Блогерај
корисничко име
е-маил
URL на блогот
внеси bloger за адресата на твојот блог да биде bloger.blog.mk
 

Ја разгледувате архивата гастрономија.

Тортиии

март 11, 2010

Денешниот пост го посветувам на нешто на што сум голем мераклија, торти. Меѓутоа не оние што се пријавуваат кај нас на тортијади, туку на нешто малку поинакво.

Дали тортите подолу можат да бидат да бидат искркани? Секако.
Овие креативни и убави торти се направени според популарни гаџети. Некои од нив се толку верна копија што тешко е на фотографија да се забележи разликата помеѓу тортата и оригиналниот гаџет. Типичен пример е големата iPhone свадбена торта. Иконите се внимателно наредени во четири колони и редови. На „дисплејот“ се покажни цртките кои означуваат прием на сигналот, како и часовникот и состојбата на батеријата.
Друг мој фаворит е Nikon D700 тортата фото-апарат. Изгледа убаво и одвнатре и однадвор.

Тортите ме настрвија, заминав во продавница. Уживајте!

iPhone cake

iPhone cake

iPhone cake

iPhone cake

iPhone cake

iPhone cake

Nikon cake

iPhone cake

Nikon cake

iPhone cake

Nikon cake

iPhone cake

iPod cake

iPhone cake

BlackBerry cake

iPhone cake

Amazon kindle cake

iPhone cake

Nintendo cake

iPhone cake

Nintendo cake

iPhone cake

xBox 360 cake

iPhone cake

MacBook cake

iPhone cake

За доручек?!

март 9, 2010

пијам јако, горко турско кафе и 0,5л негазирана, флаширана пелистерка.

И така четири утра во неделата…

my_coffee_by_lucie_in_the_sKy

Цептер

март 8, 2010

100_3493

Кога бев малечка и нормално, имав време на претек, овој кувар го листав толку многу внимателно и заинтересирано, што сега, кога го имам и така малку времето слободно, пак ги прелистувам страниците. И знам, од него се почна…

ЖЕНАТА Е…

март 8, 2010

Жената е нешто најубаво на светот, та дури и Небото со сите негови ѕвезди не блеска ни колку нејзината најсрамежлива насмевка!

На сите читателки им го честитам празникот 8-ми март и им пожелувам да се живи, здрави и весели.

ikibana

ikebana

SJ

SJ

Морнарска салата

март 6, 2010

mornarska salata

Супер салата :)

3-4 варени компири, 3 јајца, 5 варени моркови, една голема главица кромид, неколку кисели краставички.

Салата се реди вака: Ред компири на кругови исечен, врз нив кромид на кругови, врз нив краставички(погодувате, на кругови), морков и јајце. Се тоа на кругови. се реди додека не се потрошат сите состојки.

На секој ред се зачинува со малку јаболков оцет(или лимонов сок), бибер и малку сол. Целата салата се прелива од голе со мешавина од мајонез, павлака и сенф.

Средба со новинари на Винаријата Тиквеш

март 4, 2010

ВИД: Прес конференција

ИНДУСТРИЈА: Вино/Гастрономија

ОРГАНИЗИРАНО ОД: Винарија Тиквеш

ЛОКАЦИЈА: ресторан Нана, Скопје

ДАТА: 4.3.2010 ГОД.

ВРЕМЕ: 11.00 ЧАСОТ

ТЕМА: Винарската визба „Тиквеш“ организира средба со новинари во ресторан „Нана“.

ПРЕЗЕМЕНО ОД: МИА

Колач со вишни a la Cuddlepie

март 3, 2010

Мњам, мњам :)

Секогаш кога се будам (покрај ритуалот во бањата) следи ритуал со правење турско кафе во кујна, резервирање на фотелјата (it’s mine!), пуштање на ТВ и листање на дневните весници на мојот телефон, ѕиркање новости на fb, twitter, yahoo mail i blog.mk, итн. Овојпат, во кујната ме чекаа намирниците на сликата. Моите дома одлучиле да им го направам мојот famous колач во кој сите уживаат, колачот со вишни.

Бидејќи ми беа потребни буквално 10 минути за спремање на колачот, си реков „Зошто па да не?“ :)

Сигурна сум дека има доста варијанти на ова благо задоволство, но еве ја мојата…

Ни требаат следниве состојки:

Колач со вишни a la Cuddlepie

2 јајца

2 чашки шеќер

1 чашка масло

1 чашка млеко

3 чашки брашно

1 пециво

1 канче вишни

Се мешаат сите заедно. Овојпат (велам овојпат затоа што многу често менувам распоред на состојки) почнав со јајцата, па шеќерот. Мешав, па додадов чашка брашно со пецивото во него (мешав) па млекото (мешав), па маслото (и пак мешав) :) , за на крај да ги додадам преостанатите 2 чашки брашно. Јас користев поголем филџан (не чаша), но не би требало да има некоја разлика се’ додека ја користите истата чашка за мерење на сите состојки.

Смесата, течна, но и густа, ја ставив во поголем кружен плех (ми се  допаѓа кога тестото е потенко) и над неа ги додадов вишните. Вишните ги купувам замрзнати (во Веро ги продаваат замрзнати во бела кутија со вишни на неа, но и во зелена кеса која мислам дека има повеќе грама вишни). Не е лошо да ги оставите да се одмрзнат пред тоа, не сакате да се стопат во рерната и наместо колач, да испадне кашесто тесто поради водата :)

Совет 1: Вишните знаат да ги обојат прстите и ноктите, а потоа се убиваш од миење со сјај, прашок, сапун итн., но бојата никако нема да излезе. Затоа пред да ги фатам, ставам масло на прстите од двете раце. Тоа помага бојата да не навлезе во кожата, туку да се лизга по неа. После само топла вода и сапунче и суперичка (како да не си имал/а работа со вишни) :)

Го ставаш плехот во претходно загреана рерна, на 220 степени и печеш околу 15-тина минути или се’ додека не добие бронзена боја.

Совет 2: За да се осигураш дека колачот е доволно испечен, земи чачкалица и боцни ja на средина. Извади ја и погледни дали на чачкалицата има останато од смесата за колачот, дали се прилепила. Ако да, врати го во рерна. Ако не, it’s done! :)

Откако ќе го извадиш, остави го да се излади. Потоа, нароси му шеќер во прав и voila! Bon apetit! ;)

Соленки со виршли

март 3, 2010

solenki so vrisli

Полнети тиквички

март 2, 2010

polneti tikvici

Иако не им е сезоната на тивичките, понекогаш, од мерак за рецептов и од мерак за здрава храна, си купувам и си се насладувам :) Како и секој рецепт, па така и овој претрпува измени од моја страна, секако, во модерна смисла :)

Еве како ги правам јас тиквичките :)

Потребно: 2 тиквички, мелено месо(соја трошки), 2 мали компири, една конзерва пелати, две главици кромид, 2-3 чешниња лук, вегета, сол, бибер, една рака суво грзоје, чили во прав, бешамел сос(може, но и не мора), чаша бело вино.

Подготовка: Тивкиците ги лупам и ги сечам во должина.

* Не е потребо да се лупат, со лушпа се посочни, но за да се јадат цели и да не се остава долниот дел, подобро е да се излупат.

Месото од тивкичките го вадам со мала лажичка. Во тавче се пржат исецканите кромид и лук. Откако ќе омекнат, се додаваат пелатите, месото од тиквички, компирот исецкан на коцки и сувото грозје. Се остава целата смеса да се динста малку, 5-10 минути, па се додава белото вино и се динста додека не испари виното. Потоа, се зачинува со вегета, сол, повеќе бибер(во вкус) и една лажичка чили во прав(пак, по вкус). Со готовата смеса ги полнам тивичките и така наполени ти преливам со бешамел сос, за да се испечат поубаво, со кора :) Се ренда врз нив кашкавал и се печат на 200Ц, додека не добијат златна боја.

Бидејќи во нив има компири јадењево има цела порција состојќи што се потребни за еден ручек/вечера.

I am back in the game :)

Добредојдовте на новиот блог

февруари 25, 2010

Блогот Селски Еко туризам преставува блог кој ги опишува праксите на спроведување на Селкски Еко Туризам.

Селскиот туризам иако треба да ги нуди сите основни работи за еден престој на туристите, сепак треба да нуди нешто поразлично. Така на пример добро е материјалите од кои е изработен мебелот да бидат автентични и сите други придружни средства, украси исто така треба да го опишуваат животот на село.

Календар

март 2010
П В С Ч П С Н
« фев    
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  
BoomTV -ТВ Препораки
  • Последни блог постови
  • Последни коментари
  • Членови
  • Групи

Fatal error: Class 'BP_Enhanced_Members_Widget' not found in /home/www/wp-content/themes/bp-blogeraj/footer.php on line 226