Блогерај
корисничко име
е-маил
URL на блогот
внеси bloger за адресата на твојот блог да биде bloger.blog.mk
 

Ја разгледувате архивата колумни.

Силфиум, античкото срце од Кирена

март 10, 2010

Пред отприлика 2600 години, голема суша допловила на островот Тера во Егејското Море.  Жителите биле бројни, прекубројни за скудните ресурси на малиот вулкански остров, многудетни за лебот им насушен. Решиле да фрлаат ждрепка, кои од жителите ќе го напуштат островот, кои ќе останат. Наполниле крцати два кораба луѓе, и ги испратиле, секому по корка леб и вреќа ксмет. На разделба многумина молчешкум помислиле, и од тие што кинисале, и од тие што останале, „ах, камо неколку дечиња помалку да имавме, сега не ќе се раздлевме.“

Ксметот на југ ги повел и до северноафриканскиот брегот ги довел. Луѓето се скрасиле на работ од плодната депресија и го заградиле градот Кирена (Cyrene), по кого и ден денешен се именува областа Киренајка во Либија.

Луѓето се зафатилеи си живееле, кој ковач, кој сточар, кој терзија. Но, никој од жителите на Кирена не можел да претпостави ниту во најлудите соништа дека столб на севкупното живеење и економија на градот ќе стане локалното растение Силфиум (Silphium), див разијан сличен на анасон, но многу многу поголем. Скапоценото растение кое имало семе во облик на срце се користело како лек, делувало против кашлица, разни болки и тртки, додека од исцедокот на засеченото растение се правел вкусен резок сок. Но сите овие благодети на силфиумот не биле ништо наспрам неговата двојна моќ во креветот, како контрацептивно средство и како афродизијак. Силфиумот бил надалеку и нашироко познат во античкиот свет.  На сите познати и непознати јазици се раскажувало и се шепотело – по александриските пазари, во колосеумот римски, дворовите на кралска Пела, та се до распнатиот во пустина персиски шатор и слоновата корпа на индиските махараџи – “ќе водиме љубов се дури имаме силфиум“.

Монета од Кирена – силфиум и жена како се допира долу

Најпознатиот римски гениколог и физичар од тоа време, по име Соранус, тврдеше дека е доволно жената еднаш месечно да пие сок од силфиум растворен во вода за да ја спречи бременоста, и не само тоа, туку сокот од силфиум може да го спере веќе постоечкиот плод стар до 40 дена. Алтернативно, може малку волна да се натопи во сокот од силфиум и накратко да се вметне во вагината за продолжено задоволство на обата партнери и нула ризик од несакана бременост.

Очекувано, слифиумот е претсатвен на сребрените и златните монети, и како да не биде, кога, во одредени периоди семето-срце наместо злато се чувало во трезорите на Кирена. И постоеле безброј обиди растението да се култивира, да се расадува и пресадува, но сите биле неуспешни. Срцето не растело никаде на друго место. Семето не виреело никаде на друго место. Откога се појавиле натрапниците и шферцерите на оваа уникатно богатсво побарувано и вреднувано ширум стариот свет,  Кирена со кралски указ ја регулирала жетвата и правата на користење на љубовното растение. Слодострастието и уживањето во сексот станало кралска работа.

Монета од Кирена – семе на силфиум во облик на срце

Во златните години на Рим, широката употребата на силфиумот во империјата не влијаел единствено на љубовниот живот, туку имал редица последици. Наталитетот значително се намалил, животниот век се зголемил, богатството се слевало од сите страни. Постоело изобилие на храна, поетите рецитирале, скулпторите вајале, населението било задоволно и имало релативно малку војни. Но секое задоволство кратко трае, та нека е и силфиумовото продолжено и вознесувачко задоволство на семето срце. Не се знае како, не се знае зошто, историчарите ретко ги бележат тие моменти, но се знае преку сведоштвото на Плиниј Постариот во 1 век од нашата ера дека последната грмушка силфион била пратена на имераторот Нерон да ја задоволи неговата “љубопитност.“ Се говори дека поради низа управни грешки и лоши римски империјални намесници силфиумот бил препуштен на прекумерната испаша од локалните сточари, или дека алчноста допринела шферцот да му отстапи место на строгиот кралски указ. Сеедно, со исчезнувањето на силфиумот исчезнува една ера, антиката со нејзинта фолозофија, морал, етика и општествена политичка творба, додека, паралелно се раѓа нова, ера каде контрацепцивните моќи на силфиумот не можеле да влијаат, ерата на христијанството.

античко објаснување на сликата – сакам да имам секс со ЕУ без обврски

промена(11 Март 08:00)

Сакам да Ве известам дека констатирав појава на општа збунетост и прологот со датиранава промена ќе биде отстранет од телото на записот. На жестоките реакции од читателите доставени преку мејл за корекција на местото на прологот во записот, решив наполно да го отстранам, наместо корекцијта, по укажувањата на мнозинството, да го префрлам на почетокот од записот. Дополнително, се уважува предлогот на еден швајцарски читател за исфрлање на минарињата од претходно предложениот слоган за високо уважената европска иницијатива и негова промена во – Кондом за секој Дом!

На сите ќе ни биде поубаво во рајот, поготово ако е кучешки а не човечки

март 9, 2010

Неверојатно е како Македонија функционира. Неверојатно во какви противречности живее, а се плашам дека има многу малку луѓе кои ваквите нелогични тумачeња можат  да ги рационализираат.

„Борбата против корупцијата“. Оваа дефиниција мене ми звучи како некаков Ритуал – „Борба против корупција“,  ви звучи како ритуал?  Премиерот и Претседателот го мантраат овој ритуал: „Борба против корупција.“ Па имаме повторно Ритуал: „Борба против корупција“ ако e ден,  „борба против корупција“ ако е ноќ  – и толку.

Ако претседателот на Македoнија нешто каже (новинарите ме неривраат кога велат „Претседателот на Македонија ‘изјави’“ – тој не изјавува, тој кажува, зборува, говори, нели?), тоа мора да има некаква тежина, мора да има длабока и морална смисла. Мора да има некоја логика во неговото зборување, а ако пак претседателот е од владеачката  партија, тогаш ако неговиот говор  е климав, нејасен, нелогичен, последиците треба да ги сноси владеачката партија. Меѓутоа што се случува: нашиот Претседател на државата најавува, после  премиерот, разбира се –  сериозни борби против корупцијата и промена на името.  Гледате и сами, човекот нема некои посебни аргументи –  овие врвни приоритети на државава немаат  озбилни последници – кога велам „последици“ мислам на решавање на проблеми. Мрдање кон  напред?

Ако за момент ја отфрлиме централната власт, а знаеме дека постои и локална власт, тогаш и тие имаат некаква потреба од  „грцкање“, „мантрање“, „лушпње“, трлање“, „рендање“ итн. Ме разбирате? Ајде по ред.

Ако ја бараме целата слика ќе видиме како некаква „сивна зона“ да ни шета пред очите: се е некако  крвнички; лошо; желудечно;. Во здрава демократија или – ако е оваа  саглам држава најмалку  што  треба да се случи е  пад на владата, или да се изврши некаква реконструкција на владата. И најнормално би било кога тоа претседателот на државата ќе  го најави.  Ако Скопје како главен град, односно Скопје како главен град на цела Македонија во кој „живурка“ некаков „латентен“ коруптивен сурогат, тогаш велам, претседателот е тој кој треба да најави пад на владата или реконструкција на владата. Затоа што нема никаква борба против корупција или нема „влечење на напред“ кон  Европа и кон Нато.

Да  го парафразирам Маркс: „една работа може да биде трагедија, другата комедија, а третата и четвртата, петтата и  шестата  може да биде само потсмев кај граѓанинот“, што реално и се случува.

Мене искрено ми е жал што условно речено „мојот“ претседател го губи својот кредибилитет. Што да му праам сега – што не ја откажа кандидатурата? Или пак сега да почнам да го цитирам Рамбо Амадеус, веќе кога се отворив: „Невероватна је та ствар кад почне лова да пристиже како ти одма зине гузица на неке ствари. И колко год бесмислено зараѓујеш новац, толко га и бесмислено трошиш (во случајов со се претходно  – говорење безвезни безвезарии што немаат врска ниту со мене и мојата фамилија, а богами, нема никаква врска и со реалноста.).

Јас претседателот на мојата држава го замислував како човек кој јако малку говори, ама кога ќе говори – тоа мора да има силни последици.

А вака што: што живи мајка ние имаме постигнато со реформите, економијата, Европа, Нато, корупција, здравство, ајвари, сирења, јаболка, грзоје, образование…. Што бре?

Не е повеќе битно  за толку мал народ од само два милиони граѓни  дали владата ќе уапси двајца или тројца дилетанти или декадентни ѓубриња, проблемот е што јас повеќе  не верувам во овие институции. Не верувам како што и реков на самиот почетокот,  се’ се најавува ритуално: „Еве сега се живо ќе уапсиме“!. Како бре да поверувам на овие будалаштини кога проблемот е системски; како сега да им верувам на овие пораки?  Моето опкружување ми кажува дека во се она што ме убедува владата нема никаква врска со реалноста, како прво, а како второ, ужасно ме потценува со овие пароли и пораки. Првата „когнитивна“  ствар ми вели „Па со кого бре вие се заебавате?“ А потоа ме „удира“ депресијата и разочарувањето. Ај да бидеме малку возрасни:  Колку граѓани навистина веруваат дека владата може да се справи со корупцијата или пак  да ја однесе државава  во Европските перспективи?

Макс Вебер вели: „Кога еден цивил/граѓанин ќе види дека борбата е популистичка односно реторичка,  тој стекнува морално право да биде соучесник во самата корупцијата.“

Што прави еден градоначалник? Што прави еден директор? Што прави еден чиновник во бирократскиот апарат? Што прават сите овие луѓе на локално ново, надвор од врхушката кога ќе ги слушнат овие пораки од најголемите функционери на една држава, во случајов нашите? –Ништо, само добиваат „Бланко чек“ за нивно понатамошно  занимавање со коруптивни методи – совладување на ситни интереси потпомогнати од корупцијата – нивната единствена компетенција.

Со самиот овој општествено–социолошки импут, звучи малку парадоксално ама мислам дека функционира  – Господа функционери, продолжете да се корумпирате!

Има некоја смисла, нели? Устите на сите има се полни со Економската криза. Прашањето е: Во каква морална кондиција се наоѓа ова Македонско друштво за да може да ја преброди таа криза? Или било која криза? Мене ми паѓа на памет дека ние сме магнет за кризи затоа што ние сме слаби во таа условно да ја наречам „морална кондиција.“

Во рајот ќе биде се убаво, а дотогаш да му се препуштиме на „бранот“ на шовинизмот, расизмот, национализмот, реторичките војни и прдењето пред нашите  телевизори. И додека ние си живееме и ќе продолжиме да си живееме во „липа наша“, да не ја потцениме  втората екстремна десница која не е во власта – втората екстремна десница е како „бекап“ и се шета  по вашите  улици, стадиони, мава низ вашите плоштади, ви се заканува. За жал, наше е да одлучиме што ќе правиме.

Или пак, може на сите ќе ни биде поубаво во рајот. Поготово  ако е кучешки а не човечки.

„НА МАКЕДОНИЈА И ТРЕБА НОВА РОЗА ЛУКСЕМБУРГ ! “

март 8, 2010

Идејата за оваа колумна не произлезе од денешното прославување на Денот на жената 8 Март, туку неколку недели претходно кога во јавноста медиумите информираа за неколкуте смртни случаи на родилки и нивни чеда, условите во гиниколошко-акушерските клиники, владиниот проект „трето, четврто…., дете“ и неколку други заемно поврзани теми.

Вчера (7 Март), бевме сведоци на инициран марш на жените од опозицискиот блок по повод 8 Март, а насочен како што кажаа кон „владината политика и уназадување на женските права“. Без да навлегувам во пропратните елементи на протестот (организатор, пароли, масовност и сл.), во еден дневен весник под информацијата ги прочитав коментарите на читателите.

И замислете апсурди !

Меѓу повеќето позитивни кометари, ден коментар ме испровоцира да ја напишам колумната по повод 8 Март. Кометнарот ме соочи со нерационалноста на размислувањето на читателот, но и со се почестите размислувања вкалапени во „актуелните партиски ставови“. Еден од коментаторите, меѓу другото вели вака: „…. Ги гледам комуњаркиве од СДС. Колку богато дотерани, убаво нашминкани, добро нахранети и сите до една вработени. Се прашувам, што им фали? Некакви женски права?…, А и зошто протестираа вчера, а не денес на 8-ми март? Затоа што денес истите тие ќе кркаат, пијат и играат чочек во некој луксузен ресторан. Што не се скријат некаде за да не ги гледа гладниот народ. Срамота!“.

Во што е (според мене нелогичноста на коментаров)?

Веќе одамна заборавивме на вистинската смисла на празнувањето на 8 Март. Да беше жива Роза Луксембург ќе требаше на не научи како се бранат родовите (женските) права, како се бранат правата на работниците воопшто, и како се брани правото на пристојна живеачка и достоинство!

Каде сме ние тука?

Ме иритираат размислувања од овој тип, зошто не го зафаќаат суштинското прашање. Без разлика кој ги води и прави протестите, тие одамна се ненасушна потреба на македонското општество против наездата од тоталитаризација на системот против кој навистина ќе ни треба нова Роза Луксембург. И си поставувам прашање: Ако жените кои протестираа вчера се „комуњарки, богато дотерани, убаво нашминкани, добро нахранети и вработени“, дали тие (според овој читател кој има голем број истомисленици во власта), немаат раво да протестираат затоа што им е добро!

Или пак вака: Зошто не протестаа жените од владеачката политичка гарнитура и тие се богато додтерани, убаво нашминкани, добро нахранети и сите се во власта?

А тоа што повеќето ќе играат во рестораните низ Скопје, не ја намалува важноста на протестот како еден од облиците на јавно искажување на незадоволство.

Суштината на проблемот и апсурдноста на коментарот е во нешто сосема друго, што во суштина ја отсликува како што кажав нужната потреба од општествена реакција на неколку последователни потези на Владата, кои навистина не одат во прилог на правата и достоинството на жената, туку во прилог на владиниот популизам и неспособноста да се справи со вистинските проблеми на граѓаните. Еве ги примерите за тоа:

„Проектот за проширување на семејството“ или попознат како „Проект трето, четврто…. дете“. На почетокот беше замислен да го поттикне наталитетот во средините со ниска натална стапка, за сметка на останатите општини кои не беа во таа категорија. Таа одредба од законот падна на Уставен суд, бидејќи не ги третираше правно еднакво сите граѓани (жени) во Република Македонија. А не знам што очекуваа ?! Помина една година, па откако им се виде дека Буџетот нема да го издржи опроварувањето, дека ќе има голем број на потенцијални пензионери само по основ на раѓање, се одлучија да ја укинат  одредбата од законот што се однесуваше на оваа мерка што јас ја нарекувам „субвенционирање на правење деца“. Да биде иронијата поголема и метафората посурова децата неможеме да ги споредуваме со јагниња, килограм тутун или лозова садница, тие се раѓаат од љубов и за нив родителската грижа е вечна и секако нема да трае додека Владата дава пари за нив. Замислете ја сега состојбата на жените-мајки кои заради приход во семејството се одлучиле да родат трето, четврто или пето дете…(!). Дали тука можеме да зборуваме за достоинство и еманципација на жената кога заради недостаток на средства за живеење се одлучува да чува повеќе деца, со надеж дека ќе се биде финансиски обезбедена по нејзината 62 година….

Укинувањето на „Проектот трето, четврто, пето дете….“ ја достигна својата апсурднот и нечовечност кога во болниците низ Македонија почнаа да умираат родилки заедно со нивните чеда, заради мизерните услови во гиниколошките одделенија, заради нехигиената и заразите кои во западноевропските земји се искоренети во 19 века, а ние во 21 век се соочуваме со истите. Да не бев мајка и да не ги почувствуват овие услови во кои претстојуваат родилките, можеби ќе коментирав како горечитираниов читател… Во Македонија најсреќниот момент во животот на една жена се претвори во момент на страв и молба да се „погоди докторот“ и по породувањето побргу да си замине дома за да може, за себе и за своето бебе да обезбеди нормални, неопходни хигиенски услови за престој и живеење.

Па Ви се молам, за какви 40 милионски тендери и реформа во здравството зборува Владата кога болниците штедат на средства за хигиена, кога разни инсекти (кои шират зараза) шетаат по болничките соби, тоалетите и креветите на пациентите! За каква реформа на здравството зборуваат кога лекарската етика и хуманоста на персоналот во болниците е сведен на граници на непристојност! За каква реформа зборуваме кога и покрај средствата за здравствено осигурување што ги плаќа секој вработен секој месец, мора да ги купува најелементарните материјали за лекарска интервенција (шприц, игла, анелгетик и сл.)! За каква грижа за граѓаните зборува Владата кога гради маркантни споменици за сметка на болните и пациентите на кои им е потребна итна и постојана здравствена заштита! Секој ден се соочуваме со реалните проблеми на граѓаните: пациентите на дијализа, болните од рак, леукемија, дијабетес, цистична фиброза и уште многу други кои чекаат помош од државата…

Ако на овие теми ги додадеме останатите проблеми со кои се соочуваат граѓаните во Македонија (во овој контекст ги издвојувам жените!): правата на текстилните работнички и воопшто работничките права, слободно можам да заклучам дека јавноста во Македонија или нема критичка свест за актуелноста на проблемите со кои се соочува, или пак, има свест, но нема храброст да излезе јавно да го изрази своето незадоволство, се разбира „заради демократијата и слободата на говор“ со кои се фали Владата, а го прави спротивното.

Револтира фактот што Здружението на жените на РМ, но и други здруженија кои третираат родова проблематика и човекови права не покажа интерес да застане во одбрана или подобро кажано во критика на горенаведените настани кои директно ги тангираат правата на жените и нивното достоинство.

Револтираат критиките од власта кога било кој, па дури и ССМ ќе застане во одбрана на работничките права!

Револтира фактот што Владата наместо да го европеизира работничкото законодавство, го враќа во времето на Роза Луксембург, особено со законските одредби кои им даваат слобода на работодавачите (приватни и државни), да си поигруваат со правата и судбината на работниците. Познавам повеќе приватни текстилни компании, но и други стопански субјекти во кои работат работници на кои им се кршат основните работнички права, меѓутоа инспекциските служби ниту влегле, ниту имаат слух за проблемите на оваа категорија вработени (ако навистина се вработени во правна смисла на зборот)!

Кога сето оваа ќе се собере и здраворазумски ќе се анализира, сметам дека во скоро време ќе биде потребно да се оживее духот на Роза Луксембург, и ако не на овој, можеби за другиот 8 Март, без да се прават партиски есапи околу тоа „кој и зошто излегол на протест и како изгледал“, граѓаните ќе се ослободат од стравот што го наметна оваа Влада и конечно ќе излезат да го искажат своето незадоволство од нерешените-решливи проблеми. Доста е со повикувањето „ние не сме виновни…, за ова е виновна владата на Црвенковски, и сл.“. Тоа не ја амнестира Владата од нејзината одговорност да ги решава проблемите на граѓаните. Нели е Влада на сите граѓани на Македонија!?

Остануваат само две прашања: „КОГА?!“ и „КОЈА Е НОВАТА РОЗА ЛУКСЕМБУРГ?“

БЕСПЛАТНИ РАБОТИ ПОВЕЛЕТЕ ………….

март 8, 2010

ЕДНОСТАВНО БЕСПЛАТНО И БЕЗ ПАРИ САМО СЕ РЕГИСТРИРАШ И НИШТО ПОВЕЌЕ РАБОТАТА Е ЗАВРШЕНА ЗА МЕСЕЦ ДЕНА ИМАШ ПОДАРОК ПОСЕТЕТЕ ГО САЈТОВ:

http://www.e-castig.com/index.php?r=aJKs

НЕМА ДА ЗАЖАЛИТЕ………………………………

Купувајте коли, банкрот сме – мислење 128

март 8, 2010

Утрински весник,

30 јануари 2010

Мислење 128

Купувајте коли, банкрот сме

____________

 Незнам за вас, но јас се сомневам дека владата е искрена и филантропски расположена, кога се работи за дозволувањето да се увезуваат стари и скапани автомобили. Верувам веќе знаете дека ќе се дозволува увоз стари возила, постари од 10 години и со еколошки стандарди од овој што сега е на сила во нашата држава. Велам дека верувам оти веќе знаете за одлуката затоа што пулените на власта се пуштија на терен да ја објаснуваат како нешто најдобро што можело да ни се случи. Па така го видовме „возачот“ Влатко Ѓорчев во „јади бурек“ како обилно објаснува дека народот требало да се вози во автомобили, наместо да чека по пола сат автобус. Мммм. Навистина интересно објаснување, кое се обидува кај нас да остави впечаток дека власта толку многу го љуби овој народ па е подготвена за него да ги спушти еколошките стандарди. Има да се гушиме, но народот ќе се вози во голфови, кои според премиерот не биле крш. Убеден сум дека ако продолжи притисокот кон него, по оваа најнова пропагандна финта, тој ќе се качи на некој ден и во голф кец. Рејтинг си е рејтинг. Се покажа дека без тоа не се може…

Но, дозволете да се вратам на генијалните пројави на Влатко. Оти тој е пратеникот кој што мора да брани се и сешто. Има барем неколку приговори кои легитимно може да се дадат, само ако малку размислувате на тема. Прво, околу транспортот. Да се потсетиме дека неговата партија е на власт 4 години, и дека во меѓувреме им пропаѓаат обидите да купат автобуси по неверојтни цени. Имено, цените кои беа во оптек, и за среќа јавноста се побуни, беа како државата да купува ескадрила од авиони. Ама малку фалеше и тоа да помине. Значи автобусите се такви какви што се, државата требаше да го решава тој проблем и според минатото време на власт, слободно можеме да заклучиме дека љубовта и филантропството не се дел од арсеналот на таа гарнитура.

Натаму, дали владеачката екипица се запрашала зошто народот се вози во автобуси, а не со коли? Според мизерноста на аргументите кои се понудени како објаснување на мерката зошто се дозволува увоз на стари возила, очигледно е дека се повеќе се губат и немаат допир со реалноста. Автобуска карта чини помеѓу 25 и 30 денари, зависно со каков автобус се возите. Тоа значи дека ако два пати дневно се одвезете во центарот на градот, по работа или за забава, ќе потрошите околу 100 денари. Додека пак ако живеете во Скопје, на да речеме 7 километри од центарот на градот, со две возења дневно ќе поминете најмалку 30 километи во вашето возило. Она истото што сега ќе сте го купеле затоа што владата овозможила да го направите тоа. Ако вашето ново, а старо возило троши 10 литри на сто километри излегува следната математика. Километар „возење“ ве чини 6 денари. Тоа значи дека ако денеска поминете само 30 километри ќе потрошите 180 денари за бензин. Ако посакате притоа да се паркирате во центарот на градот, ќе платите уште најмалку 100 денари. Тоа веќе сега е скоро три пати повеќе од онаа цената која ја имате за возење во автобус. Но, тоа не е се. Имате обврска да го регистрирате вашето возило. Тоа „задоволство“ ќе ве чини годишно околу 150 евра. Зборувам за сите давачки. Може да биде и повеќе, ама еве ќе земеме некоја средна вредност. Тоа се плус 30 денари дневно врз претходно израчунатите. Вкупно, најмалку 300 денари. Да речеме дека два пати годишно ќе отидете во Охрид со вашата нова – стара кола. Тоа се околу 1000 километри екстра, односно над веќе предвидените средства за трошење. Односно додадете плус 100 евра за таа пригода. Сумирано, вашето ново возило, на ниво на година, ако го возите строго дисциплинирано, ако не се движите подалеку од центар, ако не идете по гости во други делови од градот, ако не идете никогаш во источна Македонија ќе ве чини само 110.000 денари. Или народски кажано, околу 2.000 евра. Значи сте купиле автомобил за 2 илјади евра. Радосни сте. Но за да го возите, подгответе си уште толку на ниво на година.

Не верувам дека народот наш, кој има чувство за калкулација овие работи не ги знае. Посебно оној кој се определил да се вози со автобус. И сигурен сум дека не се возат во автобус од мерак, туку од немајкаде. Ако имаат просечна плата од 300 евра, на ниво на година, ќе треба само за бензин да потрошат околу 60 проценти од платата. А да потсетам, има многумина кои работат и за помалку пари од тоа.

Од друга страна, ако вие потрошите 2 илјади евра годишно на вашата нова кола, владата од тоа ќе добие најмалку илјада евра. Оти давачките кои таа од бензинот ги зема се околу 50 проценти по литар. Да претпоставиме дека 100 илади коли ќе се купат по оваа основа. Тоа се нови 100 милиони евра од кои владата ќе има нов прилив од најмалку половина од тие пари. Има само еден проблем во ваквите пресметки. Народот нема пари.

Па можеби затоа на Влатко му се испушти, несакајки, дека возењето на коли било добро за економијата. Се сложувам. Посебно за една банкрот економија, која нема пари да скрпи за повеќе слоеви на граѓани, на кои е должна навремено да им исплаќа. Па ако сега, всушност со една агресивна пропаганда, се убедат граѓаните дека треба да возат, наместо да користат автобуси, можеби ќе се продолжи агонијата за некое време. Велам агонија, оти нивното владеење и за нив е тоа. Посебно за економскиот тим, кој знае дека работата е „врвка“, а притоа мораат да глумат ладнокрвност и да лажат дека се е во ред. Ден за ден. Прибери даноци од фирми, ако треба и насила и дај плати на администрацијата која што ништо не работи. А некои и дома си седат. За мир во куќата.

Да ја потсетам владеачката гарнитура за уште нешто. Сега кога и Косово има повисоки еколошки стандарди во однос на нас, по прашањата на бензинот, како мислат да не убедат дека ги интересира животната средина? Секако дека апологетите можат да одговорат дека се работи за интерес на граѓаните и тоа е пред се. Погоре ми се чини дека покажав во што се состои интересот. Пред една година уништија цела гранка од индустријата – пластичната. Со изговор дека станува збор за кампања за заштита на животната средина. А истовремено на ОКТА не смеат да и писнат за горивото кое ни го продава. Нели ви е чудно тоа? Што ли би можело да е причината. Дај боже наскоро да се открие.

Дечкиве од коморите кои купувале нови одела од радост што ќе го виделе премиерот на доручек, се интересна појава за анализа. Или да ве оставам сами да си анализирате и да се чудите?

 

Филип Петровски

Доктор по политички науки

http://filippetrovski.blog.mk/

Купувајте коли, банкрот сме – мислење 128

Има и полошо

март 7, 2010

Оваа поговорка ја слушам како постојан одговор кога се збори за реалните проблеми што секого го мачат – ќути има и полошо . Тогаш ми доаѓа мрак пред очи, се вцрвенувам и ми доаѓа да плачам едноставно да плачам. Ми се плаче поради тонот на резигнираност со кој се кажува . Ми се плаче поради тоа што се убедуваат сите дека и ова е добро, ми се плаче поради бедната утеха која си ја даваме меѓу себе со доза на апатија, безживотност и немање војла за за борба да се променат работите на подобро.

Ми оди да си ги изгризам патиките секој пат кога некој тотално лош осмислен проект се брани, проект кој корне на популизам од километри. Се брани со невиден жар и дрскост во која секој кој вели спротивно е глуп и слеп. Наместо тој жар да се пренасочи кон борба за подобро. Што е уште поинтересно и таму се протнува таа апатичност и тешење кое оди со него -важно нешто прават. Што прават?! куп бесмислици кои покасно ќе не чинат скапо? .

Жалосно, толку жалосно што не можам да го опишам горчливиот вкус кој го имам во устата додека пишувам за ова. Додека на вести гледам како се дигаат буни и востанија во други земји за своите права, овде не се мрда со прстето за да се помери ниту еден камен. Секој од нас едноставно се плаши да го дигне гласот, не верува во другиот, не верува во себе и става во позиција на статистика. Обична бројка … кој сме ние да дигаме глас, зошто да протестираме кога пред нас протестираа многумина, кога политичарите се исти кога од овој има и полошо. Секад се бараат изговори , најлесно е така полесно е да седиш пред телевизорот и да го гледаш целото шоу со пуканки во рацете. Да коментираш од страна, да обвинуваш, да си гледаш сеир за да после на внуците да раскажуваш кад је био тито упс гвујо ех тоа беа тешки времиња. Се разбира ако внуците не ви се наоѓаат во друга држава.

Најомилен изговор ми е : Да бе јас ќе се бунам за да бидам продаден од партиски лешинари. А што велите дека сте се продале себе си? Предале себе другите … зарем не е на секој должност да се бори за себе и својата фамилија и своите права? Или пак е должност да се оди по линија помал отпор ? Полесно е секогаш, не мора да се плашиш, не мора да се бориш со разно разни партиски пуленчиња, со медиумите, со погледите,од страна, со сензационални обвинувања, тужби, со властите . Едноставно полесно е да се вегетира, полесно е да оставиш другите да се изборат наместо тебе и да ја завршат валкната работа додека ти седиш во удобната фотелја и гледаш вести во 8 часот.

Прашањето е а што ако веќе нема кој да се бори, кога безмилосно не толчат, кога и последниот бунтовен глас ќе замре, што тогаш? Кога последната одбрана ќе падне што тогаш? Кога нема да бидете од оние малкумина кои се заштитени и згрижени од власта, што тогаш?

Што тогаш? Тогаш кога ќе почнете да ја колнете власта погледнете се убаво во огледало и исколнете се и себе , бидејќи вие сте допуштиле тоа да се случува, бидејќи тогаш сте седеле во удобната фотелја и мирно сте гледале вести, наместо да излезете надвор да се побуните, мирно гледавте и сеиревте без тронка грижа на совест и свесност, дека и за вас се работи и дека ова е и за вас важно .

Не е далеку времето кога и последните гласови ќе замрат, не е далеку времето пред последната искра надеж исчезне, а бе надеж е исто како да сме мртви . Има една поговорка додека дишам се надевам кај нас изгледа додека дишам и само дишам уффф и дишам, преживувам и се тртам !

Среќен 8-ми март за Есдеесовки!

март 7, 2010

8-ми март

8-ми март

Денес комуњарките штрајкуваа пред Влада!

Актуелната власт ги уназадила. За 4 години ги вратиле 100 чекори назад. Како тоа не ми е јасно? Со тоа што има еден куп директори и министри жени? Со тоа што власта се бори по секоја цена да се исполни законскиот минимум од 30% во парламентот? Затоа што жените се дури наградени, т.е. стимулирани да станат мајки? Срам да и е на власта!

Но овие тетки никако да им текна да штрајкуваат пред конфекциите каде жените работат без клима, на топло и ладно, со дупли смени, по минимум 60 саати неделно, за смешни плати. Не штрајкуваат за злоупотребите на работничките и службеничките кои добиваат сексуални уцени. Знаете зошто не? Затоа што во тие фирми, газди се нивните сопартијци! Ете зошто!

Толку се неинспиративни, што се смешни и патетични! АЛФА им го напумпа прилогот, божем Роза Луксембург била тука. Канал 5 во прилогот ни уфрли кадар како пратеничката Цветанка Ивановска и „посочува“ на новинарката чија изјава да оди во етер, а кого да не го снимаат. Браво!

Честит 8-ми март на сите комуњарки!

Од мене имаат на поклон свирче …гледам ги љубат многу!

Инстант карма инстант знаење

март 6, 2010

Зачудувачки е колку луѓето не се знаат себе си.
Зачудувачки е колку луѓето се отуѓени од самите себе.
Зачудувачки е колку нивните пријатели не ги знаат
Зачудувачки е колку се отуѓени од другите
Зачудувачки е колку малце се познаваме дури и после долги години седење еден до друг
Зачудувачки е колку сме глупави и не го користиме времето кое ни е дадено да ги запознаеме другите и себе си.

Инстант генерација со инстант начин на живот кој очигледно не знае ништо освен за инстант живеење, трагедијата на сегашноста во која живеам.
Време на на знаење и информации но не на познавање и мудрост, време во кое знаеме како секој дел од нашето тело функционира ама не знаеме како да живееме. Современа трагедија која малкумина ја осознаваат а многумина едноставно ја живеат .

До кога ваквото силување на туризмот со странски туристички водичи

март 6, 2010

Покрај тоа што сум професионален археолог, врз основа на член 41 од Законот за туристичка дејност “Службен весник на Р. Македонија”, бр. 62/2004 по полагањето на стручни испити, Факултетот за туризам и угостителство – Охрид ми издаде уверение за туристички водич. Со тоа се здобив со право за вршење на дејноста да водам индивидуалци, помали или поголеми групи притоа објаснувајќи им за природните и културните убавини на Македонија. Лиценцата за туристички водич се докажува со легитимација, која би требало да биде видлива за сите додека се води турата.

legitimacija-za-vodic

Како изгледa официјална легитимација на туристички водич

За да ја доловам незавидната ситуација во која се наоѓа македонскиот туризам, ќе раскажам само една од илјадниците ситуации на кои сум присуствувала, а не сум можела да сторам ништо. Бидејќи во оваа држава ниту еден закон за туристи не се почитува, па следствено на тоа ни туристичките водичи не се заштитени.

Имено, на 19.09.2009 имав класична пешачка тура низ Скопје која започна од Скопското Кале. Додека ги чекав моите гости во придружба на чуварите сместени во куќарката веднаш на влезот од големиот паркинг кај јужната капија на Калето, во меѓувреме пристигнаа 4 автобуси со турски туристи без ниту еден македонски водич за секоја од нив, како што е редот по законот. Нивните водичи го вееја турското знаме, ги шетаа низ локалитетот и зборуваа приказни како е Калето оригинално изградено од Османлиите. Спомнуваа султани и владетели, и покрај тоа што на овој археолошки локалитет најстарото населување е од 4 милениум п.н.е. и има долга низа на утилизација се до 1963 година кога повеќето од тогашните објекти кои биле музеи, се срушени од големиот земјотрес.  Во 2007 како дел од тимот кој го ископуваше овој локалитет бев задолжена за секторот за документација. Скоро сите наоди ми поминаа низ рака и веројатно никој друг не би знаел да ја раскаже приказната за Калето подобро од мене.

Според Законот за туризам на РМ, група на туристи поголема од 10 луѓе мора да има лиценциран водич и придружник. Ако е групата уште поголема, тогаш треба да бидат присутни еден водич и двајца придружници. До кога ќе се силува туризмот во РМ каде на странците им се дозволува да зборуваат што сакаат извртувајќи ја нашата историја, а во меѓувреме се снимаат скапи спотови за туризам, додека ниту еден закон за туризмот во државава воопшто не функционира?

Нелегални туристички водичи од Бугарија, Србија, Албанија и Грција се‘ почесто, среде Македонија, го негираат нејзиниот идентитет, јазик и култура. Домашните водичи бараат заштита и воведување туристичка полиција.

© DW 2009

Сакам да знам дали во Министерството за економија, отсек за туризам, воопшто нешто работат? Сакам да престанат да поддржуваат државотворни туристички водичи за градот Скопје со насловни од споменикот на Александар Македонски во Прилеп, да седнат и да сработат нешто конкретно! Сакам да знам зошто нема инспектори за туризам кои ќе циркулираат низ градов? Ги сакам нивните имиња и телефони достапни за јавноста за да можеме и јас и граѓаните во секое време да пријавиме прекршок. Сакам да знам дали странските туристи доаѓаат преку некоја домашна агенција и плаќаат данок на државата или се шверцаат и најмуваат водичи на црно кои го кажуваат она што нивните клиенти сакаат да го слушнат.

Па добивате приказни дека Македонија е 100% муслиманска земја, излегува на Охридското море, сите тврдини се изградени од турските султани и најсетне, за србите и бугарите ние сме се уште дел од нивната вечно посекувана голема држава.

За да не испадне дека само напразно пишувам а не делувам, чинам дека најдобро ќе биде повторно да ги земам мојот фотапарат и камера, и како што тоа го направив во случајот со локалитетот Градиште, да застанам на триаголникот помеѓу црквата Св. Спас, Скопското Кале и Мустафа Пашината џамија. Порано или подоцна во текот на денот,  во зависност од итинерарот, сите туристички групи поминуваат оттука. Или најдобро ќе биде можеби директно од мобилен да ги поставам сликите и снимките на фејсбук и на youtube. Друго чаре за да се заштитам себе и другите туристички водичи, очигледно нема.

21. 09.2009 – локација паркингот пред Скопското Кале – време 13:00ч.

При мојата посета на Скопското Кале, како што се забележува и на фотографиите, во еден момент дојдоа шест бугарски автобуси кои излегоа со свои водичи за да се прошетаат на локалитетот. Веројатно сите тие би биле запрени од чуварската служба бидејќи се без придружба на лиценциран македонски водич, но обезбедувањето не може да сопре никого да го посети овој локалитет, доколку нема надлежен орган над него кој би му испратил допис дека ги овластува да го сторат тоа. Скопското кале е под ингеренција на Музеј на Град Скопје, а тие се директно под локалната самоуправа. Иако всушност, се почнува и се завршува со неспособното Министерството за економија, отсек за туризам. До кога ќе дозволуваме други да ни ја пишуваат историјата.

За поголема разолуција кликнете на секоја фотографија одделно.

Овој текст поставен пред околу половина година на мојот сајт предизвика доста бурна рекација на интернет. Како одговор на текстот една од националните телевизии неколку саботи по ред дежураше пред Скопското кале, но за несреќа при крајот на сезоната не успејаа да наснимат ниту еден кадар со странски туристи без придружба на домашни водичи. Се надевам на почетокот од годинешнава сезона институциите задолжени за туризам, сериозно ќе го сфатат овој проблем.

Македонија – земја на парадокси

март 6, 2010

Во светот се наоѓаат неколку земји кои го работат спротивното од она што треба да биде направено. Македонија е една од тие, во последниве 18-19 години направивме многу работи за кои светот ни се смее, а и уште продолжуваме да ги играме игрите на другите држави околу нас, бидејќи се уште не се нашол вистински политичар кој може да пресече, а не да поднесува извештаи пред странските дипломати.

Пред се имавме каква таква држава со доволен број на вработени, за само 5-6 години успеавме да отпуштиме над 100 000 вработени, и тоа да помине без никакви последици. Намалување на стапката на невработеност има само кога се спремаат избори. Администрацијата ни е преполна од вишок на луѓе како да се сите на социјална помош но само 5-10 пати повисока. Со тоа автоматски се оневозможува инвестирање во капитални објекти, во инфраструктура со што ќе се овозможи развој на приватниот сектор, ќе имаме поповолни услови за странските инвеститори, а со тоа ќе се ослободи и буџетот за неколку стотици милиони евра. Странските инвестиции само ги најавуваме, а никако да почнат да се градат. Платите ни се на самото дно на Европа, затоа и не можеме ништо да си купиме а не пак да се прошетаме, туку само уживаме единствено кога сите работи ги гледаме на телевизија и се помируваме со реалноста.

Една од работите во Македонија која најмногу ни недостига е загубената идеологија на политичките партии. Ниту една од партиите во Македонија нема точно определена идеологија, туку тие низ политичкиот спектар шетаат од лево кон десно и обратно во зависност од какви популистички идеи сакаат да презентираат на  јавноста. Ние мораме да го заборавиме начинот на зачленување во партиите за тоа дека тие треба да ни претставуваат како биро за вработување, а тоа важи и за партиите кои ветуваат вработувања. Преку партиите ние треба да го потикнеме нашето размислување, за тоа кон што сме определени и за подобрување на животот, а не да дојдеме на власт, додека сме на власт  да гледаме да земеме што повеќе па после 5-6 години кога и другите ќе украдат, пак ние ќе се вратиме. Најжалосната ситуација е дека политичарите многу често прават трансфери од една во друга партија. Можеме да заклучиме дека вредноста на трансферите во партиите ја надминува вредноста на трансферите во фудбалот во Македонија. Така да има политичари кои промениле преку 3-4 партии во политичката кариера.

Трета работа е тоа што ни се ускратува правото на самоопределување, и барање на промена на името на државата. Како прво ние имаме право да си го одбереме името на државата на ни биде Македонија бидејќи и Македонија е дел од целата географска целина на Македонија. Ние имаме право на сопствен јазик и идентитет. Имам забележено дека преку ден од вестите зборуваат барем по 5 минути за спорот за името, а целата наша политика и дипломатија ни е насочена кон решавањето на спорот, па пресметајте самите колку време сме потрошиле од нашиот живот да слушаме апсурдни барања. Не им верувајте на оние кој велат дека се бара решение само за името, дополнителните барања допрва следуваат. Речиси две години од Букурешт поминаа но ние и Грција и Македонија не сме ние милиметри помрднати со нашите ставови.

Една од работите кои не чинат во Македонија се чистите етнички партии. Се знае има партии на албанците, македонците, срби, роми, власи, турци… а ретко тие се мешаат. За какви меѓуетнички односи зборуваме кога луѓето не можат да седнат во иста партија и да се залагаат за правата на сите, наместо да почнат да се однесуваат алтруистички. Да бидеме реални мораме сите заедно да се држиме ако сакаме да успее државата не зависно од тоа каква етничка припадност сме, или религиозна. Партиите ни се 95-99% етнички хомогени. Не смееме да дозволиме да бидеме заплашувани од било кој, бидејќи тоа води само кон пропаст и многу жртви.  Што се однесува за јазикот албанците мораат да го учат од најрани години, бидејќи кога ќе пораснат нема да им биде сеедно и ќе им биде потешко, а не англискиот да биде на второ место. За македонците може да биде опционален за изучување бидејќи учењето на јазици не е штетно по здравјето.

Македонија нема некоја алтернатива за тоа каде би одела. Се знае ЕУ и НАТО, не дека на сите им се допаѓа тоа, туку кај сите и ние таму. Самата идеја за овие две организации не е лоша, но внатрешната структура, тајната дипломатија, лицемерието е многу лоша работа. Македонија ги исполни речиси сите услови, но секој пат ни изгледува по нешто ново. Проблемот со името ја врати Македонија неколку чекори наназад со времето, бидејќи наместо да се реформираме со помош на ЕУ, ние тапкаме во место, двоумејќи се што да правиме.

Мора ние да разбереме дека се уништени животите на 18 нови генерации, а баш ништо не е направено во одност на пред 20ина година или тоа е минимално. Со вакви политичари иднината не ни е многу светла. Ни требаат политичари кои ќе го превземат кормилото на државата и без страв за својот рејтинг, или без нечесно минато ќе спроведат драстични реформи кои на подолг план ќе ни ги донесат посакуваните резултати. Да не заборавиме дека времето не гази, а почнуваме да заостануваме зад сите.

Календар

март 2010
П В С Ч П С Н
« фев    
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  
BoomTV -ТВ Препораки
  • Последни блог постови
  • Последни коментари
  • Членови
  • Групи

Fatal error: Class 'BP_Enhanced_Members_Widget' not found in /home/www/wp-content/themes/bp-blogeraj/footer.php on line 226