Блогерај
корисничко име
е-маил
URL на блогот
внеси bloger за адресата на твојот блог да биде bloger.blog.mk
 

Ја разгледувате архивата вести.

Се шушка, се прикажува, дека Козаците доаѓаат!

март 11, 2010

Козаците стануваат дел од Руската Армија

Руските козаци повторно ќе се занимаваат со работите, како и нивните дедовци, па многумина ќе бидат ангажирани за чување на државната граница. По многу години козаците од федералните власти добија дефиниран статус. Освен што на своите прослави ќе може да ги облекуваат свечените униформи и да носат сабји, тие од властите ќе добијат конкретни задачи и за тоа ќе добиваат плата. Козаците во иднина ќе се занимаваат со заштита на шумите, историските и културните споменици, а освен тоа ќе бидат ангажирани и во ликвидирање на последиците од природните непогоди, како и во чување на редот.

Поради намалениот број војници, руската армија ќе брои околу милион, долгата граница ќе биде тешко да се чува без оглед што ќе се купи современа техника за деноноќно следење. Затоа е одлучено да се ангажираат козаците кои, како и нивните дедовци, ќе ја чуваат државната граница. Освен тоа, тие ќе учествуваат и во борбите против тероризмот.

Во овој момент за чување на границата се ангажирани повеќе од 16,5 илјади козаци во 1.400 народни дружини. “Во Ростовската област сега се формираат заеднички екипи на пожарникари во кои, покрај професионалци, ќе има и козаци. Токму козаците ќе ја преземат обврската да ги надгледуваат старечките домови во кои во последниве неколку години често се случуваат пожари”, вели началникот на штабот на донските козаци, Виктор Могилњи. Тој додава дека за одржување на јавниот ред во Ростовската област дневно се ангажираат повеќе од 1.300 козаци. Тие за обиколка на теренот користат коњи.

Во многу градови досега козаците не добиваа никаков паричен надоместок за својата работа. Но, во некои области властите ги наградуваа козаците. “Кај нас во Ростовската област козакот што патролира со коњ месечно добива околу 7.000 рубли (170 евра), а пешакот добива 4.200 рубли”, вели атамот на донската козачка војска, Виктор Водолачки, кој воедно е член и на рускиот парламент. Јасно е дека од тие пари козаците не можат да живеат, туку се занимаваат и со земјоделство.

Советот при претседателот на Руската Федерација за прашањето на козаците, кон крајот на февруари разговараше за тоа на кои работи може и треба да се ангажираат козаците. Со указ од претседателот Дмитриј Медведев е прецизирано каква облека и палта треба да носат козаците. Секојдневната облека што ќе ја носат козаците ќе биде многу слична на војничката. Меѓутоа, на свеченостите козаците ќе ги облекуваат своите стари униформи.

Козачката униформа ќе имаат право да ја носат само оние што се регистрирани и членови на здруженија. На тој начин ќе се доведат во ред и козачките единици. Досега се случуваше поради козачките самонаречени атамани многу козаци се доживуваа како безделници што мавтаат со сабјите и се китат со ордени. Еден број “непослушни атамани” се спротивставуваат на тоа козаците секојдневно да носат униформа што е слична на војничката. Таквите атамани сметаат дека тоа е уривање на древната традиција и сакаат да облекуваат униформи какви што носеле нивните дедовци.

Најновата идеја на Кремљ козаците да се ангажираат за корисни работи би можело да биде повеќекратно корисна, а козаците би имале и поголема материјална корист. На оние на кои повеќе им одговара да не постои цврста дисциплина и натаму ќе настојуваат да го задржат својот досегашен статус. Меѓутоа, сигурно е дека властите нема да дозволат козаците да работат што сакаат и понекогаш да се однесуваат како друмски разбојници.

Временска прогноза за 11.03.2010

март 11, 2010

Денеска во Македонија времето ќе биде променливо облачно, претпладне наместа со слаб дожд и снег. Темепратурата ќе се движи од 0 до 6 степени.

Одговорно претприемништво за млади

март 10, 2010

ВИД:Трибина

ИНДУСТРИЈА: Економија

Организирано од: Фондација за поддршка и развој

ЛОКАЦИЈА: Фондација за поддршка и развој, Прилеп

ДАТА: 11.3.2010 ГОД.

ВРЕМЕ: 11.00 ЧАСОТ

ТЕМА: Фондацијата за подршка и развој од Прилеп ќе одржи трибина на тема „Одговорно претприемништво за млади – Креирање култура на антикорупција во приватниот сектор“.

ПРЕЗЕМЕНО ОД: МИА

„Родово буџетирање – ефективна алатка за унапредување на родовата рамноправност“

март 10, 2010

ВИД: Конференција

ИНДУСТРИЈА: Економија

Организирано од: Министерство за труд и социјална политика

ЛОКАЦИЈА: хотел Холидеј Ин, Скопје

ДАТА: 11.3.2010 ГОД.

ВРЕМЕ: 9.30 ЧАСОТ

ТЕМА: Меѓународна конференција на тема „Родово буџетирање – ефективна алатка за унапредување на родовата рамноправност“ во организација на Министерството за труд и социјална политика.

ПРЕЗЕМЕНО ОД: МИА

Временска прогноза за 10.03.2010

март 10, 2010

Денеска во Македонија времето ќе биде облачно со врнежи од снег, а во некои пониски места врнежите ќе бидат од дожд и снег. Наместа ќе дува умерен дозасилен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од -3 до 4 степени.

Лицемерието на педерите од “големото доброутро“ полека излегува на виделина

март 9, 2010

Сенаторот од американската сојузна држава Калифорнија Рој Ешбурн, кој е познат по хомофобското дејствување во својата кариера и острата борба против правата на хомосексуалците, откако бил уапсен пијан признал дека всушност и самиот е геј.

Конзервативниот републиканец на 3-ти минатата недела бил уапсен, бидејќи возел под дејство на алкохол. Отогаш во јавноста проструила информација дека сенаторот се враќал од ноќен клуб што го посетувале хомосексуалци.

“Јас сум хомосексуалец… Тоа се зборовите што за мене долго време беа тешки. Но кога го прекршив законот и бев закана по нечиј живот, тоа веќе прави разлика и им должам објаснување на луѓето,“ изјавил сенаторот  во интервју за радиото “Керн“ на водителката Инге Баркс, пренесува “Телеграф“.

Медиумите следниот ден објавиле дека сенаторот од геј клубот Faces заминал со непознат маж во својот државен автомобил.

Политичарот кој има 55 години и е татко на четири деца рекол дека до приведувањето успешно го одвојувал приватниот од професионалниот живот. Посочил дека иако е хомосексуалец, тоа не му влијаело во извршувањето на неговата работа. За 14 години колку што има сенаторски стаж Ешбурн неколку пати гласал против мерките насочени кон правата на хомосексуалците.

*Убаво си ја вршел работата, зарем не. А нема ништо пострашно човек да се негира самиот себе си, и заради својата неприфатеност, да гласа против правата на тие кои имале храброст отворено да живеат како геј. Лицемерието, сопствениот кукавичлук и зависта се страшна работа, ама аутингот си ја завршил работата. На ред е некој од македонските конзервативни политичари, зарем не?

YouTube Preview Image

Започнува „Моден викенд Скопје“

март 9, 2010

ВИД: Прес конференција

ИНДУСТРИЈА: Мода

ЛОКАЦИЈА: Мала станица, Скопје

ДАТА: 9.3.2010 ГОД.

ВРЕМЕ: 19.00 ЧАСОТ

ТЕМА: Прес конференција за „Моден викенд Скопје“.

ПРЕЗЕМЕНО ОД: МИА

Изложба на модна фотографија

март 9, 2010

ВИД: Изложба

ИНДУСТРИЈА: Мода

ЛОКАЦИЈА: Мала станица, Скопје

ДАТА: 9.3.2010 ГОД.

ВРЕМЕ: 20.00 ЧАСОТ

ТЕМА: Отворање на „Моден викенд Скопје“ со изложба на модна фотографија.

ПРЕЗЕМЕНО ОД: МИА

„Млад научник на годината“

март 9, 2010

ВИД: Награди

ИНДУСТРИЈА: Култура

Организирано од: фонд за млади научници „Вита Поп-Јорданова“

ЛОКАЦИЈА: МАНУ, Скопје

ДАТА: 9.3.2010 ГОД.

ВРЕМЕ: 12.00 ЧАСОТ

ТЕМА: Врачување на наградата „Млад научник на годината“ за 2009 година од Фондот за млади научници „Вита Поп-Јорданова“.

ПРЕЗЕМЕНО ОД: МИА

Сертификати и награди за најдобри на курсевите за „Обновливите извори на енергија“

март 9, 2010

ВИД: Награди/Сертификати

ИНДУСТРИЈА: Енергетика

ЛОКАЦИЈА: Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје

ДАТА: 9.3.2010 ГОД.

ВРЕМЕ: 11.00 ЧАСОТ

ТЕМА: Доделување на сертификати и награди за најдобри учесници на курсевите на тема „Обновливите извори на енергија – неопходна алтернатива за дел од потенцијалните конвенционални извори на енергија“ и „Обновливи извори на енергија“.

ПРЕЗЕМЕНО ОД: МИА

Календар

март 2010
П В С Ч П С Н
« фев    
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  
BoomTV -ТВ Препораки
  • Последни блог постови
  • Последни коментари
  • Членови
  • Групи

Fatal error: Class 'BP_Enhanced_Members_Widget' not found in /home/www/wp-content/themes/bp-blogeraj/footer.php on line 226