преку ТВ медиумите да објаснам што тоа кажав и направив добро за Македонија преку блогирањето за археологијата.

Кон првиот македонски археолошки он-лајн дневник

Во експанзијата на блоговите во Македонија, не се јавија премногу разновидни блогови, оттаму зачудуваше што многу други науки немаат свои “блог-експозитури“, а има блог за археологија. Оваа археологија онлајн  не привлече само стручњаци од нејзината област, привлече и многу луѓе чии афинитети се мистиката, историјата, религијата – теми кои се нужно испреплетен и со самата археологија.

Многу наши поафирмирани археолози може да и завидат на авторката на нејзината пишувачка дарба, која нејзините лични “откритија“ умее да ни ги напише на еден “научно-популарен“ стил, многу префинет, многу јасен и прецизен, пред се,  разбирлив за пошироката интернет публика. Често дополнето  со “артефакти“, како фотографии, аудио-видео материјали, направија нејзиниот блог да се стекне покрај научната, едукативната и со атрактивна димензија.

Лично, причината поради која прифатив да напишам неколку зборови за “археолошкиот дневник“ на Василка е и нејзиниот светоглед  кој е на високо естетско ниво, пра-етички, неоптоварен од провинцијалното мегаломанство, идеолошката преоптовареност или вулгарната политизација која, како и во останатите општествени сегменти е прилично присутна.

Од рецензијата на
Алекс Букарски
(http://bukarski.com)

Летото господово 2000-та година во Струга добив една книга со Амин да ја прочитам. Пораката која ми беше притоа кажана (истата која ја пишува и на нејзината задна корица), се обидов да ја пренесам во модифицирана форма во контекст на овој медиум. Мислам дека успешно ја одбегнав замката сите овие години да бидам само уште една репликација на македонските весници и секојдневието кое не опкружува. Се надевам дека преку Археоблогот успеав барем делумно во обидот на сите вас да ви ја пренесам идејата оти археологијата не е само наука за минатото и мртвите луѓе. Дека е присутна помеѓу нас во секое време и во секаков облик. Всушност с(ветот)е’ околу нас е археологија.

Сметам дека (не)грижата за културното наследство претставува лична карта за интимната хигената на една персона и на една нација кон своите корени. Но во богатиот и колоритен свет на визуелната перцепција, јас сум само една алатка во методолошката постапка при откривање, евидентирање и презентација на културното наследство кое му припаѓа на целиот свет. Мојата работа не е да ви се допаѓам на вам, ниту на било кого. Мојата работа е да бидам археолог. Затоа и се нафатив да го демистицирам полека македонскиот етнос кој како хард-диск со текот на вековите апсорбирал кодови и ги вткал во сопствениот фолклор.

Официјалното лого на Археоблог made by
Panta Rei

Во оваа книга се наоѓаат избрани текстови кои се напишани на arheo.blog.com.mk во рок од 7-8 месеци додека блогирав на таа платформа во 2006. Тие не го отсликуваат во целост моето мислење, заради тоа што во конципирањето на книгата повеќе се одеше на научно-популарни текстови. Со сите пропратни печатни и граматички грешки нормално е дека книгата има мани, но 21 век кога светот стана глобално село, знаењето не треба да се крие, туку за се споделува. За еден подобар свет. Затоа оваа книга е подарок од мене до сите вас. А ќе ги има и понатаму, во хард копи или е-форма.

Караници по блогосферата, контроверзии, селења на повеќе платформи, едно чудо кодови, паѓање на севрвери, губење на постови, повеќе филијали на археоблог од кои некои на моите колеги како и на организации кои работат со културното наследство … Сепак издржав и после 4 години сум се уште тука. Им благодарам на сите луѓе кои изминативе години ме читаа, ми коментираа, ме подржуваа,  оф лајн ме дружеа, посебно на оние кои березервно ми помагаа, ме советуваа и направија Археоблогот да добие една форма приемчива за секого. Ја добив првата битка во игрите без граници на војните без солзи. Show must go on …

За оние кои сакаат хартиена верзија истата можат да ја нарачаат тука. Печатеното издание го објави издавачката куќа „Аквариус пет“ во едицијата „Блог записи“. За останатите Археолошкиот дневник пред скоро една година се појави и во електронски формат, со додадена рецензија од Букарски и под лиценцата на Криејтив Комонс слободен за симнување од сајтот на www.cc.org.mk. За сега сум задоволна од превземањето на книгата која го надмина печатениот тираж. :)

Симни ја книгата во е-верзија
Формат: пдф/2.9 МБ – Превземи

Додаток:

Kраток осврт за книгата може да се прочита на: www.metamorphosis.org.mk и на www.mk.wikipedia.org. И благодарам на Ирина Шумадиева за целата помош околу обработката и поставувањето на делото на сајтот на cc.org.mk.

YouTube Preview Image

Интервју за SKY NET (сега НАША) телевизија по повод промоцијата на Археолошки дневник

*     *     *

Клучни зборовиАрхеолошки дневник, Арвена, блог, археологијакултурно наследство, книга, превземање, лиценца, Криејтив Комонс, Метаморфозис, Македонија, Archaeological diary, Arwena, blog, archaeology, cultural heritage, book, download, licence, Creative Commons, Metamorphosis, Macedonia

Лузни од пердуви

март 7, 2010

Луѓето се раѓаат и умираат како
праските и лисјата во пролет и есен.
Ги менуваме телата како облеката,
и штом се веќе за перење
забораваме кога сме ги носеле.
Менуваме автобуси на космичките станици
билетите ги заменуваме со прамени полни галаксии
собрани во нашите коси.

Сапуница од животи – мрежести екрани.
Црно-бели ликови емитираат
пердуви од ангелски медиуми*.
Ја градиме со вечност макетата на новиот Брод,
врз познатата мапа истураме кафе
како предвидување на умствениот бродолом.

Во ‘рѓосаните катанци ја читаме вистината
којa шушти по патот под нашите нозе.
Во сушата на нашите очи
рефлектираме колективна сонливост.
И така стапка по стапка, поглед врз поглед
од екраните ја гледаме мрежата
од гласовите го слушаме само истекувањето на
водата од пералната;

Лузни ли треба пердувите да ни остават?

_______________________________________________________________

*медиум ~ лице кое комуницира со други светови
.
(песната беше дел од европскиот facebook поетски фестивал, одржан во Нови Сад за време на 16 интернационален саем на книгата во организација на Банатскиот Културен Центар)

Календар

март 2010
П В С Ч П С Н
« фев    
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  
BoomTV -ТВ Препораки
  • Последни блог постови
  • Последни коментари
  • Членови
  • Групи

Fatal error: Class 'BP_Enhanced_Members_Widget' not found in /home/www/wp-content/themes/bp-blogeraj/footer.php on line 226