Блогерај
корисничко име
е-маил
URL на блогот
внеси bloger за адресата на твојот блог да биде bloger.blog.mk
 

Ја разгледувате архивата култура.

Апсурдноста на илегалниот статус – Факти за марихуаната 2.

март 11, 2010

Популарниот мит дека марихуаната води кон користење на тешки дроги доаѓа од самиот факт што таа е нелегална. Тоа е од проста причина што дилерот кој ја продава во голем број случаи може да понуди и потешки дроги.

Не постои ниту еден документиран случај на насилно однесување поврзано стриктно со марихуаната. Во смисол дека марихуаната од мирољубив човек ќе направи насилен агресор. Најголемиот дел од насилствата се последица од алкохолизираност. Тука мора се спомене и спотот кој е дел од рекламната кампања против дрогите. Деликвент е деликвент без разлика дали е на марихуана или на симит погача. Конзумирањето на марихуана ве прави општествено опасен, исто колку што поседувањето на пенис ве прави силувач. Вреди да се спомене и дека една од најстарите референци на користењето марихуана е лулето на мирот.

Научно е потврдено дека THC- активната состојка на марихуаната не предизвикува физиолошка зависност. Зависноста се сведува на навика и начин на живот. Наспроти ова никотинот, кофеинот и алкохолот можат да предизвикаат физиолошка зависност. Да не ги споменувам дијазепамот, лексилиумот и останатите фармацевтски затапувачи кои можат да се набават во било која аптека, а можат да предизвикаат сериозна зависност и трајни оштетувања на црниот дроб и мозокот. Легални се!

Чалгија во чест на мојот дедо

март 11, 2010

Имам обичај повремено да запишувам некои работи околу мојата фамилија па така во еден дамнешен пост, напоменав дека не секогаш фамилијата има врска со кодот. Дека тоа понекогаш е и љубовта? Но кога ќе се спојат едното и другото…

Мојот дедо од таткова страна беше многу скромен човек. Поточно братот на мојот дедо по професија беше столар. Тоа го работеше и така заработуваше за себе и својата фамилија. Меѓу другото од местото каде што имаше дојдено во Македонија (с. Ајватово, солунско) покрај вештите раце во обликувањето на дрвото, со себе го понесе и околу петстотините песни кои ги знаеше. Ги свиреше на гајда, на кавал, на мандолина…

Оригинален омот на плочата Старо Кукушко оро – издание на PGP RTB

Јас бев дете. За да не натера да ги слушаме изворните народни македонски песни, тој ни правеше специјално за нас столчињата со необични облици. Ние седевме на нив, а тој со уживање ни свиреше со саати. Мојот дедо кој со љубов и трпение ни ги свиреше песните во интимата на неговата мала куќарка во населбата Лисиче, смогна сили да го сподели тоа со светот. Ги направи Чалгиите на тогашната МРТВ каде на оригиналните плочи од PGP RTB, стои следниов текст на етномузикологот Боривоје Џимревски од Институтот за фолклор – Скопје:

Чалгиската народна музика, односно ора не се знае точно кога настанале, но најмногу се играле помеѓу двете светски војни од македонското население во Егејска Македонија. Благодарностa што и ден денска оваа музика живее, му ја должиме на даровитиот и пасиониран народен играорец Аристид Филактов, од с. Ајватово, Солунско, кој по народност е македонец, а денес живее во Скопје.

Во меморијата на овој талентиран играорец останале многу ора од поширокото и од потесното подрачје на некогашниот Солун. Аристид Филактов на еден оригинален начин ги предава ората што тој уште од своите млади години ги носи и се уште живее со нив. Како импровизатор на споменатите ора се појавува кларинетистот Тале Огненовски кој со еден индивидуален народен стил импровизира, и на тој начин звучно ги збогатува ората.

YouTube Preview Image

Мој видео запис од концерт на Танец

Мојот татко си споменува дека со години ги учел сега веќе постарите (дефинитивно пензионирани) членови на Танец да ги играат, свират или пеат ората од ејескиот дел на Македонија. Почина кога бев тинејџер. Мојот дедо кој се викаше Аристид Филактов се обидуваше да ни го пренесе на мене и на брат ми наследството кое вткаено во кодот на македонскиот народ провејуваше со стотици години. Тогаш можеби не го сватив бремето кое требаше да се понесе. Но од крв очигледно не се бега. Јас станав археолог, а мојот брат етнолог. Чинам дека и двајцата гордо го понесовме фамилијарниот товар.


Додаток:

За потребите на овој пост, своевремено на Википедија го поставив текстот за Чалгија.  Благодарение на Александар кој сака може да си симне една ракатка чалгии (снимени во МРТВ од 1962-1981) бидејќи се уште ми се во процес на префрлување во mp3 формат сите плочи со чалгии кои ги поседувам дома. Ќе ги споделам во зависност од брзината на дигитализацијата . Барем толку му должам на мојот дедо.

Силфиум, античкото срце од Кирена

март 10, 2010

Пред отприлика 2600 години, голема суша допловила на островот Тера во Егејското Море.  Жителите биле бројни, прекубројни за скудните ресурси на малиот вулкански остров, многудетни за лебот им насушен. Решиле да фрлаат ждрепка, кои од жителите ќе го напуштат островот, кои ќе останат. Наполниле крцати два кораба луѓе, и ги испратиле, секому по корка леб и вреќа ксмет. На разделба многумина молчешкум помислиле, и од тие што кинисале, и од тие што останале, „ах, камо неколку дечиња помалку да имавме, сега не ќе се раздлевме.“

Ксметот на југ ги повел и до северноафриканскиот брегот ги довел. Луѓето се скрасиле на работ од плодната депресија и го заградиле градот Кирена (Cyrene), по кого и ден денешен се именува областа Киренајка во Либија.

Луѓето се зафатилеи си живееле, кој ковач, кој сточар, кој терзија. Но, никој од жителите на Кирена не можел да претпостави ниту во најлудите соништа дека столб на севкупното живеење и економија на градот ќе стане локалното растение Силфиум (Silphium), див разијан сличен на анасон, но многу многу поголем. Скапоценото растение кое имало семе во облик на срце се користело како лек, делувало против кашлица, разни болки и тртки, додека од исцедокот на засеченото растение се правел вкусен резок сок. Но сите овие благодети на силфиумот не биле ништо наспрам неговата двојна моќ во креветот, како контрацептивно средство и како афродизијак. Силфиумот бил надалеку и нашироко познат во античкиот свет.  На сите познати и непознати јазици се раскажувало и се шепотело – по александриските пазари, во колосеумот римски, дворовите на кралска Пела, та се до распнатиот во пустина персиски шатор и слоновата корпа на индиските махараџи – “ќе водиме љубов се дури имаме силфиум“.

Монета од Кирена – силфиум и жена како се допира долу

Најпознатиот римски гениколог и физичар од тоа време, по име Соранус, тврдеше дека е доволно жената еднаш месечно да пие сок од силфиум растворен во вода за да ја спречи бременоста, и не само тоа, туку сокот од силфиум може да го спере веќе постоечкиот плод стар до 40 дена. Алтернативно, може малку волна да се натопи во сокот од силфиум и накратко да се вметне во вагината за продолжено задоволство на обата партнери и нула ризик од несакана бременост.

Очекувано, слифиумот е претсатвен на сребрените и златните монети, и како да не биде, кога, во одредени периоди семето-срце наместо злато се чувало во трезорите на Кирена. И постоеле безброј обиди растението да се култивира, да се расадува и пресадува, но сите биле неуспешни. Срцето не растело никаде на друго место. Семето не виреело никаде на друго место. Откога се појавиле натрапниците и шферцерите на оваа уникатно богатсво побарувано и вреднувано ширум стариот свет,  Кирена со кралски указ ја регулирала жетвата и правата на користење на љубовното растение. Слодострастието и уживањето во сексот станало кралска работа.

Монета од Кирена – семе на силфиум во облик на срце

Во златните години на Рим, широката употребата на силфиумот во империјата не влијаел единствено на љубовниот живот, туку имал редица последици. Наталитетот значително се намалил, животниот век се зголемил, богатството се слевало од сите страни. Постоело изобилие на храна, поетите рецитирале, скулпторите вајале, населението било задоволно и имало релативно малку војни. Но секое задоволство кратко трае, та нека е и силфиумовото продолжено и вознесувачко задоволство на семето срце. Не се знае како, не се знае зошто, историчарите ретко ги бележат тие моменти, но се знае преку сведоштвото на Плиниј Постариот во 1 век од нашата ера дека последната грмушка силфион била пратена на имераторот Нерон да ја задоволи неговата “љубопитност.“ Се говори дека поради низа управни грешки и лоши римски империјални намесници силфиумот бил препуштен на прекумерната испаша од локалните сточари, или дека алчноста допринела шферцот да му отстапи место на строгиот кралски указ. Сеедно, со исчезнувањето на силфиумот исчезнува една ера, антиката со нејзинта фолозофија, морал, етика и општествена политичка творба, додека, паралелно се раѓа нова, ера каде контрацепцивните моќи на силфиумот не можеле да влијаат, ерата на христијанството.

античко објаснување на сликата – сакам да имам секс со ЕУ без обврски

промена(11 Март 08:00)

Сакам да Ве известам дека констатирав појава на општа збунетост и прологот со датиранава промена ќе биде отстранет од телото на записот. На жестоките реакции од читателите доставени преку мејл за корекција на местото на прологот во записот, решив наполно да го отстранам, наместо корекцијта, по укажувањата на мнозинството, да го префрлам на почетокот од записот. Дополнително, се уважува предлогот на еден швајцарски читател за исфрлање на минарињата од претходно предложениот слоган за високо уважената европска иницијатива и негова промена во – Кондом за секој Дом!

Апсурдноста на илегалниот статус – Факти за марихуаната 1.

март 10, 2010

Напомена: Овој блог не е со цел да пропагира користење на марихуана, туку да се избори за измена на легалниот статус на растението Cannabis Sativa во Република Македонија. Од постепена декриминализација до целосна легализација. Ова е остварливо само доколку се побијат урбаните митови и предрасуди со факти. Факти кои се резлутат на долгогодишни научни испитувања.

Не постои ниту еден документиран случај на смрт поврзана со предозираност од марихуана. Лабораториските експерименти со глувци покажуваат дека фаталната доза на THC (тетрахидроканабинол) e 42 милиграми по килограм телесна тежина. Ако се направи пресметка на концентрираноста на THC во марихуаната со тежината на просечен човек, тогаш фаталната доза може да се внесе само со пушење на 680 kg марихуана во рок од 14 минути!!! Ефективната фатална доза на THC e 5000 пати поголема од максималната доза на што може да се внесе преку пушење на марихуана. Ова ја прави марихуаната далеку по безбедна од кофеинот, никотинот и алкохолот. Дури обичната паста за заби е по токсична ако се конзумира.

Не постојат валидни докази за трајни органски оштетувања предизвикани од прекумерно конзумирање марихуана. Единствено нешто што е сигурно е штетноста на катранот кој се внесува при пушењето, краткорочни потешкотии со помнењето (реверзбилни се и исчезнуваат по детоксикација) и мрзеливост и поспаност како пост ефект на опијанетоста со THC. Самата нелегалност на марихуаната создава потешкотии при темелните и опширни испитувања.

Медицината се повеќе ја користи марихуаната како терапија за широк спектар на болести и пореметувања. Поагајќи од фактот што таа е далеку побезбедна од синтетичките лекови, ефектите што ги постигнува, па се до цената на производство ја прави марихуаната се поприсутна во современата медицина. Обемот на терапевтска примена е навистина огромен, па за подетални информации на следниот линк:

http://en.wikipedia.org/wiki/Medical_cannabis

Красотата е навсякъде

март 10, 2010

Картини на Венета Дочева: Красотата е в простите неща

YouTube Preview Image

Антиката е за во кафана, ама и за на бина

март 10, 2010

Откако видеово ги сврте фејсбук, твитер, блоговите (1,2) и послужи за потсмев кај корисниците, а подоцна се појави на А1, редно е да го архивирам и на мојот блог. Ова е т.н. ”Античкото оро” кое го игра КУД „Никола Карев“, ансамбл од Австралија. За кореографијата и костимографијата имаат чиста десетка. A видеото е интересно за набљудување чисто како антрополошки феномен за некоја магистерска, а богами и докторска дисертација. :roll:

YouTube Preview Image

А сега погледнете го следното оро одиграно од јапонци. Го сподели своевремено еден мој пријател на фејсбук кој имал можност да претстојува во оваа далечна земја, каде има неколку ансамбли кои го негуваат македонскиот фолклор со огромна страст и почит, просто човек да им подзавиди. :)

YouTube Preview Image

Стави ме на мапата од светот

март 10, 2010

Пошто ако не ме ставиш ТИ,

ќе се ставам самата… :)

Турбофолк: Античко оро

март 9, 2010

YouTube Preview Image

„Античко оро“ во изведба на некое КУД „Никола Карев“ од Австралија се шири како чума на потсмевот по Фејсбук.

Зар не гледаат дека ваквите очигледни, новокомпонирани „народни“ „обичаи“ директно влијаат на нарушување на имиџот за исконското потекло на етничкото македонско наследство.

Барем пластичните костими и реквизити им изгледаат подобро од оние на роднокрајната фушерајска фаланга што ги пречека Хунзите.

Македонец сум од антички ков – Македонско античко оро

март 9, 2010

КУД „Никола Карев“ од Австралија во својот фолклорен репертоар го вклучи ова Македонско античко оро. Искрено им честитам на изведбата и кореографијата, имагинацијата и визијата.

И воопшто не се потсмевам, во таа улога се здружени македонските негатори.

Александар е наша судбина!

„Млад научник на годината“

март 9, 2010

ВИД: Награди

ИНДУСТРИЈА: Култура

Организирано од: фонд за млади научници „Вита Поп-Јорданова“

ЛОКАЦИЈА: МАНУ, Скопје

ДАТА: 9.3.2010 ГОД.

ВРЕМЕ: 12.00 ЧАСОТ

ТЕМА: Врачување на наградата „Млад научник на годината“ за 2009 година од Фондот за млади научници „Вита Поп-Јорданова“.

ПРЕЗЕМЕНО ОД: МИА

Календар

март 2010
П В С Ч П С Н
« фев    
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  
BoomTV -ТВ Препораки
  • Последни блог постови
  • Последни коментари
  • Членови
  • Групи

Fatal error: Class 'BP_Enhanced_Members_Widget' not found in /home/www/wp-content/themes/bp-blogeraj/footer.php on line 226