Блогерај
корисничко име
е-маил
URL на блогот
внеси bloger за адресата на твојот блог да биде bloger.blog.mk
 

Ја разгледувате архивата историја.

Η Ρωμανία επάρθεν

март 11, 2010

Песна за крајот на Римското царство на понтиски дијалект

YouTube Preview Image

«Ναϊλί εμάς και βάι εμάς, η Ρωμανία πάρθεν!
Επέραν το βασιλοσκάμν’, ελλάεν η αφεντία!»
Μοιρολογούν τα εκκλησιάς, κλαίγνε τα μοναστήρε,
κι ο Γιάννες ο Χρυσόστομον κλαίει, δερνοκοπισκάται.
Μη κλαις, μη κλαις, Αϊ-Γιάννε μου, μη δερνοκοπισκάσαι.
Η Ρωμανία πέρασεν, η Ρωμανία πάρθεν.
Η Ρωμανία κι αν πέρασεν, ανθεί και φέρει κι άλλο.

Тешко нам, леле нам, Романија ја однесоа!
Го грабнаа тронот царски, господството го зедоа.
Тажат ко за мртов Црквите, плачат Манастирите.
Плаче и Јован Златоустиот, се удира в гради.
Не плачи, свети Јоване мој, в гради не удирај се,
Замина Романија, ја однесоа Романија.
Иако замина Романија, цути и ново ќе донесе!

Популарноста на Заспаниот Херој

март 11, 2010

Приказните за Заспаниот Херој имаат долга традиција во северна Европа. Не сум етнолог, или јак познавач на старите говорни македонски приказни, но сигурен сум дека архетипот на заспаниот јунак е мошне популарен и меѓу современите Македонци. Така велам, заради искажаното, и ценам популарно, мислење дека ни треба некој како Путин да ги среди купиштата наталожени проблеми и невољи што ете не спопаднале.

Обично херојот е некој јунак со воено или борбено значење. Некој крал кој подзаспал длабоко во пазувите на некоја планина, пештера, заробен времено од некои надприродни простори. Заспаниот Херој најчесто е претставен како пастир, како силен човек со долга брада и коса, што укажува на долгото време поминато под планината. Заспаниот Херој го чека точно предодредениот сончев зрак да падне на него или пак нешто што ќе го разбуди. И додека во рамнината луѓето се повеќе заглибуваат и тонат во неподносливото живеење, расте  потребата од долгобрадиот јунак со исукан меч кој ќе се симне и ќе ги расчисти сите расипаности, ќе ги врати работите во идеалниот ред.

Интересно е тоа префрлање на одговорноста и задоволување на архетипните потреби со клик лево или клик десно, ма нека се кликне 100 пати за да се фати. Интересна е тоа  наративно искокнување и превртување, џаманско изместувања на нарациите, за да се  добие тап поглед од 14степени. Јас без срам буљам и восприемам. Може ќе одам во планина, но брада нема да пуштам. А мечот, тој веќе некое време ми е исукан :)

Се шушка, се прикажува, дека Козаците доаѓаат!

март 11, 2010

Козаците стануваат дел од Руската Армија

Руските козаци повторно ќе се занимаваат со работите, како и нивните дедовци, па многумина ќе бидат ангажирани за чување на државната граница. По многу години козаците од федералните власти добија дефиниран статус. Освен што на своите прослави ќе може да ги облекуваат свечените униформи и да носат сабји, тие од властите ќе добијат конкретни задачи и за тоа ќе добиваат плата. Козаците во иднина ќе се занимаваат со заштита на шумите, историските и културните споменици, а освен тоа ќе бидат ангажирани и во ликвидирање на последиците од природните непогоди, како и во чување на редот.

Поради намалениот број војници, руската армија ќе брои околу милион, долгата граница ќе биде тешко да се чува без оглед што ќе се купи современа техника за деноноќно следење. Затоа е одлучено да се ангажираат козаците кои, како и нивните дедовци, ќе ја чуваат државната граница. Освен тоа, тие ќе учествуваат и во борбите против тероризмот.

Во овој момент за чување на границата се ангажирани повеќе од 16,5 илјади козаци во 1.400 народни дружини. “Во Ростовската област сега се формираат заеднички екипи на пожарникари во кои, покрај професионалци, ќе има и козаци. Токму козаците ќе ја преземат обврската да ги надгледуваат старечките домови во кои во последниве неколку години често се случуваат пожари”, вели началникот на штабот на донските козаци, Виктор Могилњи. Тој додава дека за одржување на јавниот ред во Ростовската област дневно се ангажираат повеќе од 1.300 козаци. Тие за обиколка на теренот користат коњи.

Во многу градови досега козаците не добиваа никаков паричен надоместок за својата работа. Но, во некои области властите ги наградуваа козаците. “Кај нас во Ростовската област козакот што патролира со коњ месечно добива околу 7.000 рубли (170 евра), а пешакот добива 4.200 рубли”, вели атамот на донската козачка војска, Виктор Водолачки, кој воедно е член и на рускиот парламент. Јасно е дека од тие пари козаците не можат да живеат, туку се занимаваат и со земјоделство.

Советот при претседателот на Руската Федерација за прашањето на козаците, кон крајот на февруари разговараше за тоа на кои работи може и треба да се ангажираат козаците. Со указ од претседателот Дмитриј Медведев е прецизирано каква облека и палта треба да носат козаците. Секојдневната облека што ќе ја носат козаците ќе биде многу слична на војничката. Меѓутоа, на свеченостите козаците ќе ги облекуваат своите стари униформи.

Козачката униформа ќе имаат право да ја носат само оние што се регистрирани и членови на здруженија. На тој начин ќе се доведат во ред и козачките единици. Досега се случуваше поради козачките самонаречени атамани многу козаци се доживуваа како безделници што мавтаат со сабјите и се китат со ордени. Еден број “непослушни атамани” се спротивставуваат на тоа козаците секојдневно да носат униформа што е слична на војничката. Таквите атамани сметаат дека тоа е уривање на древната традиција и сакаат да облекуваат униформи какви што носеле нивните дедовци.

Најновата идеја на Кремљ козаците да се ангажираат за корисни работи би можело да биде повеќекратно корисна, а козаците би имале и поголема материјална корист. На оние на кои повеќе им одговара да не постои цврста дисциплина и натаму ќе настојуваат да го задржат својот досегашен статус. Меѓутоа, сигурно е дека властите нема да дозволат козаците да работат што сакаат и понекогаш да се однесуваат како друмски разбојници.

Враќањето!

март 10, 2010

Скоро после 1,5 година пауза, блогот на Антониј се враќа со ново име, ново руво и нов домеин. Всушност,  единственото старо овде се постовите од стариот блог, кои не би сакал да ги избришам.
Ова е нов почеток и затоа би сакал првиот пост да биде со музика. Еве што ме инспирираше во изминатиов ден:

YouTube Preview Image

ПЕРИКЛЕ – БЕСЕДА ЗА МРТВИТЕ БОРЦИ

март 10, 2010

ке ја пренесам уште еднаш оваа бесмртна беседа. во чест на сите што го положиле животот за Македонија, и во пресрет на годишното собрание на Бранителите во недела.

Поголемиот дел од оние што од ова место веќе говореа го фали човекот кој меѓу другите закони ја додал и оваа обврска, убаво е на дело да им се оддадат почести, какви што гледате ги приреди нашата држава и сметам дека на оваа погребна свеченост нашата верба во тие луѓе несмее да зависи од поединачен беседник, кој може да биде повеќе или помалку надарен со беседничка дарба. кажано е, да загинатите се слават и воспеваат. Но, на мене ми се чини дека би било доволно за оние кои што своето јунаштво, храброст го покажале на дело, исто така

Затоа што тешко е да се држи беседа до средна мера во беседа за да на таа беседа сосема и се верува.Слушателот на кој што нештата му се познати и кој што е наклонет, може лесно да помисли дека во беседата е кажано помалку, отколку што тој самиот би сакал да каже и отколку што тој самиот знае. А на оној што оваа работа не му е позната, кога ке ги слушне овие работи, бидејќи ова го надминува неговото разбирање, од пакост ке каже дека беседникот во многу работи претерал во својата беседа.

Лугето го поднесуваат фалењето, пофалбите од другите доколку сметаат дека тоа што го слушнале можат самите да го направат, а се што е над тоа, кај нив предизвикува завист и веднаш потоа недоверба, недоверие. Но, кога сум тука пред вас, како што е одредено уште од нашите претходници, јас ке се трудам да се држам до утврденото за да одговорам на очекувањата на секој од вас.

Ќе отпочнам со некои наши работи, затоа што е достојно и на место е, во една ваква прилика, да се оддаде почит на нивниот спомен. Во оваа земја од искон битисуваат луѓе од еден ист сој и тие од колено на колено ни ја сочуваа слободата се до денешен ден. Сите тие заслужуваат хвалоспев, пофалба, а уште повеќе нашите татковци, затоа што на она што го наследија му придодадоа се она што ние денес го имаме, како нивни наследници. Таа моќ ние во моментот на нашата најголема сила, видливо ја зголемивме правејќи ја нашата држава подготвена толку што ниту за војна, ниту за мир не ни треба туга помош.

Ние имаме Устав кој што не е граден по калап на соседните народи, напротив, ние им служиме на другите повеќе за пример отколку тие на нас. Нашата државна управа не е сконцентрирана во рацете на мал број луге, туку кај многу, што се нарекува ДЕМОКРАТИЈА. Во приватните работи постои за сите рамноправност според законот, а во однос на јавните работи. Секој што се избира на некое место, се бира не затоа што е член на одреден сталеж, туку по лична заслуга. Никој не се исклучува од државни места поради тоа што е сиромашен, што некогаш може да пречи, само ако е способен да допринесува за државата. И како што во јавните работи владее начелото на слобода, исто така и во приватните работи нема никакви сомнежи.

Кај нас нема лутење на ближниот свој, ако тој дури и ужива до бескрај. Нема кај нас било каков отпор кон се што иако не донесува штета, сепак го навредува окото. Но иако така живееме, сепак во јавниот живот ние се оградуваме од било каква незаконитост и сето тоа од морални побуди, секаде покорувајки се на властите и на законите, нарочно на таквите закони кои се во корист на угнетените.

Ние се разликуваме од своите противници и во нашето војничко уредување. Градот наш, Државата, стои отворен, ние не ги бркаме од тука странците во страв дека тука тие нешто ке видат или научат, што би требало да остане сокриено, за да не се искористи од нашите непријатели. Ние не се потпираме на некакви подготовки и ујдурми, туку на храброст која што се гледа во нашите дела.

Со нашата целокупна сила ниеден непријател досега не се пробал, затоа што ние се грижиме за нашата армија, праќајки ја на разни страни. Ако се судрат непријателите со било кој дел од нашата армија и по игра на случај победат ли некоја наша група на луѓе веднаш се фалат дека не победиле сите нас. Бидат ли, по игра на случај победени, ѕвонат на сите ѕвона дека ги совладала целата наша армија. Се разбира нам ни е вродено без мачно вежбање да ги совладуваме опасностите. На храброст нас не не принудуваат законите, туку храброста сама од себе во нас се раѓа.

Ние го сакаме убавото, но со вистинска умереност и ја сакаме мудроста, но без разнежнетост. Богатството ни е средство за работа, а не за празно фалење. Сиромашноста своја да се признае не е срам за никој, но срамно е да не се спротивставуваш на сиромашноста со работа. Едни и исти луѓе можат истовремено да ги одработуваат и домашните и јавните работи.

Ние самите одлучуваме за нашите јавни работи и за нив судиме како што треба, оти не сметаме дека зборовите му штетат на работењето. Наша нарочна доблест, која што не разликува од другите, е што ние се што јуначки сакаме да го направиме, го здружуваме со сталожено размислување. Кај другите пак, незнаењето, непознавањето на опасноста раѓа дрскост, а размислувањето изродува сомневање. За најголеми јунаци, можат со право да се сметаат тие кои што многу добро ги познаваат и стравовите и лагодностите, но сепак не се сепнуваат пред опасностите.

Во однос на добродетелствата ние се разликуваме од другите. Не со земање, туку со давање ние стекнуваме пријатели. Добродетелствата ги правиме без никаков страв, без никаква сметка за нас самите, туку со самоувереност дека сме слободни луѓе. Нашиот град (држава) во целост е расадник на наобразуваност и секој од нас, како што ми се чини, знае на се да се прилагоди и се да работи со занес.

А дека ова не е расфрлување со зборови, туку потполна вистина, што може да се види во делата наши, тоа го докажува нашиот град (држава) која што ја создадовме со нашите веќе споменати доблести. Нашиот град (држава) знае да извојува победа над својот непријател, а да непријателот воопшто и не почувствува лутина што ни подлегнал! Со своите поданици нашиот град (држава) владее така што тие воопшто неможат да се пожалат на тоа владеење.

Со крупни зраци и непорекливи докази ние го засведочивме развојот на нашата снага (сила), така што ни се поклонува сегашноста, а ке ни се поклонуваат и сите наредни векови, и не ни требаат пофални песни од Хомер или пак било кој друг. Со својот самопрегор си го расчистивме патот на сите земји и мориња и секаде поставивме споменици на нашите порази и на нашите победи.

За таква татковина, еве, тука, овие јунаци во херојски бој загинаа и не дозволија татковината никој да им ја одзеде, и затоа со право се очекува од овие што преживеаја дека исто како нив ке ги поднесат сите напори и опасности.

Со тоа што опширно говорам за нашата држава сакам да покажам дека ние се бориме за нешто сосема друго од оние другите кои што ги немаат нашите доблести. Сакам да покажам дека ние ги славиме нашите јунаци, над чии што гробови сега стоиме. Тоа сега го правам со непобитни докази. Вака јас одговорив на мојата задача! Затоа што нашата држава, која што ја слави доблеста и храброста на овие јунациќе ги направи нив големи, и тешко дека било каква беседа може да ја опише нивната храброст. Смртта на овие јунаци ја докажува нивната храброст и не е значајно дали прв пат им дошла таква сила или само повторно си ја потврдувале храброста своја.

Нивно право е (на овие јунаци) да дури и ако биле лоши, за добро да им се зема нивната храброст, покажана во војна за татковината. Со својата храброст, јунаштво тие го избришаа споменот за своите маани и тие на општото добро му допринесоа повеќе, отколку, како поединци што можеби наштетиле. Меѓу нив немаше ниту еден, кој што можеби одеше за богатство или со некаква надеж дека со тоа можеби ќе се ослободат од сиромаштијата, туку одеа кон опасноста. Над се одмаздата над непријателот им беше помила, и смртта ја сметаа за најубав потфат. Неа и опасноста и со тоа се ова за нив беше најдобар потфат и тежнееја кон добро.

Неизвесноста ја претворија во надеж и гледајќи се самите себе си сметаа дека единствено во себе можат фа веруваат. И затоа што сакаа да се борат и загинат, попрво отколку да се спасуваат со повлекување, за себе обезбедија СПОМЕН ЗА СИТЕ ВРЕМИЊА. ЈУНАЧКИ ИЗЛЕГОА НА МЕГДАН И ВО ЕДЕН КРАТОК И ПРЕСУДЕН МОМЕНТ НА ВРВОТ НА СВОЈАТА СЛАВА, БЕЗ ТРОШКА СТРАВ, ГО НАПУШТИЈА ОВОЈ СВЕТ.

Ете такви се покажаа овие јунаци, достојни на својата татковина. На ова огледувајте се, и знаејќи дека среќата е во СЛОБОДАТА, а СЛОБОДАТА во ХРАБРОСТА, не подзастанувајте пред воените опасности. Затоа што оние кои што бедно живеат, и без надеж за подобра иднина, немаат повеќе причини да ја загубат својата глава од тие што во својот живот можат да имаат промена со која што би загубиле најмногу. Та,гордиот човек повеќе го боли напријатноста до која ке дојде со својот кукавичлук, отколку СМРТТА, која стига во трен,без болка, а после јуначка борба и среде заедничка надеж.

И така, јас, како што треба, во својата беседа, го кажав она што мислев дека ќе користи. На нашите загинати им оддадовме почести, а нивните деца одсега ќе ги воспитува државата на сопствен трошок, давајќи им така, како на наследници, победнички венец, како награда. Каде што на доблеста и се даваат најголеми награди, таму никнуваат најдобри граѓани.

ПЕРИКЛЕ (399-329 г.п.н.е.)

Силфиум, античкото срце од Кирена

март 10, 2010

Пред отприлика 2600 години, голема суша допловила на островот Тера во Егејското Море.  Жителите биле бројни, прекубројни за скудните ресурси на малиот вулкански остров, многудетни за лебот им насушен. Решиле да фрлаат ждрепка, кои од жителите ќе го напуштат островот, кои ќе останат. Наполниле крцати два кораба луѓе, и ги испратиле, секому по корка леб и вреќа ксмет. На разделба многумина молчешкум помислиле, и од тие што кинисале, и од тие што останале, „ах, камо неколку дечиња помалку да имавме, сега не ќе се раздлевме.“

Ксметот на југ ги повел и до северноафриканскиот брегот ги довел. Луѓето се скрасиле на работ од плодната депресија и го заградиле градот Кирена (Cyrene), по кого и ден денешен се именува областа Киренајка во Либија.

Луѓето се зафатилеи си живееле, кој ковач, кој сточар, кој терзија. Но, никој од жителите на Кирена не можел да претпостави ниту во најлудите соништа дека столб на севкупното живеење и економија на градот ќе стане локалното растение Силфиум (Silphium), див разијан сличен на анасон, но многу многу поголем. Скапоценото растение кое имало семе во облик на срце се користело како лек, делувало против кашлица, разни болки и тртки, додека од исцедокот на засеченото растение се правел вкусен резок сок. Но сите овие благодети на силфиумот не биле ништо наспрам неговата двојна моќ во креветот, како контрацептивно средство и како афродизијак. Силфиумот бил надалеку и нашироко познат во античкиот свет.  На сите познати и непознати јазици се раскажувало и се шепотело – по александриските пазари, во колосеумот римски, дворовите на кралска Пела, та се до распнатиот во пустина персиски шатор и слоновата корпа на индиските махараџи – “ќе водиме љубов се дури имаме силфиум“.

Монета од Кирена – силфиум и жена како се допира долу

Најпознатиот римски гениколог и физичар од тоа време, по име Соранус, тврдеше дека е доволно жената еднаш месечно да пие сок од силфиум растворен во вода за да ја спречи бременоста, и не само тоа, туку сокот од силфиум може да го спере веќе постоечкиот плод стар до 40 дена. Алтернативно, може малку волна да се натопи во сокот од силфиум и накратко да се вметне во вагината за продолжено задоволство на обата партнери и нула ризик од несакана бременост.

Очекувано, слифиумот е претсатвен на сребрените и златните монети, и како да не биде, кога, во одредени периоди семето-срце наместо злато се чувало во трезорите на Кирена. И постоеле безброј обиди растението да се култивира, да се расадува и пресадува, но сите биле неуспешни. Срцето не растело никаде на друго место. Семето не виреело никаде на друго место. Откога се појавиле натрапниците и шферцерите на оваа уникатно богатсво побарувано и вреднувано ширум стариот свет,  Кирена со кралски указ ја регулирала жетвата и правата на користење на љубовното растение. Слодострастието и уживањето во сексот станало кралска работа.

Монета од Кирена – семе на силфиум во облик на срце

Во златните години на Рим, широката употребата на силфиумот во империјата не влијаел единствено на љубовниот живот, туку имал редица последици. Наталитетот значително се намалил, животниот век се зголемил, богатството се слевало од сите страни. Постоело изобилие на храна, поетите рецитирале, скулпторите вајале, населението било задоволно и имало релативно малку војни. Но секое задоволство кратко трае, та нека е и силфиумовото продолжено и вознесувачко задоволство на семето срце. Не се знае како, не се знае зошто, историчарите ретко ги бележат тие моменти, но се знае преку сведоштвото на Плиниј Постариот во 1 век од нашата ера дека последната грмушка силфион била пратена на имераторот Нерон да ја задоволи неговата “љубопитност.“ Се говори дека поради низа управни грешки и лоши римски империјални намесници силфиумот бил препуштен на прекумерната испаша од локалните сточари, или дека алчноста допринела шферцот да му отстапи место на строгиот кралски указ. Сеедно, со исчезнувањето на силфиумот исчезнува една ера, антиката со нејзинта фолозофија, морал, етика и општествена политичка творба, додека, паралелно се раѓа нова, ера каде контрацепцивните моќи на силфиумот не можеле да влијаат, ерата на христијанството.

античко објаснување на сликата – сакам да имам секс со ЕУ без обврски

промена(11 Март 08:00)

Сакам да Ве известам дека констатирав појава на општа збунетост и прологот со датиранава промена ќе биде отстранет од телото на записот. На жестоките реакции од читателите доставени преку мејл за корекција на местото на прологот во записот, решив наполно да го отстранам, наместо корекцијта, по укажувањата на мнозинството, да го префрлам на почетокот од записот. Дополнително, се уважува предлогот на еден швајцарски читател за исфрлање на минарињата од претходно предложениот слоган за високо уважената европска иницијатива и негова промена во – Кондом за секој Дом!

Да не постоеше интернет немаше никогаш да …

март 9, 2010

Како дел од приказната по повод 20 години од постоењето на Интернетот, македонскиот сервис на BBC почна да пишува одредени статии во кои се вклучија и некои македонските блогери со свои изјави. Интернетот го смени животот на современата цивилизација во приказна со непознат крај и секој од нас има лична причини како дел од колективната шема поради кои ја користи можеби една од најдобите цивилизациски придобивки. Темата ја иницираше Развигор, ја започна Мите, ја отворија Дарко и Марјан со свои постови, а јас продолжувам во сличен стил:

Да не постоеше интернетот:

1. Немаше никогаш да научам да блогирам а со тоа да ги споделувам јавно моите ставови и размисли за културното наследство и археологијата.
2. Немаше да издадам книга со текстови исклучиво напишани онлајн.
3. Немаше никогаш да ги откријам алатките на новите медиуми како уште едно поле во процесот на детектирање, презентирање и заштита на културното наследство, и со тоа и да имам ефект врз јавното мислење на граѓаните.
4. Немаше никогаш да се појавам на телевизија.
5. Немаше да комуницирам со толкав обем и брзина и да запознаам прекрасни луѓе од кои некои ми станаа лични пријатели или професионални соработници.

Да не постоеше интернетот ќе останев само уште еден обичен археолог во морето на непознати и анемични археолози во Македонија чиј глас воопшто не се слуша, а уште помалку се почитува. Во 2.0 светот, посебно во блогосферата едно од непишаните но најважните правила е интерлинкањето. Па ако веќе го правам ова по сите тертипи, тогаш ги повикувам Окиморон, Гершанина, Џаман, Волан и Букарски да кажат што тие би правеле да го немаше интернетот и како тој им го смени животот.

*     *     *     *

Cikvus Eвropa: Forseti – Europa

март 7, 2010

Europa, Europa
Europa, Europa
Europa, Europa

Wir können nur wandern und bluten dabei.
Im Schlachthof Europa:
Nur sterben macht frei

Ein Heil dir Europa, ein Heil in den Tod.
Wirst niemals erwachen,
Wirst bringen nur Not.

Europa, Europa
Europa, Europa
Europa, Europa
stirbt (умира)…

Cikvus Eвropa: Triarii – Europa

март 7, 2010

This is my kingdom
This is my silver sun
This is my mother
Of ascension and decline

This is my empire
This is where heroes die
This is my mistress
So bold and so divine

This is Europa
My innermost sun
My state of redemption
Of fire and of water to come
Swastikas rising
In times of expand
This is Europa
Where all will come to an end

This is my kingdom
This is my chosen one
This is my queen
Of ascension and decline

This is our empire
This is our state of mind
This is where legions
ascend into the sky

This is Europa

My innermost sun
My state of redemption
Of fire and of water to come
Swastikas rising
In times of expand
This is Europa
Where all will come to an end

(x2)

Europa…

Kако изгледал Филип Втори

март 7, 2010

Проблемот за ова дискутабилно прашање и покрај тенденциите научниците да го реконструираат и идентификуваат ликот на Филип II лежи во тоа што до сега всушност никој не знае како тој изгледал.

Може со сигурност да се каже дека античките извори (Демостен, Страбон, Аристофан …) во голема мера се занимавале со делата на Филип II и раскажувале за неговите поврди и рани, но никогаш не го коментирале неговиот изглед. Според Наде Проева, проф. д-р по античка историја ”Што се однесува до изгледот на Филип, досега не е најден ни еден портрет во класична смисла на зборот, а од сите скулптури кои му биле поставувани не е ништо зачувано”. Па така јавната претстава за претпоставениот изглед на Филип II се базира на елементи кои вклучуваат неколу пронајдени артефакти:

1. Мермерната глава во Глиптотеката во Њу Карлсберг
2. Минијатурна глава од слонова коска од Гробницата II во Вергина
3. Железен оклоп со златни украсни ленти од Гробницата II во Вергина

Календар

март 2010
П В С Ч П С Н
« фев    
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  
BoomTV -ТВ Препораки
  • Последни блог постови
  • Последни коментари
  • Членови
  • Групи

Fatal error: Class 'BP_Enhanced_Members_Widget' not found in /home/www/wp-content/themes/bp-blogeraj/footer.php on line 226