Отвори нов блог

почни од тука, отвори нов блог

Ја разгледувате архивата вести.

Прес-конференција за „Лола“

мај 8, 2013    V

Прес-конференцијата по повод првата изведба во Македонија на претставата „Лола“, ќе се оддржи утре во 11.30 часот во клубот „Џубокс“ во Скопје. Однапред им благодариме на сите претставници на седмата сила што ќе го проследат настанот. Се надеваме дека веќе во петок ќе не читате или гледате во пишаните, електронските и онлајн медиумите. На средбата ќе присуствуваат нашата режисерка Софија Ристевска и актерката Македонка Илиевска. Ќе ги споделиме сите информации во врска со првата изведба на „Лола“ во земјава на 11 мај во 22 часот во „Џубокс“. Претпоставуваме дека веќе знаете дека нашата претстава премиерно беше одиграна на фестивалот KNOTS во Аргентина, а сега доаѓа и во Скопје (и наскоро во Битола). Закажавме уште пет изведби (на 12, 13, 14, 15 и 16 мај, сите во 22 часот). Билетите чинат 300 денари. Секој што сака да си закаже место може да ни пише на блогов, на маилот pretstava.lola@gmail.com и на нашата фејсбук-страница или пак да се јави на 078/307 569.

Lola

Македония почете паметта на загинали български воини

мај 6, 2013    V

Видео от Нова телевизия.

Репортаж от News.bg.

Мирисот на Аргентина

мај 6, 2013    V

Премиерата на „Лола“ во режија на Софија Ристевска беше во Аргентина па логично е дека нашата претстава со себе го носи мирисот на оваа јужноамериканска земја. На самиот крај на велигденските празници ви носиме малку од шмекот на Буенос Аирес преку песната на Карлос Гардел!

Инаку „Лола“ на 11 мај во 22 часот во клубот „Џубокс“ за прв пат ќе се игра и во Скопје. Закажавме и шест други изведби (на 12, 13, 14, 15 и 16 мај, сите во 22 часот), а билетите чинат 300 денари. Актерката Македонка Илиевска ја портретира нашата хероина, жена која се обидува да преживее во време на ЕКОНОМСКА, ПОЛИТИЧКА и ДУХОВНА КРИЗА. Секој што сака да си закаже место може да ни да ни пише на pretstava.lola@gmail.com, на блогов и на фејсбук или да ни се јави на 078/307 569

YouTube Preview Image

Запознајте го тимот зад претставата „Лола“

мај 4, 2013    V

Премиерата на „Лола“ беше на фестивалот KNOTS во Аргентина, а претставата од 11 мај ќе почне да се игра и во клубот „Џубокс“ во Скопје. Закажавме и шест други изведби (на 12, 13, 14, 15 и 16 мај, сите во 22 часот). Билетите чинат 300 денари. Секој што сака да си закаже место може да ни пише на блогов, на маилот pretstava.lola@gmail.com и на нашата фејсбук-страница или пак да се јави на 078/307 569. Во меѓувреме запознајте го малиот тим што работеше на „Лола“ – режисерката Софија Ристевска и актерката Македонка Илиевска.

Софија Ристевска

Софи има дипломирано на отсекот за режија на Националната академија за театар и филм “Крсто Сарафов” во Софија, Бугарија. Има работено на повеќе претстави во националните театри, но и активен дел е од македонската независна сцена. Во велешкиот Народен театар ја има поставено „Жени“, има работено и во охридскиот театар. Но ние би сакале да се задржиме на независните проекти. Ја режираше контраверзната „Лили“ која се играше исто така во „Џубокс“. Потоа дојде и кабаре-претставата „Љубовницата“, па „Љубовта е демоде“ … Секогаш одбира актуелни и скокотливи приказни кои покренуваат социјални прашања. Нејзиниот театар не е безопасен. Софи е и творец и главен двигател на независната дружина INTIMATE-THEATRE

Македонкa Илиевска

Македонка има дипломирано на отсекот за актерка игра во Новиот бугарски универзитет во Софија. Сега пополека, но сигурно застанува на домашната театарска сцена. Има играно и во претставата „ММЕ кој прв почна“ по текст на Дејан Дуковски и во режија на Војо Цветановски. „Лола“ е еден од посериозните проекти во нејзината кариера. Сама е на сцената и комлетниот актерски товар е на нејзиниот грб. Дојдете и погледнете!

Ова е малиот тим што ја направи „Лола“ – режисерката Софи (лево) и актерката Македонка (десно)

sofi i makedonka

1MAJ празник на работата а не штрајкник.

мај 1, 2013    V

Една од нај светите нешта РАБОТАТА, од која зависи исхраната, имањето, судски спорови,лекувањето,… т.е способноста на човештвото да се одржи проживее и излекува, има само еден ПРАЗНИК 1 Мај, и успеаа овие капиталистите да им го одземат на работниците и на РАБОТАТА како поим тој еден празник  ДЕНОТ НА ТРУДОТ (а не ден на штрајкот). Антиработниците на кој работата им е само баук, успеваат да наметнат да нема празник на работата, него да биде шрајкник. Има 365 дена за борба остајте ги еден ден да се прослави. Ако треба измислете друг штрајко ден, ама овој кој е прогласен за ПРАЗНИК на работата оставете го празник и да си остани.  Вие како одите дека секој празник мора да се повторува она по кое е поводот (а не причината да се слави) ќе барате празниците по кој некој се родил, измислил, загинал, изборил, изградил да бараме на тој ден да се преповторува тоа. Некој ке рече празник на работата, а се слави со неработење .Прво баш  Филозофијата  на тоа е дека работата е најпродуктивна кога се цени работниот и работата т.е му се дава и одмор 8 часовно време и второ тоа не е не работење него е прослава.

„Лола“ е претстава за убиства и секс

мај 1, 2013    V

Ја закажавме и првата изведба во Скопје на нашата претстава „Лола“ – на 11 мај во 22 часот во клубот „Џубокс“. Веќе имаме утврдено и уште пет дати (12, 13, 14, 15, 16 мај во истиот термин). Билетите чинат 300 денари. „Лола“ е во режија на Софија Ристевска, а главната улога ја толкува Македонка Илиевска. Премиерно беше изведена во јануари годинава на фестивалот KNOTS во Аргентина, а сега ќе може да се погледне и во Скопје (наскоро и во Битола). Секој што сака да си закаже место може да ни пише на блогов, на нашата фејсбук-страница или пак да се јави на 078/307 569.

„Лола“ е работена по вистинити приказни кои се обработени од нашата режисерка Софи. Таа одвои и време да каже нешто повеќе за претставата. Повелете!

„Лола“ е претстава за гладот и смртта

„Лола“ е претстава за либералниот капитализам во кој сè повеќе луѓе се гладни, а сè повеќе корпорации се богати

„Лола“ е историја за животот на една жена, која се обидува да преживее во време на економска, политичка и духовна криза

„Лола“ е приказна за погрешните животни избори и за многуте компромиси што таа жена ги прави, со единствена цел , да не биде гладна

„Лола“ е претстава за удобствата што ги носат нелегалните пари за данокот што потоа го земаат…

„Лола“ е претстава за убиства и секс

„Лола“ е претстава за преживувањето во општествен систем, кадешто се умира од физички и емоционален глад

Lola

Медиумите во Македонија и во Јапонија/Танзанија

мај 1, 2013    V

Во најновиот извештај за слободите на медиумите друштвото од Freedom House назначило дека нивото на слободата на медиумите во Јапонија, Камбоџа, Израел, Мали и Танзанија е исто, рангирано на 116 место.

За објективноста на одредени медиуми зборува и начинот на кој тие ја прикажваат таа информација. Така, на пример на сајтот http://www.plusinfo.mk/ прва вест (во моментот кога го пишувам ова) е дека Медиумите во Македонија и Танзанија се исти! На некој друг сајт – што е близок до владеачката гарнитура – претпоставувам дека веста ќе се прикаже како успех, затоа што сме на исто ниво со Јапонија! Некоја друга агенција, сакајќи да го намали угледот на тукашните медиуми веројатно ќе јави дека сме полоши од лани и исти како МАЛИ!

Нема да ме изненади и ако некој се јави па да праша кој им даде за право на оценувачите… т.е. која е целта на ова оценување, и зошто да не се праша и некој друг оценувач што мисли за медиумите…

Единствени Македонци на фестивал во Аргентина

април 28, 2013    V

Премиерата на претставата „Лола“ во режија на Софија Ристевска се оддржа на 15 јануари годинава на фестивалот KNOTS во Аргентина, а ние (INTIMTE-THEATRE) бевме единствени претставници од Македонија. Ако го следите овој блог тогаш претпоставуваме дека веќе знаете дека нашиот театарски проект во кој Македонка Илиевска ја толкува главната улога, наскоро ќе се изведува и во Скопје во клубот „Џубокс“. Но во меѓувреме ѕирнете во тоа што се случуваше оваа година на КNOTS. Фестивалот се одвиваше во гратчето Сан Педро во Аргентина кое се наоѓа на околу 160 километри од Буенос Аирес. Овој голем настан всушност е еден вид на креативна средба на театарски групи од целиот свет со цел да разменат искуства и да се погледне еден поинаков начин на работа. Финалната идеја е да се воспостават KNOTS (врски, јазли …) Ние како единствени претставници од Македонија имавме шанса да соработуваме и другаруваме со театарџии од Бразил, Боливија, Аргентина … Фестивалот оваа година се случуваше во Сан Педро, а додека претходно домаќин бил и Берлин. Па, се надеваме дека следното издание ќе се оддржи во Македонија. Имаме големи планови, но засега ги оставаме на страна. Погледнете каква беше атмосферата на KNOTS во Аргентина.

Ова е театарот во Сан Педро каде што работевме. Ваква е атмосферата пред да почне претстава.

Teatarot vo San Pedro

Teatarot vo San Pedro 1

Еве ги оние релаксирани дружби со останатите учесници. Најчесто време за фоткање имавме на заедничките ручеци, вечери, седенки. Прекрасни луѓе, прекрасна атмосфера.

Ruchek vo teatarot

Vechera vo hotelot

Vechera vo hotelot1

Еве ја целата група пред музејот во Сан Педро.

Pred muzejot vo San Pedro

„Лола“ ќе игра во „Џубокс“ во Скопје

април 26, 2013    V

Чукна часот за да соопштиме и една суштинска информација поврзана со престојната прва изведба во Скопје на претставата „Лола“. Ќе ја играме во кабарето „ЏУБОКС“! За датумот се уште се договараме, но сигурно е дека ќе ја биде веднаш по велигденските празници. „ЏУБОКС“ низ годиниве повеќе пати ги има отворено портите за Intimate-theatre и за нашата режисерка Софија Ристевска. На таа клупска сцена се имаат играно и „Лили“, „Љубовницата“, а еве сега и „Лола“. Исклучително многу им заблагодаруваме за желбата да ја поддржат независната театарска сцена.

Инаку само за потсетување – претставата „Лола“ е во режија на Ристевска, а главната улога ја толкува Македонка Илиевска. Премиерно беше изведена во јануари годинава на фестивалот KNOTS во Аргентина. Додека во „ЏУБОКС“ по велигденските празници за прв пат ќе ја погледне и публиката во Скопје (за кратко време и во Битола)

Lola1

Фото-приказна од Буенос Аирес

април 24, 2013    V

Прошетката низ Буенос Аирес продолжува! За сите оние што прв пат не посетуваат, овој блог е посветен на претставата „Лола“ во режија на Софија Ристевска која премиерно беше изведена на фестивалот KNOTS во Аргентина. Наскоро нашиот театарски проект во која актерката Македонка Илиевска ја толкува главната улога, ќе биде изведен и во Скопје и Битола. Но во меѓувреме ви раскажуваме како си минавме во топлата Аргентина. Иако фестивалот беше во градот Сан Педро нормално дека не го заобиколивме и Буенос Аирес. Во претходниот блог-пост ви понудивме фотографии од квартот „Ла бока“, од фудбалскиот стадион на „Бока Јуниорс“ и од Каса Росада, а во овој втор продолжеток на приказната погледнете ги:

Една од најпознатите личности во аргентинската историја е поранешната прва дама Евита Перон. Ова е нејзиниот гроб во ексклузивното предградие Реколета.

Eva Peron

Ова е нашата режисерка, Софија Ристевска во Пуерто Мадеро. Во овој дистрикт на Буенос Аирес се отсликуваат најактуелните архитектонски трендови во градот.

Puerto madero

Буенос Аирес е најголемиот град во Аргентина и во него живеат повеќе од 2,5 милиони жители. Ова е центарот.

CentarCentar1

Нашата актерка Македонка Илиевска пред скулптурата „Цвет“ која е направена од железо и алуминиум.

Cvet

BoomTV -ТВ Препораки

Архива

април 2014
П В С Ч П С Н
« мар    
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930  
  • Членови
  • Групи

Fatal error: Class 'BP_Enhanced_Members_Widget' not found in /home/www/wp-content/themes/bp-blogeraj2/footer.php on line 101