Апсурдноста на илегалниот статус – Факти за марихуаната 2.
март 11, 2010Популарниот мит дека марихуаната води кон користење на тешки дроги доаѓа од самиот факт што таа е нелегална. Тоа е од проста причина што дилерот кој ја продава во голем број случаи може да понуди и потешки дроги.
Не постои ниту еден документиран случај на насилно однесување поврзано стриктно со марихуаната. Во смисол дека марихуаната од мирољубив човек ќе направи насилен агресор. Најголемиот дел од насилствата се последица од алкохолизираност. Тука мора се спомене и спотот кој е дел од рекламната кампања против дрогите. Деликвент е деликвент без разлика дали е на марихуана или на симит погача. Конзумирањето на марихуана ве прави општествено опасен, исто колку што поседувањето на пенис ве прави силувач. Вреди да се спомене и дека една од најстарите референци на користењето марихуана е лулето на мирот.
Научно е потврдено дека THC- активната состојка на марихуаната не предизвикува физиолошка зависност. Зависноста се сведува на навика и начин на живот. Наспроти ова никотинот, кофеинот и алкохолот можат да предизвикаат физиолошка зависност. Да не ги споменувам дијазепамот, лексилиумот и останатите фармацевтски затапувачи кои можат да се набават во било која аптека, а можат да предизвикаат сериозна зависност и трајни оштетувања на црниот дроб и мозокот. Легални се!







