Отвори нов блог

почни од тука, отвори нов блог

Ја разгледувате архивата 2012 февруари.

Хттп://jovanovic.blog.mk

февруари 29, 2012    V

Не мога да се стърпя и ще пусна връзка. Бих се подписал под всяка дума в този пост:

Ритам на деструкција и конструкција

“Груевизмот „ја јавна“ иднината за да може да го менува минатото. “

Вистината доѓа единствено ако Колективитетот на Груевизмот го прифаќа нештото  како „точно“ или „неточно“. Исправно-неисправно. Патриотско-предавничко…, итн. Имено, „(на)солете ја“  сета поп-култура на слични збиднувања, телевизиски пропаганди, постмодерни лудила и хоп! – вистината ќе ви звучи како лага, а лагата – вистина!”

Во блесавиве  времиња на Мнозинството на Груевизмот, телевизиската-холограмска-гримаса ви доаѓа како еден вид Паралелен живот.

Лагата е светонадзор на нашиот патриотизам и потврда на нашата втемелена интелегенција. (Д. Ќосиќ)

агендата на Груевизмот кон Европа е „децидно-лажен“

Што во дополнителен превод би значело:  да не влеземе никогаш ама дотогаш да испадне дека ние сакавме, ама душманите не ни дадоа…

Целият текст тук.

Црно и Бело – официјално презентирана

февруари 29, 2012    V

Двете верзии на Црно и Бело за сите фанови  …

Македонска верзија – Црно и бело

YouTube Preview Image

Англиска верзија – Black and white

YouTube Preview Image

Калиопи – Црно и бело

февруари 29, 2012    V

Драги пријателки и пријатели,

Вечерва имавме можност да ја чуеме овогодишната македонска песна за евровизија во изведба на Калиопи, а под авторство на Ромео Грил. Песната е под наслов „Црно и бело„ и е направена во модерен поп рок стил. Не сакам да прогнозирам за пласманот во мај во Ајзербеџан, важно е да стане голем хит и да се врти и да потсетува на 2012 година. Мислам дека првиве два месеци од оваа година барем за мене се во стилот на црно и бело или на мојот поранешен тим од екс Југа – Партизан. поскаувам на Калиопи да влезе во финалето, па потоа што сака нека биде.

Ајде да ја чуеме уште еднаш.

DJ Vac

YouTube Preview Image

Креаторот на blog.mk заминува од оннет

февруари 29, 2012    V

Денес креаторот на нашиов блогерај Љупчо Јуруковски го напушти оннет, но предходно објави статија во која се опростува од публиката на оннет и се приклучува кон Трендовиот off.net.mk. Не напиша ништо навредливо во статијата, а сепак по неколку часа дечките од оннет му ја избришаа, ваљда по наредба на врвот, како тшо рече во еден од твитовите:

Љупчо Јуруковски

Љупчо Јуруковски

Како и да е, неговата статија беше преобјавена на mkd.mk, но бидејќи ние нашето постоење го должиме на овој креатор, статијата ќе биде објавена и овде:

Bella Ciao!

Од 50.000 луѓе што ни доаѓаат на сајт, веројатно сите до еден го знаат Трендо. Од 50.000 луѓе што ни доаѓаат на сајт, веројатно тројца ме знаат мене. Без разлика на тоа, сите исто ве сакам :) .

Додека го пишував ова, на памет ми доаѓа кога Џордан си отиде од Булси, кога Ленс Армстронг се повлече од велосипедизам, кога Ван Бастен си замина од Милан, и сфаќам дека ова не е ништо налик на тоа.

Едноставно, приказната е иста како онаа од пред еден месец – време е јас и on.net.mk да си тргнеме по посебен линк.

Како почна

Пред 6 – 7 години почнав да работам во техничка поддршка на Он.нет (уште у Центар кога бевме) и имав среќа да седнам карши Трендо. Во отприлика исто време, Трендо ја имаше таа несреќа јас да седнам карши него. Откако по неколку месеци сфати дека моето знаење од техничка поддршка се сведува на „го рестартиравте компјутерот?“ и „а да пробаме уште еднаш да го рестартираме“, гореспоменатиот реши квалитативно да го засили одделот за техничка поддршка со тоа што мене ќе ме тргне од таму и ќе ме земе кај него на сајт.

Ох, колку пати се покаја.

Како и да е, по битката за „сеуште”, („Одвоено, бе, Јуруче, одвоено“), по одата за „нај“ и „по” („Споено, бе, Јуруче, споено”), по сизифовската битка за запирката (која сè уште не е комплетно извојувана), јас фатив да пишувам на on.net.mk.

Неколку години подоцна, на on.net.mk имам оставено над 10 илјади статии, уште најмалку три пати повеќе прегледани текстови, два редизајни и дузина нови категории, сервиси и слично.

Иако во овие 6 – 7 години по дифолт се кажувам како „заменик-уредник на он.нет.мк“, низ раце ми минаа (а ми беа и натоварени) некои од најуспешните .mk проекти без никаква поврзаност со сајтот. Од оригиналното Зулу и Блогерај, до најразлични корпоративни страници и несреќното Зулу 2.0, кое и покрај најдобрите намери никако да стартува.

Во меѓувреме, низ редакција пројдоа десетина луѓе, секој лик за себе. Анѓа, Аце, Анета, и Иван и понатаму остануваат да го чуваат „лозјето“, а по пат на сајтот се наредија Адо, Пане, Никола, Миодраг…

Најголем проблем во работење на портал?

Оди објасни дома на твоите што ти точно работиш и за што ти даваат пари.

Сè на сè, одлично си поминавме.

И сега?

Сега – off.net.mk.

Сега пак ќе треба да го оградуваме нашиот плац во ова дивинава, пак ќе треба од вас да добиеме катастарска потврда дека знаете што е наше, пак ќе треба да ве увериме дека нашиот зачин дава најдобар шмек.

Сега ќе биде интересно да се види дали сме го направиле он.нет сајт затоа што „тогаш немаше конкуренција“ или па стварно нè бивало, дали може да се извадат пари од оваа работа или сè било на стара слава, дали…

Сега, узми шипку и работи!

Sign out,

Јурук

И мамичката и ќеркичката родени на 29 Февруари – Leap day

февруари 29, 2012    V

Posted on Wednesday, February 29, 2012 at 21:54 (CET) by


И мајката и ќерката родени на ист ден,
29 Февруари

Да, токму така, веројатноста од  1:2.100.000, односно веројатност скоро еднаква на нула ја имала  Michelle Birnbaum од New Jersey родена на 29 Февруари, престапната 1980 година. Во 2008 година година токму на најзиниот седми роденден ја раѓа нејзината ќеркичка Rose.

Во денешниот New York Post, мајката Michelle раскажува дека денешниот ден го искористила токму на  “првиот роденден“  на нејзината четири годишна ќеркичка Rose  ја запознае  со астрономските феномени и кружењето на Земјата околу оската на Сонцето.

Навистина ретка појава, но сепак ретките појави се случуваат и неверојатноста е навистина понекогаш веројатна работа. Инаку за овој природен или астрономски феномен, 29 Февруари, bijonse фино го образложила во нејзиниот денешен пост .

[polldaddy rating="5594934"]

Теchnorati tags: Leap Day zoriv


Share this article

Follow this blog

АЛК 29/2/2012

февруари 29, 2012    V

Здраво на сите што навраќаат на овие страници.

Одамна немав напишано ништо ново за АЛК од причина што корекцијата за која зборував се оддолжи многу повеќе од очекувањето.

Како и да е, последните случувања со АЛК индицираат можна конфирмација за крај на корекцијата и почеток на нов нагорен тренд.

За да не се повторувам, се работи за двете можни сценарија опишани во предходните објави.

Првиот Отпор (Resistance) некаде помеѓу 4,350<>4,570 меѓутоа ова не би требало да претставува посериозна пречка, бидејки очекуваниот минимален таргет е некаде на 5,100 ако целата оваа структура навистина нема сила да се заокружи како што би требало да се очекува, а тоа е во едното (песимистичкото) сценарио некаде најмалку помеѓу 7,050<>7,554.

Другото, она оптимистичкото, како што веќе пишував би требало да продолжи некаде мин. до 9,890<>10,180.

(корекциите во цените споредено од предходните објави се нормални е се базираат на случувањата после тие објави, или се базираат на соодветните промени на структурите, а посебно на одредени врвови и дна)

Услови кои ќе ги потврдат/демантираат сценарија: пад под 3,800 демантира; побив најпрвин над 4,600 а потоа и 6,700 за да се потврди целото сценарио.

ALK 29022012

Поздрав

ИД

PS. Од аспект на Теоријата на Бранови на Елиот (Elliott Wave), корекцијата иако се оддолжи е во рамките на правилата.

За оние што ги интересира како изгледа графикот на АЛК со етикети на брановите според теоријата на Бранови, контактирајте ме преку блогов.

Топ 10 фудбалери кои нема да играат на Евро 2012

февруари 29, 2012    V

На нешто повеќе од три месеци од стартот на Евро 2012 во Полска и Украина, започнувам со првиот од неколкуте постови посветени на најважниот репрезентативен фудбалски настан за оваа година. Првата од неколкуте листи (што ќе ги објавувам повремено) е листата на талентирани фудбалери кои, за жал, нема да ги гледаме на Евро 2012. Тука се вклучени само фудбалери што играат во репрезентации кои не се пласираа на ЕП, не се вклучени фудбалери кои можеби нема да настапат поради повреди, како Виља или Џек Вилшир, или фудбалери кои се скарани со селекторите, како Карваљо и Босингва.

10. Џедран Шаќири

Започнувам со веројатно најголемото откритие во Лигата на шампиони оваа сезона. Швајцарецот со албанско потекло е еден од најзаслужните за тоа што Базел им пркоси на фаворитите и може да стигне до осумте најдобри во Европа. Станува збор за еден од најталентираните европски фудбалери, кој веќе потпиша договор со Баерн Минхен за следната сезона. Ако Швајцарија стигнеше до ЕП, Шаќири сигурно ќе беше во составот и ќе се промовираше пред фудбалската јавност низ Европа.

9. Арда Туран

Кога се зборува за Турција, прво име што паѓа на ум е Алтинтоп, но мене повеќе ми е криво што нема да го гледам Туран. Ова момче се појави од „никаде“ и блесна на претходното ЕП во 2008, кога беше моторот на турската репрезентација која стигна до полуфиналето. Од оваа сезона е во Атлетико Мадрид, каде можеби не брилјира со игрите, но да бидам реален, турските фудбалери обично не покажуваат добри игри кога играат во најсилните лиги, но тоа не им пречи во репрезентацијата да го остават срцето на терен. Ако Турција се пласираше, можеше да прави изненадувања, а Туран ќе беше во фокусот на играта.

8. Стеван Јоветиќ

Црна Гора успеа за само неколку години да создаде одлична генерација која може да се носи со секого. Беа многу блиску до пласман на Евро 2012, но стигнаа само до баражот. Креатор на играта беше 22-годишниот Јоветиќ, кој веќе неколку години покажува одлични игри во Фиорентина. Јоветиќ пред две сезони беше еден од главните креатори на играта на „виолетовите“ во ЛШ, и веројатно повредите го спречија да направи трансфер во голем клуб (едно време и Барселона беше заинтересирана за него). Се работи за одличен шутер и техничар, кој значи богатство за својата репрезентација.

7. Кристијан Киву

Сега преминувам на нешто поискусни фудбалери. Киву е одличен дефанзивец кој веќе создаде големо фудбалско реноме и се докажа на големите клупски натпреварувања. Може да игра на повеќе позиции: стопер, лев бек, па дури и дефанзивец во средниот ред. Киву е голем борец на теренот и столб на романската одбрана со години. Веќе ги докажа квалитетите на Евро 2008, но сега има несреќа да биде лидер на една неквалитетна романска генерација.

6. Мирко Вучиниќ

Ако Јоветиќ е креаторот на играта на Црна Гора, Вучиниќ е „убиецот“ во нападот. Човек кој слично како нашиот Пандев успеа да изгради кариера за респект во Италија, најпрво во Рома, а сега во Јувентус. Иако во клубовите во кои играше секогаш беше во сенка на некој подобар напаѓач, сепак неспорни се неговите квалитети. Во црногорската репрезентација Вучиниќ е неприкосновен и „прва виолина“, па ако неговата земја играше на ЕП, противничките голмани ќе си имаа сериозна работа со него.

5. Еден Хазард

21-годишниот Хазард е моментално еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот. Без разлика на тоа што не игра на Евро 2012, за Белгиецот ќе се слуша многу летово. Европските гиганти се „тепаат“ да го видат во своите редови, а како што се чини, Арсенал нема да штеди пари за него. Хазард со своите игри многу брзо се проби кон првиот тим на француски Лил и на белгиската репрезентација. Станува збор за одличен креатор на играта, а некои стручњаци го споредуваат дури и со Кристијано Роналдо. Хазард лани го одведе Лил до титулата во Франција, а во исчекување сме да го видиме на едно големо натпреварување како ЕП или СП. Белгија сеуште ја гради својата нова генерација, па ќе видиме кога ќе успеат да дојдат до успех.

4. Немања Видиќ

За жал, ова беше последната шанса да го видиме Видиќ на големо репрезентативно натпреварување. По неуспехот на Србија во квалификациите, Видиќ се повлече од репрезентацијата. Нема потреба многу да се зборува за него, направи фантастична кариера во Манчестер Јунајтед, заедно со Рио Фердинанд важеа за најдобар стоперски тандем во Европа, а Видиќ сеуште важи за еден од најдобрите дефанзивци. Стигна и до капитенската лента во Јунајтед, а одбраната на „црвените ѓаволи“ едноставно не е иста без него.

3. Марек Хамшик

Словачка беше пријатно изненадување на СП 2010, но немаше успех во квалификациите за ЕП. Хамшик веќе неколку години важи на најголем фудбалски талент во оваа земја. На СП други ја презедоа главната улога, но сега Хамшик е постар и поискусен, и може да ја носи играта на целата репрезентација. Добрите игри на неговиот Наполи уште повеќе му ја зајакнаа самодовербата, па ако Словачка играше на ЕП, Хамшик можеше да биде еден од најзабележителните играчи. Вака и тој останува да чека некоја друга шанса…

2. Един Џеко

Ако за некоја земја ми е навистина жал што не игра на ЕП, тоа е Босна и Херцеговина. БИХ ја има својата најдобра генерација, но сепак два пати (првиот пат во баражот за СП) имаше несреќа да налета на Португалија и не успеа да го направи завршниот чекор, иако Босанците имаат сигурно поквалитетна репрезентација дури и од неколку учесници на ЕП. А главна личност во составот на БИХ е Един Џеко. Заедно со Графите го сочинуваа еден од најдобрите напаѓачки тандеми во Европа, кои на Волфсбург сензационално му ја донесоа титулата во Бундес лигата во 2009. Сега игра за лидерот во Премиер лигата, Манчестер Сити. Иако таму е во сенка на Агуеро и Балотели, Џеко во својата репрезентација е алфа и омега во нападот. Корпулентен напаѓач кој е штета да не добие шанса да се докаже на големо натпреварување.

1. Герет Бејл

Кога станува збор за репрезентацијата на Велс, со години фудбалските фанови го жалеа Рајан Гигс поради неможноста да заигра со својот национален тим на едно СП или ЕП. Сега таква е ситуацијата со Герет Бејл. Фудбалерот на Тотенхем игра во животна форма, и е една од најважните фигури во својата екипа, која сезонава е трета во Англија. Најголемите европски клубови го сакаат кај себе, а гласачите на uefa.com го изгласаа во најдобриот тим на Европа во 2011 година. Фудбалер кој може да игра и како страничен бек и како фудбалер за врска. Извонредно брз и одличен техничар. Штета што игра за Велс, репрезентација што моментално нема потенцијал за учество на големо натпреварување.

Вреди да се спомнат: Горан Пандев, Миралем Пјаниќ, Арон Ремзи, Владимир Вајс, Венсан Компани, Томас Вермален, Мaруан Фелаини, Рајо Пироја, Мортен Гамст Педерсен…

Да се уапси Предраг Ристич!!!

февруари 29, 2012    V

Драги сограѓани, денес ниту една Македонска телевизија не го прикажува она што се случува во Гостивар по повод Убиството во нужна самоодбрана кое се случи во истоимениот град! Само Алсат тв-http://alsat-m.tv/index.php/lajme/vendi/118152.html!

На утрешен ден 01.03.2011 година Албанофопското здружение од предавници како Предраг Ристич т.н. движење против полициската тортура, веднаш да се уапси, бидејќи истиот прави напори да ги собере радикалните исламисти во Скопје за да прават проблеми пред секоја полициска станица! Вакви поданици на Бранко Црвенковски се најлош тип на Македончиња на кои им тече од под ноги и свршуваат кога работат за Албанските интереси! Утре ќе ги собирал пред  куќата на Мајка Тереза. Овој предавник Предраг Ристич иако знае дека полицаецот кој не бил на работа ја земал својата ќерка  од школо и бил нападнат пред неа! Јосиф мислам дека се вика полицаецот постапил исправно. Дури и полицаецот да беше Албанец, а погинатите момчиња да беа Македонци ќе го оправдав зошто пукал во нив! Па чекајте бе луѓе ги предупредил со истрели во воздух, па овие продолжуваат, па секој нормален човек ќе си рече во моментов, па овие ќе ме убијат не се плашат од пиштол!!! Нужна самоодбрана или Убиство во Миг се единствена класификација за овој чин на дело!!!

Ако Бранко Црвенковски е прав човек нека излезе јавно да го подржи полицаецот кој ја сочува својата гордост! Во спротивно молчењето е одобрување и ќе ги подржи утре радикалните исламисти и јаничарите кои работат за идеата за голема Албанија!

Сhinа Girl

февруари 29, 2012    V
YouTube Preview Image

Oh oh oh ohoo little china girl
Oh oh oh ohoo little china girl

I could escape this feeling, with my China Girl
I feel a wreck without my, little China Girl
I hear her heart beating, loud as thunder
Saw the stars crashing

I’m a mess without my little China Girl
Wake up in the morning. Where’s my, little China Girl?
I hear our heart’s beating, loud as thunder
I saw the stars crashing down

I’m feelin’ tragic like I’m Marlon Brando
When I look at my China Girl
I could pretend that nothing really meant too much
When I look at my China Girl

I stumble into town just like a sacred cow
Visions of swastikas in my head
Plans for everyone
It’s in the white of my eyes

My little China Girl
You shouldn’t mess with me
I’ll ruin everything you are
I’ll give you television
I’ll give you eyes of blue
I’ll give you a man who wants to rule the world

And when I get excited
My little China Girl says
Oh baby just you shut your mouth
She says… shh
She says… shh
She says
She says

Oh oh oh ohoo little china girl
Oh oh oh ohoo little china girl
Oh oh oh ohoo little china girl
Oh oh oh ohoo little china girl
Oh oh oh ohoo little china girl

Доминик

февруари 29, 2012    V

Доминик

Пол: променлив.

Години : недоволно за еден живот.

Занимање: наизменично.

Изглед: коса со боја на срцевината од орев, очи со боја на недозреана маслинка, висина 195 см, дланки- безусловно негувани, нос кој ни Пикасо не би можел да го деформира. Изглед – кој ни Шекспир а можеби ни Т.С Елиот не би можеле да го напишат (со причина не  пробувам ниту пак јас.)

Доминик денес почувствува како на умот му се ближи експлозија. Почувствува како левата и десната страна се судираат и чинат главоболка со појак интензитет, нешто слично на мигрена, дури и посилно. Пулсирачка главоболка. Затоа побрза кон единственото нешто што му ја пропушташе светлината во неговата душа, душичка. Побрза да ја допре ткаенината за која не го знаеше ниту хемискиот состав а ниту потеклото. На почетокот од неговово наизменично занимање помислуваше, па дури и беше убеден дека ткаенината е кинеска свила, но набрзо веќе не беше убеден во тоа. Допирот на оваа ткаенина беше уште понежен.

Слика : Доминик и едно утро со своето постоење околу 7 часот. Доминик во утрото и Доминик низ утрото. Ова утро одбра да истражува нешто измеѓу интелектуалната и духовната  своја страна. Нешто што се наоѓа во просторот во кој тие две се разијдуваат. Веројатно тоа беше тема со увид на истурање. Нешто како дожд во поинаква боја од нормалната  безбојна. Дожд со  боја на прегорен шеќер, и исто така миризлив.

Ги подаде рацете кон направата која му овозможуваше да се загледа доволно долго, сосема доволно за да може да не ги забележи деталите. Доминик – воајер. Доминик – набљудувач. Доминик – истражувач.

И токму тогаш и токму сега, тој се осети изместен , преместен од еден агол на друг во просторијата која мислеше дека е картонска кутија а не луксузно опремен стан во кој има простор за живеење на многу сродни души.

Одеднаш концептот за проектот кој го нарекуваше набљудување му се виде изместен, објектот цел на набљудувањето   недоволно познат, а опитот пропаднат со недоволно развиени тези, со лоша воведна теорија и со речиси никаква практика.

-          Ќе треба почесто да запишувам – тивко прошепоте , се почешка по израснатата брада и се врати назад. (Неговата запуштеност е последица на набљудувањето и почетокот на опитот)

Ќе треба почесто да запишува а сеуште не знаеше да го држи пенкалото со лева рака. Ефект на бескорисност!

И тогаш Доминик се наоѓа себе си како пропаѓа во своите размислувања, обидувајќи се да внесе бура на нови идеи, во кои повторно фокусот го насочува кон објектот на набљудување, наместо понекогашда се заврти кон себе.

И повторно брадата . Долго чешкање кое веќе иритира ако го гледате од лева страна.

Неговата потреба од претставување надворешен објект е површно претставена и е тотално различна од вистината за разочарувањето кое го носи себе спознавањето. Во неговите контроверзни белешки секогаш постојат само забелешки кон објектон за набљудување и тоа само за физикусот а не и за она под него, не и за она длабокото . На пример никогаш немаше забелешка или запис за количеството на истечена солена течност секој петок навечер, секој петок навечер од  другата страна. Немаше ни белешка за раната на дланката последица од изгореница на која цел живот се гледа како на судбина. Немаше ни белешка за тоа колку е ноќта темна кога соништата се провлекуваат и заминуваат како кошмари.

И тогаш Доминик се сепнува и сфаќа дека конекцијата се враќа на почетната точка, онаму каде што започнала – во првиот поглед од прозорецот. Конекцијата мора да се врати од онаму каде што започнала, па дури и пред  тоа.

Еднаш одамна ….

Филтрирање на визијата со снопови светлина фрлена точно во ирисот на Доминик… светлина до ослепување.Слепило….

А толку им беа близу прозорците.

BoomTV -ТВ Препораки

Архива

февруари 2012
П В С Ч П С Н
« јан   мар »
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
272829  
  • Членови
  • Групи

Fatal error: Class 'BP_Enhanced_Members_Widget' not found in /home/www/wp-content/themes/bp-blogeraj2/footer.php on line 101