промоција на програмата во битола, ноември 2009
февруари 8, 2010промоција на програмата во битола, ноември 2009
во слики
You are browsing the archive for избори.промоција на програмата во битола, ноември 2009февруари 8, 2010промоција на програмата во битола, ноември 2009 ПРОГРАМСКА ПЛАТФОРМА НА ОБЕДИНЕТИ ЗА МАКЕДОНИЈАфевруари 5, 2010ПРОГРАМСКА ПЛАТФОРМА НА ОБЕДИНЕТИ ЗА МАКЕДОНИЈА НА ПУШ ПАУЗА СО ДРУГАРОТ БРАНКО!февруари 3, 2010
На цигара-пауза или попознато меѓу пушачите “пуш пауза“ како главна тема од никаде се избаци Другарот Бранко кој како дел од паузата го најави да биде оној “Угро“ што заборавил дека брат му е невро хирург за да му затропа на вратата од неговата ординација за една рутинска контрола, односно замена на некои од закоравените комунистички ќелии во т.н. конзервативно-демократски. Од нигде никаде тука се појавува Коцета, градскиот шериф, на кого пак овој со петокракава му бил во советот, па као почна да се жали дека ќе немал поддршка сега оти овој “И ПО ТИТО ТИТО“ ја превртел мислата во И ПО БРАНКО БРАНКО! Коцета не оти е некој пушач, ама нова мода е сега пуш паузите да наликуваат на некоја седенка помеѓу корзото, упс, пуш-корзото кое уствари беше како идеа наметнато од неодамна ама му дојде како кец на десетка па се случи без никаква кампања. И, аха, па тука се случува сé! И овој “Угро“ за фалење станал оти на претходните избори ќарил околу 5800 гласа, а за промоција на својата кампања наместо флаери и својата програма, делел книги од ТИТО, оние што на времето ги делеле од Синдикат, а се плаќале со месечна задршка од плата.Тешко на тој што не бил на списокот. Уствари овој Коцета, во муабетот неприметно го наметна и Крлежа, оти кога стана збор за книгите на Тито, неизбежно беше и тој да влезе на голема врата во муабетот. Па тој било другар, односно еден од поголемите другари на ТИТО. Оти знаејќи како Крлежа баратал со перото, сигурно ТИТО му диктирал пред спиење, а овој му ги пишувал книгите. Влечејќи дим од мојата цигара си се запрашав, па од каде толку бре гласачи овој Другарот “Угро“ кога од борците на ТИТО едвај десетина останаа? Тие десетина се уствари оние што тогаш имале 13-14 години и биле водоносци, или во краен случај како награда добивале звање “писмоносци“ или така наречени курири. Абе и Другарот Гоце имаше курир, ама еве го не е борец!И после ќе слушам ово-оно само споменици на оние од револуционерната борба ќе се правеле. А како да не се направат, и тоа од восок, кога овие имаат ем групен споменик и тоа од бронза, па и неколку соло низ градов од Коцета, додуша многу ги искрадоа до сега, ама постаментите им стојат, до душа без букви, ама иако во таа ситуација од незнаен јунак, ама битно ги има. А башка па десетината кои уште леб јадат, па и пензии примаат боречки. Се залетал Другарот Бранко по гласовите од Другарот Угро, а кај Секулоска стално збори дека се вреѓал оти сопартијците му ги викале “комунисти“, односно “комуњари“. Оти Другарот Бранко сепак е ДРУГАР по потреба, и таквите како Другарот “Угро“ им прави “по упорабе бацити“! Значи, по потреба не е исто како и за стално. По потреба значи по Договор на дело, а не за стално, така? И од каде излета муабетот дека уствари Крлежа на Коцета му ги пишувал книгите….Лелеееееееееееее, убаво на рекламана од кампањана гледавме дека пушењево ти прави збрки во глава, ние пак. И после ќе одиме кај братот од “Угрота“ на перење мозоци и мењање клеми, оти стварно вака се мешаат бризините.
НАПОМЕНА: Надимакот “УГРО“ морав секаде да го ставам во наводници, од огромна почит кон “Угро“ Јуниор зашто е ЗАКОН! Текстот е индирекно поврзан со него. |
|
Fatal error: Class 'BP_Enhanced_Members_Widget' not found in /home/www/wp-content/themes/bp-blogeraj/footer.php on line 226 |